Сојузи

Формирање на сојуз

  • Секој играч може да формира сојуз, автоматски станувајќи негов прв Лидер.
  • Секој сојуз може да прими до 50 души.
  • Секој член кој го напуштил или бил исфрлен од сојузот, има право да се врати само еднаш во истиот сојуз.

Структура на сојуз

  • Сите членови се поделени во 4 групи - Лидерско крило, Офицерско крило, Обични членови и Нови.
  • Сите членови може да разменуваат пораки на Трибината. Само Лидерите и Офицерите може да испраќаат сојузни известувања. Секоја позиција во Офицерското или Лидерското крило е активна за период од најмалку 168 часа, т.е. не може да ја промените позицијата во сојузот ако сте биле унапредени пред помалку од 168 часа.
  • Секој сојуз има своја Сојузна ризница којашто служи за порачување Сојузни истражувања (со ефект врз сите членови), со цена во 4-те вида ресурси, како и за објавување војни, со цена во злато.
    • Сојузните истражувања и градби се подредуваат во ред за чекање.
    • Изградба на Градба или Истражување може да биде моментално завршено со дијаманти ако пресотануваат помалку од 48 часа до нивниот крај.
    • Цената за скратување на 1 час истражување е 10200 дијаманти (510 дијаманти на час x коефициент 20).
    • Цената за скратување на 1 час изградба е 1700 дијаманти (170 дијамант на час x коефициент 10).
  • Сите членови освен Новите може да донираат ресурси во сојузната ризница. Еднаш донирани, ресурсите не можат да бидат повлечени обратно и се видливи за сите сојузници.
  • Сојузниците плаќаат даноци, одредени од Лидерот, Првиот офицер и Офицерот-Финансист. Даноците во сојузот можат да бидат од 0% до 30% од едночасовното производство на четирите ресурси од членовите.
  • Сите членови освен Новите можат да видат колку ресурси донирале другите членови во Сојузната ризница.
  • Членовите од ист сојуз не можат меѓусебно да се напаѓаат.
  • Играч може да му се придружи на ист сојуз само два пати.

Позиции во сојузот

Лидер

  • Основен бонус - 10 поени морал. Но, целоста на овој бонус зависи од Статусот на лојалност на Лидерот во сојузот.
  • Лидерот може да ги гледа сите економски* и воени извештаи на сите членови, како и движењата на војските внатре во Сојузот.

    * Се состои од: население (вработено / отпуштено), прираст на население на час, лимит на население, лимит по кој прирастот на населението почнува да опаѓа, достапни ресурси, капитал на ризницата, производство на час (за секој еден од ресурсите), издржување на војската на час, даночна стапка и ниво на Задоволство.

  • Лидерот порачува Сојузни истражувања, користејќи го капиталот од Сојузната ризница.
  • Назначува, унапредува и отпушта членови од Офицерското крило.
  • Прима и исфрла членови од сојузот.
  • Објавува Непријателство, потпишува ПН и Федерации со други сојузи.
  • Им објавува војни на други сојузи.
  • Поставува сојузен данок за сите членови.
  • Поставува заеднички и/или индивидуални квоти за подигнување дијаманти од сојузната ризница.

Прв офицер

  • Ги има истите права како Лидерот освен да го исфрли Лидерот надвор од сојузот.
  • Првиот офицер се назначува од Лидерот, но тој може да одлучи и да не назначи никого.

Офицер-Финансист

  • Основен бонус: го користи Пазарот со 50% пониска фиксна провизија, т.е. 5%. Целосната вредност на бонусот зависи од Статусот на лојалност во сојузот.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Може да поставува сојузен данок.

Офицер-Научник

  • Основен бонус - времето за истражување е 20% пократко отколку вообичаеното, но степенот на овој бонус зависи од неговиот Статус на лојалност во сојузот.
  • Нивото на Универзитет на Офицерот-Научник влијае на цената на Сојузните истражувања (ја намалува за 0,02 по ниво). Затоа, најразумното решение е на тоа место да се постави член со највисоко ниво Универзитет. Но, не треба да се заборави дека статусот на Лојалност на Офицерот-Научник има бонус влијание и на жремето за истраюужаве на сојузните истражувања, па затоа замена на Офицерот-Научник со друг од втор или трет статус на Лојалност може да доведе до зголемување на времето за истражување наместо до намалување.
  • Ги гледа економските и воените извештаи од сите членови.
  • Може да порачува и Сојузни истражувања.

Офицер-Архитект

  • Основен бонус - времето за изградба е за 20% пократко од вообичаеното, но степенот на овој бонус зависи од Статусот на лојалност во сојузот.
  • Нивото на Архитектура на Офицер-Архитект влијае на цената на Сојузните градби (Сојузен замок и градбите во него), намалувајќи ја за 0,02 по ниво. Затоа, најразумното решение е да се постави член со највисоко ниво Архитектура. Но, треба да се има во предвид дека и бонусот од Статусот на лојалност на ОФицерот-Архитект има влијание врз времето за изградба на сојузните градби т.е. ако Офицерот-Архитект во втор или трет статус на Лојалност биде променет со нов, тоа може да доведе до зголемување на времето за изградба, наместо до намалување.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Може да порачува изградба на Сојузни градби.

Офицер-Дипломат

  • Има фиксен секојдневен бонус од +1 поен Чест, но само во вториот и третиот стадиум на Статус на лојалност.
  • Прифаќа нови членови и може да исфрла чланови од сојузот со исклучок на лидерот и првиот офицер.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Задолжен е за дипломатијата на сојузот, бара нови членови, преговара за спогодби итн.

Командант

  • Секој Командант во сојузот може да има максимум 5 членови на сојузот во својата група.
  • Основен бонус - 10 поени Морал, повеќе, помалку или точно 10 - зависи од Статусот на лојалност.
  • Командантите ги гледаат сите достапни војски во својата група и сите економски и воени извештаи на сите членови.
  • Одговорни се и за движењето на сојузните војски.
  • Сите Команданти можат да праќаат масовни пораки до целиот сојуз.

Обични членови и Нови

Обичните членови немаат специјални права или бонуси.

Лидерот може да формира групи од обични членови и да назначи член од Офицерското или Лидерското крило на секоја една од овие групи, задржувајќи го правото да го променува составот на групите и да ги префрла членовите од една во друга група. Играчите во групата имаат полесна комуникација бидејќи можат да праќаат масовни пораки во рамките на соодветната група.

Членовите со статус Нов се играчи, кои се придружиле во сојузот, но сѐ уште не се одобрени од лидерот. Тие имаат ограничен пристап до сојузните менија, но и покрај тоа ги добиваат бонусите од сојузните истражувања. Тие плаќаат даноци како и останатите членови на сојузот, но не можат да гласаат во избори за лидер. Еднаш одобрени од лидерот, Новите стануваат обични членови.

Избори за Лидер

Секој играч може да се кандидира до 4 пати за Лидер.

Тој не може да биде исфрлен од сојузот додека гласањето е во тек.

Гласањето трае 24 часа, сите членови освен Новите имаат право да гласаат, користејќи ги своите нето економски поени.

Статус на лојалност

Одредува колку секој член е лојален кон сојузот. Лојалноста се пресметува на основа на времето поминато во сојузот. Членовите со статус Нов не добиваат никаква лојалност.

Поделена е во 3 стадиуми:

  • Од ден 1 до ден 1.5 во сојузот - обичните членови се Дебитанти, а тие од Лидерското или Офицерското крило - Помлад лидер или Помлад офицер, соодветно.
  • Од ден 1.5 до ден 6 во сојузот - обчните членови се Ветерани, а тие од Лидерското или Офицерското крило - Лидер или Офицер, соодветно.
  • Од ден 6 до крајот на сезоната - сојузниците од Лидерското или Офицерското крило се Постар лидер или Постар офицер, соодветно. Нема промена во Статусот на лојаност на обичните членови.

Стадиумите на лојалност го дефинираат степенот на индивидуалниот бонус, кај оние што имаат таков, како што следува:

Напуштање на сојузот и повторното придружување или менувањето на позицијата во истиот сојуз ги ресетира овие бонуси и бројачот на Статусот на лојалност е рестартиран.

  • Од ден 1 до ден 1.5 - 50% основен индивидуален бонус (доколку има) на сите Помлади лидери и Помлади офицери.
  • Од ден 1.5 до ден 6 - 100% од основниот индивидуален бонус на Лидери и Офицери.
  • Од ден 6 до крајот на сезоната - 150% од основниот индивидуален бонус само на членовите од Лидерското и Офицерското крило.

Сојузен развој

Гејмплеј модул кој им овозможува на членовите на сојуз да формираат внатрешни групи во кои да работат заедно за да создаваат различни бонуси од кои има корист целиот сојуз.
Модулот ги заменува групите на Командирите и за него се потребни минимум 20 сојузници за да биде активиран.
Ако потоа бројот на сојузниците падне под 20, сојузниот развој останува активен.

Механики:

• Лидерот на сојузот може да додава или да отстранува членови во групите;
• Секоја група се води од офицер во сојузот. Офицерите можат да додаваат членови само во своите групи;
• Ако дадена офицерска позиција во сојузот сè уште не е зафатена, соодветнаа група за неа не може да биде создадена додека не биде назначен офицер;
• Минимум 2 и максимум 6 членови можат да бидат назначени во секоја група, вклучително и офицерот кој командува;
• Членовите на групата учествуваат со своите освоени поени во рангирањата на Лигите, достигнувајќи определени чекори со нив за да генерираат бонуси за целиот сојуз;
• Ако член биде отстранет од групата, тој ќе ги загуби сите чекори, постигнати досега.
• Овие бонуси можат да бидат различни за секој чекор. Ако даден чекор биде достигнат, започнува ритуал кој автоматси го гарантира бонусот за сите членови на сојузот;
• Времетраењето на бонусот е 48 часа;

Список на Сојузните групи и нивните бонуси:

Технолошка група - се води од Офицерот-Научник

Нејзините членови достигнуваат чекори со своите технолошки поени во рангирањето за Истражувања. 4-те бонуси кои можат да бидат избрани се:
1. Намалување на цените на Воените истражувања;
2. Намалување на времето на Воените истражувања;
3. Намалување на цените на Економските истражувања;
4. Намалување на времето на Економските истражувања;

Градежна група - се води од Офицерот-Архитект

Нејзините членови достигнуваат чекори со своите градежни поени во рангирањето за Градби. 4-те бонуси кои можат да бидат избрани се:
1. Намалување на цената за изградба на Воени градби;
2. Намалување на времето за изградба на Воени градби;
3. Намалување на цената за изградба на Економски градби;;
4. Намалување на времето за изградба на Економски градби:

Економска група - се води од Офицерот-Финансист

Нејзините членови достигнуваат чекори со своите поени за Просперитет во рангирањето Економија. 4-те бонуси кои можат да бидат избрани се:
1. Зголемување на производството на дрво;
2. Зголемување на производството на железо;
3. Зголемување на производството на камен;
4. Зголемување на производството на злато;

Дипломатска група - се води од Офицерот-Дипломат

Нејзините членови достигнуваат чекори со своите поени за Империјален опсег во соодветното рангирање. 4-те бонуси кои можат да бидат избрани се:
1. Намалување на цените за основање на сите видови оддалечени поседи;
2. Намалување на времето за основање на сите видови оддалечени поседи;
3. Зголемување на ефектот од колонии на специјални ресурси (со исклучок на лак, јаглен, потковица, гранит и дијаманти);
4. Зголемување на ефектот од трговски станици на специјални ресурси(со исклучок на лак, јаглен, потковица, гранит и дијаманти);


Бојна група на лидерот - се води од Лидерот

Нејзините членови достигнуваат чекори со своите поени за Воен рејтинг во рангирањето Воено дело. 4-те бонуси кои можат да бидат избрани се:
1. Зголемување на основниот напад на стрелците;
2. Зголемување на основниот напад на пешадијата;
3. Зголемување на основниот напад на коњаницата;
4. Зголемување на основните животни поени на сите човечки воени единици;

*Сите бонуси од Бојната група на лидерот влијаат на сојузната војска.

Бојна група на првиот офицер - се води од Првиот офицер на сојузот

Нејзините членови достигнуваат чекори со своите поени за Воен рејтинг во рангирањето Воено дело. 4-те бонуси кои можат да бидат избрани се:
1. Намалување на времето за обука на војска;
2. Намалување на времето за патување на војска (се применува на крајното време, после сите други бонуси/казни);
3. Намалување на моралот на противничката војска (се применува по истиот начин како што дејствува чудото Змејскиот ѕид);
4. Зголемување на животните поени на тврдината (се применува на крајното количество, после сите други бонуси/казни);

*Бонусите за намалување на времето за патување, намалување на моралот на противникот и зголемување на животните поени на тврдината влијаат на сојузната војска.

Собирен пункт

Собирен пункт може да биде основан од лидерот или првиот офицер со двоен клик на било кое место на глобалната мапа што не е зафатено од империја или терен со специјален ресурс. Има фиксно време од 15 минути за основање на Собирен пункт.

Не се потребни ресурси за основање, ниту војска за освојување. Единствените услови се минимум 5 000 000 вкупна сума на нето економски поени од сојузниците (не важи за Blitz Masters световите) и најмалку 1 ниво Сојузна администрација. Едно ниво на ова истражување дозволува да се основаат два Собирни пункта.

Негова функција е да ја собере целата сојузна војска на погодно место за испраќање во случај на воена мисија за освојување на сојузен замок, напад на сојузен замок или непријателски собирен пункт.

Собирен пункт има Тврдина (до ниво 9, почнувајќи со 0), кули и ров. Пораз во одбрана чини едно ниво Тврдина. Кога нивото на Тврдина ќе достигне 0, Собирниот пункт се смета за уништен. Ако и после поразот, сѐ уште има сојузна војска, таа произволно се враќа во друг Собирен пункт или Сојузен замок. Ако нема таков, автоматски се генерира Собирен пункт во близина на Империјата на лидерот и сојузничката војска се испраќа таму.

Може да биде нападнат од војските на друг Сојузен замок или Собирен пункт без граници во опсегот на нето економски поени. Составот на напаѓачката војска не може да надминува 3 000 000 единици (7 000 000 во светови со активно профилирање на војска). Сите воени единици се бројат колку бројот на нивната Оперативна посада. Лидерот и првиот офицер можат да разрушат сопствен Собирен пункт ако во него нема распоредена војска и нема војска која патова од и кон него. При уништување на Собирен пункт се губат нето економските поени добиени при неговата изградба.

После основањето има 12-часовен период со забранети напади.

Истоварувањето на донирани или преместени сојузни војски се извршува секоја минута, а истоварувањето на сојузни војски кои се враќаат од напаѓачка мисија и пресметувањето на сите сојузни битки се извршува моментално, веднаш кога ќе се достигне целта и бројачот ќе покаже 00:00:00.

Донирање сојузна војска

Сите членови со исклучок на Новите, можат да донираат војска во Собирен пункт или Сојузен замок.

Донирањето се извршува преку Глобалната мапа. Минималното време за патување е 0.66666666666667 минути.

Максималното количество донирани единици изнесува 3 000 000 (7 000 000 во светови со активно профилирање на војска), независно дали во Собирен пункт или во Замок.

Ако бројот на донирани единици е поголем од бројот на преостанатите единици за донирање, слободните места пропорционално се пополнуваат.

Издржувањето на донираната војска за време на патувањето до Собирниот пункт или Замок го плаќа донатарот. Трупите стануваат сојузна сопственост во моментот на нивното растоварање и нето економските поени добиени со регрутација се одземени од моменталните нето економски поени од донаторот и се додаваат кон поените на сојузот. Ако еднаш се донирани, трупите не може да се повлечат назад.

Издржување на сојузните трупи на мисија - x1.2.

Сојузен замок

Заедно со местата наменети за основање колонии и Собирни пунктови, на Глобалната мапа има и 9 други места од различен вид и исклучително важни. Тие се местата наменети за изградба на Сојузни замоци.

Дозволува изградба на сојузни градби - обични и специјални. Специјалните обезбедуваат прогресивно ширење на военото и културното влијание на сојузот, територијално распределено по глобалната мапа.

Карактеристики на Сојузен замок:

  • Тврдини
    Ниво Цена (ЗЕ) Камен Дрво Животни поени Гарнизон Макс. број далекострелни опсадни машини Кули Ров
    1 11 500 10 000 1 500 1 056 000 550 80 5 10
    2 46 000 40 000 6 000 2 112 000 1 100 160 10 10
    3 184 000 160 000 24 000 4 224 000 2 200 300 20 10
    4 736 000 640 000 96 000 8 448 000 4 400 600 30 10
    5 2 944 000 2 560 000 384 000 16 896 000 8 800 1 200 40 10
    6 11 776 000 10 240 000 1 536 000 33 792 000 17 600 2 500 60 10
    7 47 104 000 40 960 000 6 144 000 67 584 000 35 200 5 000 100 10
    8 188 416 000 163 840 000 24 576 000 135 168 000 70 400 10 000 140 10
    9 753 664 000 655 360 000 98 304 000 270 336 000 140 800 20 000 180 10
    10 3 014 656 000 2 621 440 000 393 216 000 540 672 000 281 600 40 000 240 10
    11 12 058 624 000 10 485 760 000 1 572 864 000 811 008 000 563 200 80 000 240 10
  • Утврдувања на поле

    Секое ниво ѝ доделува +5% животни поени на одбранбената војска на поле. Највисоко ниво - 15.

  • Големиот храм

    Го зголемува опсегот на културно и воено влијание на Сојузниот замок со определен радиус* по ниво. Растот е од избледнувачки карактер т.е. со секое наредно ниво, разликата помеѓу две нивоа е помала во споредба со претходното. Замок со 1-во ниво Голем храм има опсег од 77.76 радиус, со 2-ро - 125.47, со 3-то - 170.33, со 4-то - 212.49 и така до достигнување на последното ниво, 32, кое доделува 756.19 радиус.

    *1 радиус = 1 точка (империјална милја)

Од Сојузен замок може да бидат испраќани напади по други Сојузни замоци или Собирни пунктови.

Контролата над Сојузен Замок го зголемува лимитот на ресурси што членовите можат доброволно да го донираат до 20% од моменталниот златен еквивалент од нето економските поени на играчот.

Сојузно влијание

Уникатна особина на Сојузниот замок.

Сојузниот замок се основа со опсег на влијание 27, потоа може да се надоградува, раширувајќи го опсегот над околните територии преку изградба на специјалната градба, Големиот храм, достапна во него.

Влијанието на Централниот замок може да достигне 44% во случај да не се преклопува со влијанието на друг замок.

Ако опсегот на влијание на еден Замок се преклопува со влијанието на друг, Замокот со поразвиен Голем храм, последователно - тој со поголем опсег, го присвојува преклопениот дел од помалиот Замок. Ако и двата замоци имаат исто ниво на специјална градба, преклопената зона станува неутрална додека еден од замоците не достигне доминација со барем едно ниво. Неутрална зона е преклопената, а нејзиниот радиус е поделен на 2 еднакви дела и додаден кон општиот опсег на сојузот и сите империи коишто се наоѓаат во соодветната зона го губат нивниот дневен бонус кон производството, моралот и честа. Без разлика колку масовни се круговите на опсег на преклопување, првиот, внатрешен круг на опсег на нечие влијание, не може да се одземе.

Членовите на Сојуз или Федерација чии империи се наоѓаат во опсегот на влијание на сопствен или сојузнички Замок, добваат 5% бонус производство, +5 дневен бонус задоволство со глобален ефект и +5 морал. Во војна, сите империи кои се наоѓаат во опсегот на непријателско влијание имаат 5% пониско производство, -5 дневно задоволство минус со глобален ефект и -5 морал.

Напад испратен од Сојузен замок може да биде насочен само кон друг Сојузен замок или Собирен пункт, без никакви ограничувања во опсегот на нето економски поени.


Во Блиц Мастер светови и паралелната вселена, преземањето на сојузни замоци се случува преку модул - Преданост. На мапата има 36 замоци. Замоците шират влијание преку изградба на Голем храм и зголемување на опсегот, но влијанието не е претставено како % задржана територија на мапата, а се пресметува според натрупани поени Влијание: 1 профил/ексклузивна зона/престолнина во опсегот на влијание на замок = 1 поен Влијание. Успешните опсади против сојузен замок не намалуваат нивоа од неговата тврдина, а одземаат поени од показателот "преданост". Секој замок има максимално допуштена преданост во зависност од нивото на неговата тврдина. Единствениот начин за зголемување на преданоста е преку време - на секои 12 минути таа се покачува со 1 поен во свет x10, 30 минути во свет x4, до достигнување на дозволениот максимум. Кога еден сојуз ќе изврши успешна опсада на тврдина против даден замок, од замокот се одземa одредено количество преданост. Точната вредност на одземеното се одредува од сојузното истражување - "Освојувач". Колку е повисоко неговото ниво, толку повеќе поени преданост можат да се одземат со 1 удар. Замокот се смета за преземен кога сојуз ќе успее да ја намали неговата преданост до 0. Истражувањето има и втор ефект - ја зголемува почетната преданост при преземање на замок, независно дали тој е независен или е одземен од друг сојуз. Независните замоци немаат преданост. Еден независен замок се смета за освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 единици. За да биде освоен замок кој веќе е преземен од противнички сојуз, сојузот треба да има истражено најмалку 1 ниво Освојувач.

Освојување на независен замок

Дури и пред да биде освоен, замокот има тврдина, војска и гарнизон, односно, за освојување на независен замок е потребна битка спроведена од Сојузна војска, распоредена во Собирен пункт или во друг веќе контролиран Сојузен замок. Условите и механиката на таков вид битка се исти како и тие помеѓу индивидуални играчи. При напад на сојузна армија се смета моралот на лидерот, а нивоата на истражувањата Напад од далечина, Напад од блиску, Воени коњи, Оклоп и Фортификација според формулата: Нивото на Лидерот + Нивото на Првиот офицер/2 + Нивото на секој еден од сојузните команданти/5 + Моменталното ниво на сојузното истражување. Ефектот на истражувањето може да е максимум 100 (Пример: Лидерот има Напад од блиску ниво 30,
Првиот офицер: 20, 5 сојузни командири: 10, Моментално ниво на Сојузен Напад: 5 >>> 30 + 20/2 + (5х10)/5 + 5 = 30 + 10 + 10 + 5 = 55). Бонусите од специјални ресурси на сите играчи, доколку ги има, имаат ефект, но без акумулација на бонуси од ист вид, т.е. доколку има 2 или повеќе бонуси од ист вид, се пресметува само еден од нив - најголемиот.

Нападите на Независен замок со цел негово освојување, немаат ограничување во опсегот на нето економски поени.

Независниот замок има тврдина 8, стелци во гарнизон и војска на поле, видлива при клик на замокот. Нивото на тврдината не паѓа за еден, после секој успешен напад останува 8. Замокот е освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 воени единици. Тврдината на освоениот замок мора да се гради од ниво 1.

Напад на сојузен замок

Сојузен замок може да биде нападнат само од војски распоредени во друг Сојузен замок или во Собирен пункт.

Може да биде нападнат од сојузна војска со не повеќе од 3 000 000 воени единици (7 000 000 во светови со активно профилирање на војска) така што Опсадните машини се бројат колку бројот на нивната Оперативна посада (под услов замокот да е веќе под контрола на некој сојуз).

Има 12-часовен период со забранети напади кон замокот после неговото освојување.

Изгубена Опсада на тврдина во сојузен посед подразбира дека целиот преостанат гарнизон ќе биде распореден на полето.

Замок е уништен кога неговото ниво на Тврдина достигне 0 (со секој пораз во одбрана Тврдината паѓа за 1 ниво). Потоа, сојузот агресор станува сопственик и може да продолжи да го шири опсегот на влијание кога ќе плати 20% од ресурсите инвестирани во Големиот храм од претходниот сојуз; ако оваа цена не биде платена за 24 часа од освојувањето, нивото ќе достигне 0.

Истоварувањето на донирани или преместени сојузни војски се извршува секоја минута, а истоварувањето на сојузни војски кои се враќаат од напаѓачка мисија и пресметувањето на сите сојузни битки се извршува моментално, веднаш кога ќе се достигне целта и бројачот ќе покаже 00:00:00.

Победник во светот

Светот завршува на фиксен краен датум, одреден од страна на администрацијата на Империја Онлајн. Победник ќе биде сојузот којшто има највисок процент влијание на овој краен датум или највисока сојузна нето вредност, ако никој нема влијание.

Односи помеѓу сојузи

Постојат 5 различни нивоа односи помеѓу два сојуза. Тие може да бидат видени само од членовите на сојузот. Сојузите по правило го започнуваат својот развој со статус Неутралност. Меѓутоа, може да го променат било кога преку објавување Непријателство или Војна на непријателски сојуз, без потреба од потврда за одобрување, или преку испаќање покана за Пакт за ненапаѓање или Мировен договор за коешто задолжително е потребна потврда од другата страна.

Мировен договор

  • Сојузите коишто потпишале Мировен договор формираат Федерација.
  • Ако сојузот “A” и сојузот “Б” формирале Федерација и сојузот “B” му објави војна на “Б”, тогаш “A” има право да му објави војна, ослободена од данок, на “В”. Од друга страна, ако 2 сојузи внатре во Федерација започнат војна, членовите на Федерацијата можат да избираат страна или да останат неутрални.
  • Сојузите, обединети со Мировен договор, не можат да си објават војна меѓусебно.

Пакт за ненапаѓање

  • Гарантира дека нема да има напади помеѓу страните учесници.
  • За да може да се објави војна, ПН мора да биде поништен.

Неутралност

  • Почетен статус на секој сојуз.
  • Ако сојуз му објави војна на неутрален сојуз, сите членови од Агресорот губат 4 поени Чест и односите помеѓу двата сојуза после војната автоматски стануваат непријателски.
  • Секоја промена на односите генерира приватна порака кон сите засегнати страни.

Непријателство

  • Овој однос дозволува објавување војна без никакви последици по Честа.
  • Непријателството е активно веднаш после објавувањето.

Сојузни војни

Правила на војната

  • Војни може да се спроведуваат помеѓу два Сојуза, како и помеѓу цели Федерации.
  • Фиксна продолжителност - 17 часа, победникот се одредува врз основа на вкупните нанесени штети за време на војната.
  • Војната станува активна после 8 часа од нејзиното објавување.
  • Опсадите на тврдини и грабежите во опсег до x5 нето економски поени, не се казнуваат со загуба на Чест.
  • Ниту еден напад не може да трае помалку од 10 минути. Ако до метата може да се стигне за 5 минути, мисијата ќе трае точно 10 минути. Воените и транспортните мисии помеѓу припоените провинции додека сте под напад, одземаат 0.66666666666667 минути.
  • Во војна, секоја провинција може да биде ограбена на секои 8 часа.
  • Нападите надвор од дозволениот опсег на нето економски поени x2 во војна не одземаат поени Чест, но Моралот и параметарот на напад паѓаат, следејќи го точно истиот модел на напад надвор од опсег во период без војна.
  • Контрашпионажата на сите играчи е вештачки зголемена за 1 ниво, но само за време на војната.
  • Во војна, сите капитулации помеѓу членовите на спротивставените сојузи се прекинати.
  • Сојузот може да објави по 1 војна на секои 2 часа.
  • Објавувањето војна му одзема по 10 поени Задоволство на секој член од сојузот агресор.
  • За да биде објавена војна:
    • Ако сојузот агресор и сојузот заштитник се во опсег x2 на нето економски поени, сојузот агресор плаќа такса во злато за објавување на војната во вредност 5 пати по нето економските поени на сојузот агресор. Ако сојузоте се надвор од дозволениот опсегx2 , таксата, која ја плаќа агресорот е базирана на нето економските поени на двете страни - за секоја 0,1 разлика над дозволениот опсег x2, данокот се зголемува за 0,5 злато за нето економски поен.
    • Збирот на нето економските поени на двете вклучени страни не смее да надминува опсег x5.
    • Сојузите треба да имаат најмалку 5000 вкупно, за да можат да бидат вклучени во војна.
  • Цели на војната
    • Искачување во Рангирањето на сојузите.
    • Добивка на ресурси еднакви на 50% од уништените непријателски единици во златен еквивалент*. Воениот приход се добива на крајот, во дрво и железо, за тие играчи кои се дел од победничкиот сојуз и учествувале во битките. Сојузот кој изгубил не добива ништо.

      * Златниот еквивалент на нето економските поени, добиени од регрутацијата на тие единици, а не златниот еквивалент на ресурсите, потрошени за нивно добивање.

      Напомена! Не се пресметува воен приход за уништени тврдини и ограбено население.

  • Одредување на победникот во војната
    • После почетокот на војната, двата сојуза собираат воени поени од меѓусебни напади.
    • Нападите од сите членови се собираат и се составува резултатот од сојузот.
    • На крајот од 17-те часа, победник е сојузот со повеќе воени поени.
  • Поените се заработуваат по три начина:
    • Уништување на непријателска тврдина
      Ниво тврдина Воени поени
      1 1
      2 2
      3 3
      4 4
      5 8
      6 16
      7 32
      8 64
      9 128
    • Успешни Битки на поле - убиените единици во битка на поле носат поени. Војска во вредост 5000 злато носи 1 поен.
    • Грабеж - 1000 убиени селани даваат 1 поен.
  • Целиот број воени поени од победникот оди во Сојузното рангирање, а од победениот - само 25%.
  • Ако повеќе од 50% од нето економските поени (на членовите) на сојузот агресор завршат во мод Одмор и/или Празнична заштита, сојузот автоматски ја губи војната. Ако повеќе од 50% од сојузните нето економски поени припаѓаат на еден член и тој го напушти сојузот, сојузот агресор автоматски ја губи војната.
  • Ако повеќе од 75% од нето економските поени (на членовите) на сојузот во одбрана завршат во мод Одмор и/или Празнична заштита, бранителот автоматски ја губи војната. Ако повеќе од 75% од сојузните нето економски поени припаѓаат на еден член и тој го напушти сојузот, сојузот бранител автоматски ја губи војната. Агресорот назад добива 50% од платениот данок за војна.

    Напомена! Овие проценти на моментална неактивност се применуваат врз вкупната нето вредност на сојузот, не на нето вредноста на активните (не во мод Одмор/празнична заштита) членови.

    Пример 1: Ако вкупната вредност на сојузот е 10 000 000 и 5 000 001 од нив се во мод Одмор и/или Празнична заштита, сојузот не може да објави војна. Ако вкупната нето вредност на сојузот е 10 000 000 и 7 500 001 од нив се во мод Одмор и/или Празнична заштита, не може да биде објавена војна на овој сојуз.

    Пример 2: Ако вкупната нето вредност на сојузот агресор/заштитник е 10 000 000 и 5 000 000 / 7 500 000 од нив се во мод Одмор и/или Празнична заштита пред објавувањето на војна, тогаш, после почетокот на војната ако дури и еден член активира мод Одмор/Празнична заштита или го напушти/е исфрлен од сојузот, сојузот агресот/заштитник ја губи војната. После почетокот на војната, моменталната активност на двата сојуза е динамична, т.е. вредноста врз која се прилагаат процентите што водат до евентуална загуба е под влијание на запирање/истекување на модот Одмор/Празнична заштита, така и на исфрлање/доброволно напуштање на сојузот.

    Пример 3: Ако вкупната нето вредност на сојузот во времето на објавување на војна е 6 000 000, тогаш сојузот ќе треба да се откаже од 3 000 001 од поените во мод Одмор и/или Празнична заштита за да би ја изгубил војната како агресор и 4 500 001 поени да изгуби како бранител. Ако нето вредноста на сојузот во време на објавувањето на војна е 6 000 000 и 1 000 000 поени го напуштиле/се исфрлени од сојузот, тогаш моменталната активност на сојузот станува 5 000 000 и сојузот треба да има 2 500 001 од поените во мод Одмор/или Празнична заштита за да ја изгуби војната како агресор и 3 750 001, за да ја изгуби како бранител.

    Пример 4: Ако сојузните нето економски поени од сите членови се 5 000 000 и од нив 2 500 001 му припаѓаат на еден играч и тој го напушти сојузот, сојузот автоматски ја губи војната како агресор; бранителот автоматски ќе ја загуби војната ако играчот којшто го напуштил сојузот има 3 750 001 нето економски поени.

  • Победата во војна обезбедува 10 поени Задоволство за секој играч.

Сојузна ризница и истражувања

Секој сојуз има Ризница каде што се акумулираат средства како резултат од плаќањето на данок од секој член или од доброволни донации. Данокот се одредува одделно за секој еден од четирите ресурси со тоа што лимитот е 30% квота за секој ресурс. Доброволните донации не се неограничени. Со 1-во ниво Сојузна администрација играчите може да донираат до 5% од своите нето економски поени во златен еквивалент. Овој лимит се зголемува со секое ниво Сојузна администрација и достигнува 33% за ниво 15. Ако сојузот има во сопственост најмалку еден замок, лимитот станува 20%, освен ако сојузот веќе нема Сојузна администрација што дозволува повисок процент.

Пример: Ако играч има 1000 поени (1 000 000 златен еквивалент) и неговиот сојуз има 1-во ниво Администрација, значи дека играчот може да донира не повеќе од 50 000 злато. Ако на следниот ден порасне до 2000 нето економски поени, лимит на донацијата ќе биде 100 000.

Освен објавување војни и потпишување договори, овие средства може да се искористат и за Сојузни истражувања кои имаат влијание врз сите членови. Затоа, ако одреден играч има веќе истражено 5-то ниво Утврдување, а неговиот сојуз има 1-во ниво од истото истражување, играчот користи бонус за Утврдувањето на ѕидовите на Тврдината од 6-то ниво, но ги нема потребните нивоа истражувања за да изгради Тврдина ниво 6, за коешто се потребни 6 лични, а не сојузни, нивоа.

Членовите исто можат да донираат и дијаманти во сојузната ризница. Донирањето е ограничено, максималниот број е до 340000 дијаманти на ден. Можат да се донираат купени дијаманти и привремени дијаманти. Еднаш донирани, купените дијаманти се сметаат за привремени со времетраење од 336 часа. Привремените дијаманти се донираат со нивното моментално времетраење.

Сојузно рангирање

Според сојузни нето економски поени - вкупната сума на сите нето економски поени од сите членови.

Според освоени воени поени од војни или битки во кои биле ангажирани сојузни војски.

Според вредноста на сојузот - моменталната нето економска вредност на целата сојузна сопственост: истражувања, градби, војски.

Трговски биланс - пренос на злато помеѓу играчи

Играчите можат да примаат или да испраќаат злато преку Транспортната станица. Кога играч со повеќе нето економски поени испраќа злато на играч со помалку нето економски поени, поразвиениот играч плаќа провизија од 10%.

Пример: Ако играчот има 1000 нето економски поени (1 000 000 златен еквивалент), неговиот Трговски биланс е 100 000 злато, што значи дека истиот може да прими или да испрати максимално до 100 000 злато.

Лимитот на Трговскиот биланс се зголемува/намалува во согласност со зголемувањето/намалувањето на нето вредноста на играчот.

Пример: Во ден 1 играч е вреден 1000 поени и може да прими или испрати до 100 000 злато. Во ден 2 играчот расте до 2000 поени коешто автоматски го зголемува неговиот лимит до 200 000 злато. Ако во ден 1, тој прими 100 000 злато, неговиот биланс ќе биде искористен и тој нема да може да прима повеќе. Во ден 2 тој ќе може да прими уште 100 000 злато, бидејќи неговиот лимит на биланс пораснал до 200 000 поради нето вредносниот раст. Истото важи и ако играч загуби нето економски поени.

Преносот на злато е оданочен. Колку играчот е поблиску до својот лимит, толку повеќе злато ќе биде изгубено за време на преносот. Испраќачот ќе биде известен колкав дел од златото што го испраќа ќе биде изгубено заради оданочување.

Играч може да испраќа злато преку транспортни колички и да прима злато во Транспортната станица.

Напомена! За успешно да пренесете злато, потребна ви е Транспортна станица и товарни колички. Златото се испраќа од подмени Пренесување злато во Транспортната станица.

Полезни совети за сите кои сакаат да станат воини во сојуз

Не ја оставајте својата војска во тврдините ако сте во војна. Или барем не ги полнете гарнизоните на слабите тврдини, бидејќи ќе бидете лесна мета за непријателот.

Не објавувајте војни на слаби сојузи - добивате помалку од колку што ризикувате.

Уништувајте ги непријателските тврдини, независно дали имаат гарнизони или не, од нив се добиваат поени.

Пробајте да ја уништите непријателската војска на поле, ова ќе ви помогне за потоа да ја освоите тврдината. Заради овие причини, чувајте ја својата војска безбедна, освен ако сте сигурни дека никој не може да ја совлада.