Завоеватели  

Варварско Племе.
Завоевателите се номадски народ што освојува туѓи територии, го подчинуваат или го убиваат нивното население и ги користат остатоците од освоеното царство за на нив да основаат сопствени населби.
Составот на војската кај Завоевателите е насочен кон преземање на градови и тврдини, со малку Коњаница и големо количество Пешадија.
Наградата за победа над Завоевателски камп е ресурси.

Заградена провинција  

Провинција која од сите четири страни е заобиколена со веќе припоени провиниции и како таква не е дел од надворешната граница на империјата. На Глобалната мапа се означува со ѕид од тули. Заградувањето предизвикува пад од 20 поени на Моралот на напаѓачот. Провинција не може да биде двојно-заградена.

Загуби на население  

Загуби на население на час поради недоволен капацитет на фарми.

Задоволство  

Статистиката којашто покажува колку е среќно населението од управувањето на владетелот. Има многу фактори, дневни и еднократни, кои предизвикуваат зголемување или намалување на моменталното задоволство, затоа е потребно внимателно да се разгледаат за да не се појават неочекувани непријатни резултати. Главната последица од ниско задоволство (не се препорачува) е емиграција, немири и бунтови. Колку што е поблиску до неговиот максимум Задоволството во една провинција/колонија, толку посреќно ќе биде населението и соодветно толку помала ќе биде шансата за емиграција и немири.

За повеќе информација околу задоволството, кликнете овде.

Заедничко средно задоволство  

Средното Задоволство на една миграциска група, се пресметува преку собирање на индивидуалните вредности на средното Задоволство и разделување на добиената сума со бројот империи кои учествуваат во групата.

Замолчен играч  

Играч кој привремено ги изгубил правата да испраќа пораки и да објавува коментари на профил поради една или неколку пораки со навредлива содржина, пријавени од соодветните играчи што ги примиле пораките. Играч може да биде замолчен за 24 часа (за првата навредлива порака/коментар), 168 часа (за втората навредлива порака/коментар) и за цела година за третата навредлива порака/коментар). Замолчените играчи се означени со икона "без звук" на Глобалната мапа и мени Рангирање.

Зандана  

Секоја битка на поле, опсада на тврдина[[47 и грабеж ќе вклучува шанса генералот кој му припаѓа на оној кој за загубил битката, да биде запленет од противникот. Точната шанса зависи од фактори како големината на битката и количината на генералско искуство, генериран од двете страни во битката. Колку е поголем збирот на вредностите на искуството, толку е поголема и шансата за запленување.

Откако еден генерал ќе биде запленет, тој ќе се наоѓа во плен за одреден период од време во зависност од својата реткост. Запленетиот генерал станува неактивен и не може да биде употребуван од играчот - на неговиот портрет ќе се покажуваат решетки и местото на гувернер/генерал, кое го заземал, ќе биде ослободено. Ако императорот биде запленет, неговите губернаторски бонуси се нулираат, но неговото место останува зафатено од него. Запленетите непријателски генерали ќе се наоѓаат во ново подмени во дворецот - "Зандана".

Запленет генерал може да биде ослободен преку плаќање на откуп во дијаманти - сумата зависи од неговата реткост. 30% од откупот се плаќа на запленувачот, а генералот незабавно се враќа кај првоначалниот сопственик. Генерал кој нема да биде откупен пред определениот рок, автоматски умира. Генералот продолжува да старее и додека е запленет.

Во зависност од резултатот на битката, се применуваат дневни модификатори на задоволството: -5 задоволство за секој изгубен генерал и +5 задоволство за секој запленет непријателски генерал. Овој модификатор се применува во сите поседи.

Запленување  

Одземање на некои од достапните ресурси од провинција/колонија или независен град после успешна Опсада на тврдина (ако е уништена Тврдината и победена битката со гарнизонот). Играчите може да запленуваат од независните градови во нивната ексклузивна зона и надвор од неа, од припоените провинции/ колонии на другите активни играчи или од напуштени империи. Под запленување се подразбира присвојување на ресурси колку што дозволува капацитетот на носивост на војската од напаѓачот и не ги покрива капацитетот на заштитени ресурси на бранителот.

Запленувач  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува Капацитетот на носивост на војската. Ниво 1: +4% капацитет на носивост; Ниво 2: +6% капацитет на носивост; Ниво 3: +10% капацитет на носивост; Ниво 4: +14% капацитет на носивост; Ниво 5: +20% капацитет на носивост

Заработени дијаманти  

Дијамантите кои сте ги добиле на начин различен од купување преку некој од методите за плаќање, изброени во подмени "Купи дијаманти" во мени "Премиум". Заработените дијаманти може да се употребуваат неограничено за сите платени поволности и функционалности. Не може да бидат донирани во сојузната ризница и не може да бидат пренесувани во рамките на глобален профил.

Заработени дијаманти се:

- дијамантите заработени од Советникот;
- дијамантите добиени како награда од Тркалото на среќата;
- дијамантите извлечени од сојузната ризница.

Заштита 'Добредојдовте назад'  

Заштита која автоматски ја добива секој Император кој се вратил во својата Империја после отсутво од најмалку 2 седмици, после најавување во својот профил. Продолжува 48 часа и ги забранува сите напади до и од Империјата.

Заштитник на ресурси  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува количеството заштитени ресурси, дозволени од нивото на тврдина. Ниво 1: +10% ресурси; Ниво 2: +20% ресурси; Ниво 3: +30% ресурси; Ниво 4: +40% ресурси; Ниво 5: +80% ресурси

Заштитник на цивили  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува бројот заштитено население, дозволено од нивото на тврдина. Ниво 1: +10% население; Ниво 2: +20% население; Ниво 3: +30% население; Ниво 4: +40% население; Ниво 5: +60% население

Златен еквивалент  

Претворање во златна монетарна единица од другите три вида ресурси - дрво, железо и камен, според следната равенка: 1 злато = 1 дрво = 1 железо = 1 камен.

Златен рудник  

Популарно име за напуштена империја.

Злато  

Валутата на играта, генерирана под форма на данок, извлечен од вработеното население, следејќи 6 различни даночни стапки. Златото се добива и користи на централизиран начин - од ризницата, која се наоѓа само во престолнината на Империјата. Тоа значи дека од една страна извлечените даноци одат директно во ризницата, а од друга страна златото потребно за градби, истражувања или издржување на војската се извлекува директно од таму, без потреба да биде рачно транспортирано.

Зона  

Првата и третата линија во Битка на поле се поделени во зони - лево Крило, Центар и десно Крило.