Ресурси

Население

Функции:

  • Работната сила за производство на дрво, железо и камен.
  • Населението плаќа даноци кои се поставуваат лично од играчот.
  • Регрути потребни за воена подготовка.

Прираст на население

  • Основниот прираст на население се пресметува според формулата: 1 x моменталното население/1000+50 (1x значи дека е помножено со брзината на светот). Истражувањето медицина го зголемува прирастот со 5% по ниво. Изградбата на фарми ги намалува загубите на население коишто се должат на недостиг на храна.
  • Бездомниците се појавуваат кога нема доволно куќи. Прирастот на бездомниците се пресметува по формулата: ((прираст на население + моментално население) - лимит на население)/2 и потоа помножено со брзината на светот. Можат да бидат регрутирани за војска, но не можат да бидат вработени и затоа не произведуваат ресурси.

    Активирањето Премиум, платен со дијаманти, го зголемува прирастот на население за 10%.

Дрво

  • Неопходно за сите градби и некои истражувања.
  • Неопходно за обука на воени единици.
  • Се произведува од населението вработено во пиланите.

Железо

  • Неопходно за некои од градбите, истражувањата и сите воени единици.
  • Се произведува од населението вработено во рудниците за железо.

Камен

  • Главен ресурс за изградба на тврдини.
  • Неопходен за некои градби и некои истражувања.
  • Се произведува од населението вработено во каменоломот.

Производство

  • Основно производство за 100 цивили: 10 дрво/ 10 железо / 10 камен.
  • Престолнината на империјата има фиксен бонус +10% производство на сите ресурси.
  • Производството може да биде зголемено преку:
    • Активирање премиум, платен со дијаманти, го зголемува производството за 10%.
    • Подигнување на нивоа тврдина - секое ниво на тврдина го зголемува производството со одреден %. Овој % не може да биде повисок од 60%.
    • Подигнувања нивоа на сојузното истражување производство (ако играчот е во сојуз) - секое ниво им доделува по 2% бонус производство на сите членови.

Злато

  • Валутата во играта. Се добива како данок кој се извлекува од вработеното население според проценката на самиот играч. Постојат 6 различни даночни стапки. Злато се добива и со трговија како и од депозити од банката.
  • Невработеното население не плаќа даноци. Златото се генерира и употребува на централизиран начин, од ризница која се наоѓа само во престолнината на империјата, т.е. извлечениот данок оди директно во ризницата исто и како што потребното злато за изградба, истражување или издржување на војска автоматски се извлекува од таму без да е потребно транспортирање. Освен од даноци, злато се добива и од присуство на империјални и трговски патишта, кои се градат помеѓу различните поседи. Приходот од трговија директно се складира во ризницата од престолнината. Ако ризницата има негативен биланс (на пример поради плаќање на издржување на војска), играчот не може да гради, истражува или да регрутира војска се додека не излезе од минусот.

Дијаманти

Тие служат за:

  • Купување на премиум пакет - обезбедува многу бонуси коишто не се достапни за непремиум играчите, односно:
    • 10% бонус на производство
    • 10% бонус на прирастот на население
    • 10% бонус на напад на војската
    • 10% бонус на одбрана на војската
    • 10 бонус поени дневно задоволство во сите провинции.
    • Удвоени капацитети на транспортните станици
    • 20% бонус на времето за обука на војска и 20% бонус на капацитетите на касарните
  • Купување на секојдневни додатоци:
    • Моментална изградба - порано пуштање во употреба на градбата. Опцијата е валидна само за градби на коишто им преостанале помалку од 12 часа изградба. За еден час изградба се потребни 170 дијаманти.
    • Моментално истражување - овозможува истражувањето порано да се пушти во употреба. Опцијата се плаќа во дијаманти и е валидна само за истражувања кои имаат помалку од 03 преостанати часа*. За еден час истражување се потребни 510 дијаманти.

      Ова е основниот лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку повисок станува лимитот.

    • Моментална обука - порано завршување на обуката на единиците. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад. Само првата група во редот за обука во една провинција и една касарна може да биде моментално обучена. За секоја група на која и преостануваат помалку од 6 часа се потребни по 170 дијаманти.
    • Моменталната обука на една група подразбира повторно пресметување на преостанатите времиња на другите групи во редот.

      Пример: Регрутирате една група мечувалци за 6 часа и потоа уште една за 6 часа. Времето за обука на втората група во редот станува 12 часа, но ако моментално ја обучите првата група, времето на втората група паѓа за 6 часа.

    • Моментално патување на војска
    • Моментално основање на оддалечен посед
    • Империјален трговец - пазарна опција која што Ви дозволува моментално да продавате дрво, железо и камен за провизија од 850 дијаманти. Опцијата не е достапна додека империјата е под непријателски напад.
    • Отворање на повеќе од еден подарок дневно од храмот. Втор подарок за 680 дијаманти, ако веќе сте зеле бесплатен подарок најмалку 3 пати. Трет подарок за 2550 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок од 680 дијаманти најмалку 3 пати. Четврт подарок за 4250 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок од 2550 дијаманти најмалку 3 пати. Петти подарок за 8330 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок за 4250 дијаманти најмалку 3 пати. Шести подарок за 16830 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок за 8330 дијаманти најмалку 3 пати.
    • 10-часовно производство - може да се земе еднаш на секои 12 часа, на количество ресурси еднакво на производството на соодветниот ресурс на час х10.
    • Активирање на мод одмор
    • Организирање на масовни големи фестивали на градскиот плоштад коишто влијаат на вредноста на задоволство во провинцијата. Големите фестивали се ограничени - по 1 на ден. Нивниот ефект се зголемува преку нивоата од градскиот плоштад +2 поени задоволство на секое ниво.
    • Капитулација - доделува можност да ја одбраните својата империја за определен период од определени непријателски напади. Може да капитулирате до 10 пати во период од 17 часа. Првиот пат е бесплатен, но секоја наредна капитулација чини 1700 дијаманти повеќе од претходната.
    • Донација на дијаманти - сојузна опција којашто им дозволува на сојузниците меѓусебно да си помагаат со дијаманти. Донациите се прават во сојузната ризница, не се ограничени, но можат да се донираат само купени дијаманти. Секој член на Сојузот може да донира до 340000 дијаманти на ден.
    • Заработени дијаманти - дијамантите коишто сте ги добиле на некој начин различен од купување преку некој од наброените методи за плаќање во подмени Земи дијаманти во мени Премиум, односно: дијамантите заработени од Советникот, од Достигнување или од Тркалото на среќата; дијамантите добиени како подарок од друг играч за време на период за подароци; дијамантите коишто сте ги подигнале од сојузната ризница.

Пренос на дијаманти - пренесување на купени дијаманти од еден свет во друг, дел од Вашиот глобален профил, во кој што се пријавувате со исто корисничко име и лозинка. Заработени и привремени дијаманти не можат да бидат префрлани во рамките на Вашиот глобален профил.

Задоволство

Покажува колку е задоволно населението со власта на владетелот. Основното залодоволство и лимитот на секоја провинција е 100, единствено основното задоволство во престолнината е 100, а неговиот лимит 120. Задоволството се пресметува и ажурира во реално време. Неговите дневни модификатори, бонуси и минуси од данок се пресметуваат секоја минута и имаат ефект веднаш.

Основниот ефект од задоволството е емиграцијата. Ако имате задоволство под 100, секогаш ќе губите население, ако имате над 100, нема да добивате. Информација за загубите на население ќе пронајдете во екранот од фармите.

Основниот негативен ефект од ниското задоволство се немирите, бунтовите и емиграцијата. Колку е поголемо задоволството во една провинција, толку населението е позадоволно и има помали шанси за немири, бунтови и емиграција.
- Задоволство под 50 – постои шанса за немир којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 49 задоволство со 2%, на 48 задоволство со 4% итн.), коешто води до прекин на извлекувањето данок додека задоволството не се зголеми повторно.
- Задоволство под 20 - постои шанса за бунт којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 19 задоволство со 2%, на 18 задоволство со 4% итн.), коешто води до прекин на производство, регрутација и изградба, се додека повторно не се зголеми Задоволството.

Дневни модификатори на задоволство

  • Позитивни:
    • Ниски даночни стапки
    • Вроден талент Император (секогаш гувернер на престолнината) и вроден талент Наследник (кога е назначен за гувернер на провинција)
    • Вештини на гувернер (логистичар, социјален работник, духовен водач)
    • Модификатори од позитивни бонуси на терени
    • Присуство на војска во провинцијата
    • Ниво на тврдина во провинцијата
    • Споменици
    • Ниво на универзитет (3 нивоа даваат 1 поен Задоволство, лимитот е 10 поени Задоволство)
    • Бонус од чудо
    • Сопственост на терен со специјален ресурс - основање на провинција, колонија или трговска станица.
    • Активирање премиум - дава +10 поени задоволство
    • Високи нивоа чест на владетелот - секои 100 поени чест даваат 1 поен задоволство. Лимит - 5.
    • Под влијанието на еден од Вашите сојузни замоци - +5 задоволство секој ден.
    • Организирањето на голем фестивал на Централниот плоштад дава 3 поени Задоволство.
    • Династички брак: +5 поени Задоволство
    • Претворање на колонија во неуништлива: +10 поени задоволство
    • Плаќање на откуп за запленет голем човек: +10 Задоволство
  • Негативни:
    • Високи даночни стапки
    • Негативна чест на владетелот - минус 5 задоволство во случај на 100 или повеќе негативни поени чест.
    • Заклучена провинција – минус 5 задоволство кое влијае на целата империја.
    • Под влијание на непријателски сојузен замок (за време на војна) - минус 5 задоволство со ефект во целата империја.
    • Смрт на император/императорка: -10 поени задоволство
    • Смрт на гувернер/генерал заштитник: -5 Задоволство

Еднократни модификатори на задоволство:

  • Позитивни:
    • Изградба на тврдина
    • Изградба на фарми - секое ниво доделува 1 поен задоволство.
    • Организирање на еднократни фестивали на градскиот плоштад
    • Запирање грабежи во победнички битки во одбрана - +10 поени задоволство, но само за првиот грабеж во 24 часа.
    • Расформирање војска
    • Победничка војна - +10 поени задоволство за секој член.
    • Поправка на тврдина (само за првата поправка во рамките на 24 часа) - +5 задоволство.
    • Нова припоена провинција или колонија (влијае врз целата империја) - +20.
    • +5 поени Задоволство во сите поседи за секој запленет генерал;
  • Негативни:
    • Регрутација на војска
    • Ограбена провинција - процентот на ограбено население е еднаков на одземените поени задоволство. Максималната загуба на задоволство е 30.
    • Изгубена битка - глобален минус 5 задоволство, но само за првата изгубена битка за период од 24 часа.
    • Изгубена војна - минус 10 задоволство со влијание во целата империја.
    • Објавување војна - минус 10 задоволство за сите членови
    • Изгубена опсада на тврдина (првата изгубена за период од 24 часа) - минус 5 задоволство.
    • Изгубена колонија - минус 10 задоволство
    • Изгубена трговска станица - минус 5 задоволство
    • -5 поени Задоволство во сите поседи за секој генерал, запленет од непријателот;

Даноци

Данок се извлекува само од вработеното населените. Тој се пресметува на секоја промена на стапката, така што приходот во злато и ефектот (позитивен или негативен) врз задоволството се пресметуваат и влегуваат во сила веднаш. Тоа значи дека ако поставите низок данок во 2 часот и го смените со висок во 3, помеѓу 2 и 3 часот ќе имате приход на злато и загуби на задоволство кои одговараат на низок данок, а после 3 часот, приходот и загубите ќе одговараат на висок данок. Рамномерните делови злато се даваат секогаш пресметани од моменталниот број работници, а не бројот работници кој бил во моментот на поставувањето на данокот, па прирастот на население, како и убиеното население во случај на непријателски грабеж, се земаат во предвид при пресметувањето на секој даден дел злато. Данокот се собира во ризницата на престолнината, од каде што автоматски се зема за развој на сите градби и истражувања и плаќање на издржување на војска, независно каде се наоѓаат во империјата.

Играчот може да ја промени даночната стапка во секое време и секоја промена се пресметува веднаш. Постјат 6 даночни стапки и секое е со различен ефект на задоволството, како што следува:

  • Прва стапка (без данок) - дава +5 задоволство
  • Втора стапка (многу низок - 1 на 100 работници на час за припоени провинции) - одзема 10 задоволство.
  • Трета стапка (низок - 2 на 100 работници на час за припоени провинции) - одзема 20 задоволство.
  • Четврта стапка (среден - 3 на 100 работници на час за припоени провинции) - одзема 30 задоволство.
  • Петта стапка (висок - 4 за 100 работници на час за припоени провинции) - одзема 50 задоволство.
  • Шестта стапка (многу висок - одзема 5 за 100 работници на час за припоени провинции) - одзема 75 задоволство.

Приход

По мирен пат

  • Производство на ресурси
  • Извлекување данок од поседите
  • Депозит на злато
  • Трговија
  • Данок од признание кој доаѓа од вазалите на империјата. Не се складира автоматски во ризницата на престолнината. Играчот мора сам да го собере.

Воени

  • Запленување ресурси од Варварски камп.
  • Запланување од независни градови
  • Запленување на туѓи империи преку спроведување на битка за Опсада на тврдина.
  • Ограбување непријателски империи.

Трошоци

  • Порачување градби и истражувања
  • Регрутација на војска
  • Издржување на војска
  • Поправка на уништена тврдина.
  • Основање колонија
  • Организирање фестивали
  • Исплата на кредити и камати на банка.

Банка

Банката го одредува количеството злато кои играчот може да го земе назаем и/или да го депозира.

• 30 нивоа;
• Секое ниво го зголемува количеството злато кое играчот може да го депозира или да го земе како кредит.

  • 12-часовно производство на империјата
  • 24-часовно производство на империјата
  • 48-часовно производство на империјата

Секој играч има опција да го вложи неговото злато во банката после истражување на 5-то ниво банкарство со цел на вложената сума да се акумулира камата за сопственикот. Минималната возможна сума е 100 злато, а максималната - 50 000 000. Времето за кое играчот може да го вложи златото е 2 или 5 часа. За време на мод Одмор, овој период се замрзнува и продолжува да тече после исклучување на модот Одмор. Може да се добива и бонус на каматата од вештината на гувернер „Банкар“. Количеството на овој бонус зависи од нивото на вештината*. Дозволени се до 10 депозита. Сумата на сите депозити не смее да биде повисока од 50 000 000 злато. Каматата се пресметува и добива после крајот на времето за орочување на депозитот. Напомена: Депозитот злато во банката може да биде запленет од други играчи преку непријателски напади.

Бонусот влијае единствено на количеството од каматата, но не и на целото количество на депозитот (вложената сума + камата)

Заштити

Почетничка заштита

Опција која што може да се активира во една од задачите на советникот, а исто е достапна и во воените извештаи за сите играчи кои имаат помалку од 1000 нето економски поени. Заштитата автоматски истекува кога профилот ќе достигне 1000 нето економски поени или после 168 часа од активирањето. Профилите под почетничка заштита не можат да бидат напаѓани. Ако испратите напад кон играч, Вашата почетничка заштита ќе биде прекината, тоа значи дека ќе можат да Ве напаѓаат други играчи. Играчите кои се под почетничка заштита се означени со икона со бебешка количка во рангирањето.

Празнична заштита

Опција која што може да биде активирана од секој играч но само за време на празници, кои се претходно најавени од тимот на Империја Онлајн и ограничен период, одреден од Империја Онлајн. Додека е активна, профилот не може да напаѓа и да биде напаѓан. Во меѓувреме, профилот е достапен, може да се градат градби, да се порачуваат истражувања, да се регрутира војска и т.н. Сите напади, испратени кон империјата пред да биде активирана заштитата, ќе бидат извршени.

Мод одмор

Ги забранува сите напади кон Вашата империја. Ако има напад кој веќе е испратен кон неа, дури и ако активирате мод одмор, нападот ќе биде извршен. Модот одмор го ЗАПИРА производството на сите ресурси, издржувањето на војска и прирастот на население, а 168-часовниот период за враќање на кредитот, како и периодот на депозитот се одложува до деактивирањето на модот. Започнатите градби и истражувања се завршуваат. Модот одмор не може да биде прекинат во првите 24/48 часа (во зависност од брзината на светот). За да ја искористите оваа услуга Ви се потребни 1700 дијаманти.

И двете, модот одмор и празничната заштита, можат да се активираат само ако во тој момент немате војски на мисија.

Заштита „Добредојдовте назад“

Заштита која автоматски ја добива секој император кој што се вратил во својата империја после отсуство од најмалку 2 седмици, после најавување во својот профил. Ги забранува сите напади кон и од империјата. Времетраење - 48 часа. Целосно бесплатна.

Чување на профил

Легална помош од пријател во Вашиот економски развој. Може да чувате два различни профили и да имате 4 играчи (по сопствен избор) кои ќе го чуваат Вашиот профил. Чуварите се најавуваат во Вашиот профил со нивното корисничко име и лозинка и не е потребно да му ја давате Вашата лозинка на никого.

Права и ограничувања на чувар на профил:

  • Чуварот со неограничени права може да прави сѐ што прави и сопственикот, со исклучок на:
    - не може да ги промени подесувањата на профил;
    - не може да регистрира нов профил во друг свет;
    - не може да го напушти сојузот во којшто членува сопственикот;
    - ако чуваниот профил му припаѓа на лидер, неговиот чувар не може да исфрла членови од сојузот;
    - за чуварот се достапни опциите за донирање дијаманти и ресурси, но не и опцијата за анонимна донација;
    - не може да ослободи вазал;
  • Чуварот со ограничени права:
    - може да ги прочита новостите, но не може да ги означи за прочитани;
    - може да ги отвори анкетите, но не може да гласа;
    - не може да пријавува туѓи аватари и коментари или да пишува на профилите на други играчи од чуваниот профил;
    - не може да повлече војска испратена на мисија;
    - не може да ја употребува платената опција за моментално пристигнување на мисија за основање на посед;
    - не може да ја употребува опцијата за моментален транспорт на ресурси;
    - не може да повлече војска испратена на сојузна мисија;
    - нема пристап до менито со сите градби во изградба;
    - не може да ја употребува опцијата за моментална обука;
    - не може да ги промени подесувањата на профил;
    - не може да регистрира профил преку покана која се појавува во прозорец во играта;
    - не може да избрише, промени и сподели ознаки;
    - не може да ги користи платените додатоци од премиум менито;
    - не може да чита и пишува пораки на трибината и во менито со пораки во деловите за приватни, белешки и известувања;
    - не може да завршува градби и истражувања со дијаманти;
    - не може да расформира единици;
    - нема пристап до храмот;
    - може да земе само мал кредит, но не може да ја користи опцијата за исплаќање;
    - не може да ги користи опциите во сојузното мени.

Индивидуалните права на легалните чувари на профил може да бидат поставени во мени Општи подесувања >> Лични подесувања >> подмени Чување на профил. Подесувањата за чуварите на профил може да бидат променети во секое време, по Ваша желба.

Нето економски поени

Ја претставуваат моменталната сила на играчот.

Се заработуваат преку изградба на градби, истражување и регрутирање војници.

Се пресметуваат по следниот начин:

  • 1 нето економски поен = 1000 злато / 1000 дрво / 1000 железо / 1000 камен потрошени на градби или истражувања.
  • 1 нето економски поен = 500 злато / 500 дрво / 500 железо / 500 камен потрошени на регрутација на војска.

18-те светски чуда

Осумнаесет специјални градби што можат да бидат изградени од сите играчи кои веќе достигнале 25-то ниво архитектура.

Само највисоките нивоа на овие градби во целиот свет се сметаат за чуда и се појавуваат на глобалната мапа блиску до империјата на сопствениците.

Секое чудо му доделува специјален бонус на сопственикот и на сите негови сојузници:

  • Мистичниот обелиск: 5 поени бонус задоволство дневно
  • Огнениот врв: 5 поени бонус на лимитот на задоволство
  • Небесната кула: -10% на времето за истражување
  • Сончевите пирамиди: -10% бонус на времето за изградба
  • Палатата на зората: 10% бонус на ефектот од фармите
  • Генералот: -10% бонус на времето за обука на војска
  • Големиот Коњаник - 10% бонус на времето за патување на војска
  • Златната набљудувачница: 100% бонус ефикасност на сите шпиони
  • Мистичните земји: 10% поголеми награди од храмот
  • Змејскиот ѕид: 10 поени загуба на морал за сите напаѓачи
  • Забранетата палата: 50% бонус злато од трговија и вазали
  • Портата на победата: 5 поени бонус морал
  • Градините на животот: 10% бонус прираст на население
  • Храмот на пропаста: 10% бонус напад во првата рунда
  • Гробницата на војната: 5% пониско издржување на војска
  • Древната опсерваторија: 10% бонус опсег на сите логистики
  • Аквадуктот* дава 50% бонус приход на злато од трговија и вазали, 10% на ефектот на Фармите и 10% бонус прираст на население.
  • Олтарот на Господарот на војната* го намалува времето за патување со 10%, дава бонус 5% пониско издржување на војската и 10% бонус напад во првата рунда на битката.


  • *Овие бонуси се собираат со бонуси од други постоечки чуда. На пример, ако го имате Аквадуктот и Дворецот на зората, ќе добиете вкупно 20% бонус на ефектот на Фармите.

Играч може да изгради нивоа на повеќе од една специјална градба, меѓутоа може да поседува само едно чудо, што значи дека ако достигне највисоко ниво во светот на повеќе од една специјална градба, мора да избере која градба од тие ќе биде чудо и ќе му дава бонус него и на неговите сојузници.

Чудата не можат да се уништат. Чудото и неговиот бонус ги губите кога друг играч ќе изгради повисоко ниво од Вашето.*

* Загубата на чудо не значи дека ги губите веќе изградените нивоа, значи само дека повеќе не сте сопственик на чудото и соодветно Вие и Вашите сојузници го губите бонусот се додека не успеете да изградите повисоко ниво од тоа на моменталното чудо во светот.

Ако ги поседувате највисоките нивоа на Таинствениот обелиск и Огнениот врв во светот и Таинствениот oбеликс е Вашето активно чудо, Огнениот врв автоматски ќе стане Ваше активно чудо кога друг играч ќе изгради повисоко ниво на Таинствениот обелиск од Вашето. Ако во светот поседувате највисоки нивоа на повеќе од две специјални градби и Вашето активно чудо е Таинствениот обелиск, системот автоматски го префрла Вашето активно чудо на една од Вашите преостанати специјални градби со највискои нивоа ако друг играч изгради повисоко ниво на Таинствениот обелиск од Вашето. Освен ова, во секое време можете да го активирате чудото коешто го сакате.

Кога два или повеќе играчи имаат еднакви нивоа на истата специјална градба, сопственик на чудото е оној играч кој прв го достигнал тоа.

Секој играч кој влегува во топ 50 во рангирањето по нивоа на дадено чудо, добива персонален, намален ефект од бонусот на соодветното чудо. Распоредот е како што следува:

- Играчот со највисоко ниво на чудото добива 100% од ефектот на чудото. Истиот ефект го добиваат и сите негови сојузници;
- Играчот рангиран на 2-ро место добива 100% од ефектот на чудото, но само за сопствениот профил;
- Играчите рангирани од 3-то до 20-то место добиваат 80% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;
- Играчите рангирани од 6-то до 10-то место добиваат 60% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;
- Играчите рангирани од 11-то до 20-то место добиваат 40% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;
- Играчите рангирани од 21-во до 50-то место добиваат 20% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;

Ако играч веќе добива ефект од чудо на сојузник, не може да добие и персонален ефект од истото чудо.
Еден играч продолжува да може да владее само едно чудо со сојузен ефект, но може да добива персонален ефект од сите други чуда, доволно е да е рангиран во топ 50 на рангирањата и да не користи сојузен ефект од нив.

Основната цена на секоја специјална градба е 8 000 000 златен еквивалент. Видот на ресурсот потребен за изградба се променува наизменично со секое наредно ниво што значи дека за 1-во ниво е потребно злато, 2-ро ниво - дрво, 3-то ниво - железо, 4-то ниво - камен , 5-то ниво - злато итн.

Напомена: Наизменичната промена на ресурсите е само во рамките за една градба чудо, на пример ако играчот изгради 1-во ниво Сончеви порамиди, 1-вото ниво од Палатата на зората ќе биде злато, а веќе 2-рото ниво од Сончевите пирамиди ќе се плати во дрво.

Цената на специјалните градби се намалува со истражувањето архитектура.

Секое следно ниво е поскапо за 10% во златен еквивалент, бидејќи се зема во предвид основната цена, а не цената намалена од нивоата архитектура.

Специјалните градби се градат моментално и немаат лимит на нивоата.

Прогноза за времето

Климатското време играло важна улога како во Средновековието, тако и во модерното време. Имало влијание на производството на храна, условите за живот и воените мисии. На овој начин тоа секојдневно е важен дел од животот на сите владетели во Империјата, давајќи или одземајќи од просперитетот на сите империи во сите светови. Прогнозата за времето покажува какво ќе биде времето во светот во претстојните 5 дена, како и тоа какви позитивни и негативни ефекти ќе има тоа на економијата и военото дело.

Прогноза за времето Економија Војска
Сончево
  • 10% повисок прираст на население
  • 10% зголемен капацитет на фарми
  • 20% посилен напад на стрелци
  • +10 морал во битка
  • Врнежливо
  • 10% повисоко производство на дрво
  • -20 задоволство на населението
  • Силата на грабеж е два пати помала
  • Ефектот на Ров е удвоен
  • Ветровито
  • 10% зголемен капацитет на куќи
  • 20% намален капацитет на транспортна станица
  • 20% послаб напад на стрелци
  • Силата на грабеж е удвоена
  • Магливо
  • Нападите се видливи 30 минути пред ударот
  • +5 бонус нивоа Шпионажа
  • Бонусот на Јуриш е удвоен
  • Сите далекострелни единици имаат опсег -2
  • Снежно
  • 50% побавно движење на војска
  • 20% повисоко издржување на војската на мисија
  • Нема бонус од Јуриш
  • 20% послаб напад на опсадните машини