Херојска единица  

Херојската класа воени единици. Херојските единици се: херојски стрелци, херојски копјеносци, херојски мечувалци, херојска коњаница.

Херојски коњаник  

Воена единица.
Градба: Касарна за коњаница
Предуслови: Напад од блиску 22, Воени коњи 16, Оклоп 22, Воена подготовка 15, Централизација 11

• Вид: Блиска борба, Коњаница
• Приоритетно распоредување: Крило (Предна линија)

Специјална вештина:
Катафракт – Херојската коњаница е вооружена со копја и реализира 1 дополнителен напад пред да започне блиската борба.

Воени способности:

+ Дрскост: Оваа единица има предност кога напаѓа - Напад x 1.4
+ Јуриш: Оваа единица има предност во првата рунда од битката - Напад x 3
+ Блиска борба: Напад x 4 против Стрелци
+ Коњанички бој: Напад x 2 против Мечувалци
+ Маневри: Оваа единица има предност кога се бори на Крило - Напад x 1.2, Животни поени x 1.2

- Ранливи од Копјеносци: Против оваа единица, Тешките копјеносци и Фаланги се борат со зголемен Напад
- Кратко оружје: Напад x 0.17 против Копјеносци
- Јавач: Оваа единица не може да напаѓа за време на Напад на тврдина
- Недостаток во тесни пространства: Оваа единица трпи казни за време на Запленување на тврдина - Напад x 0.5, Животни поени x 0.5

Херојски копјеносец  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 1, Воена доктрина 2, Воена подготовка 15, Централизација 11, Оклоп 18

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Копјеносец
• Приоритетно распоредување: Центар (Предна линија)

Специјални вештини:
- Разгрнат опсег - Херојските копјеносци имаат 1 дополнителен напад пред да започне блиската борба.
- Заслон - Во првата рунда на битката, кога се напаѓани од стрелци, херојските копјеносци трпат 50% помалку загуби.

Воени способности:

+ Долго оружје: Напад x 2 против Коњаница
+ Ѕид од копја: Оваа единица е отпорна на бонусот од Јуриш при Напад на Коњаница
+ Јуриш: Оваа единица има предност во првата рунда од битката - Напад x 1.5
+ Сила во бројки: На секои 1000 Херојски копјеносци, тие добиваат +0,5% на Нападот и Животните поени (макс. 100%)

- Ранливи од Стрелци: Против оваа единица, сите Стрелци се борат со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.5 против Мечувалци
- Тешка трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори на Крило - Напад x 0.8, Животни поени x 0.8
- Офанзивен дух: Кога е во Гарнизон, оваа единица трпи казни за време на Запленување на тврдина - Напад x 0.5

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Херојски мечувалец  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 20, Оклоп 20, Централизација 11

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Мечувалец
• Приоритетно распоредување: Центар (Предна линија)

Специјална вештина:
Одред Берсерк - Кога моралот за време на битка е во дијапазон од 50 до 25 поени (40-20 поени со истражување Воена дисциплина), Херојските мечоносци во центарот, заедно со останатите единици од групата, не можат да избегаат и се борат со напад х 2 и животни поени х 0.8, додека моралот не падне под 25, соответно под 20 поени.

Воени способности:

+ Напаѓачка трупа: Оваа единица е приоритетна во составот на Предната линија за време на Напад на тврдина
+ Блиска борба: Напад х 2 против Стрелци
+ Ѕид од штитови: Оваа единица се бори со предност во одбрана - Животни поени x 1.5
+ Последна одбранбена линија: Во гарнизон, оваа единица се бори со предност за време на Запленување на тврдина - Животни поени x 2
+ Елитна трупа: Оваа единица се бори со предност во Центар - Напад x 1.5, Животни поени x 1.5

- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со Напад x 2
- Тешка трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори на Крило: Напад x 0.8, Животни поени x 0.8

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Херојски стрелец  

Воена единица.
Градба: Касарна за стрелци
Предуслови: Напад од далечина 20, Централизација 11

• Вид: Далекострелна, Пешадија, Стрелец
• Приоритетно распоредување: Линија на стрелци

Специјална вештина: Огнени стрели: Во првата рунда на битката, ако противникот има Опсадни машини, Херојските стрелци ќе стрелаат по нив, пред сите други останати единици.

Воени способности:

+ Голем дострел: Оваа единица има 4 дополнителни Напади во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба
+ Поволна позиција: Кога е во Гарнизон, оваа единица се бори со предност за време на Напад на тврдина - Напад x 4
+ Прикриен оган: За време на Напад на тврдина, оваа единица стрела по заштитниците во гарнизон со Напад x 0.2
+ Дожд од стрели: Напад x 3 против Копјеносци

- Ранливи од Мечувалци: Против оваа единица, сите Мечувалци се борат со зголемен Напад
- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.33 против Мечувалци
- Слаб дух: Оваа единица трпи казни кога е нападната од единица за Блиска борба - Напад х 0.33
- Тул: 28 стрели; кога муницијата ќе се потроши, оваа единица останува на својата позиција додека не биде нападната во блиска борба

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Храм  

Верско засолниште на населението. Ова е местото кое владетелот може да го посетува секој ден, соочувајќи се со волјата на боговите над неговата Империја, примајќи или не подарок во Задоволство, намалено време за истражување, злато и ресурси или војска. Возможното количество на ресурсите и бројот на војската е помеѓу 1/2 и 32-часовното производство на Империјата без златото. Играчот може бесплатно да отвори по еден бесплатен подарок на 12 часа. Но, ако веќе најмалку 3 пати зел бесплатен подарок од Храмот, ќе има шанса да отвори втор подарок за денот за 680 дијаманти. Ако веќе најмалку 3 пати зел подарок од 680 дијаманти, ќе може да отвори трет подарок за денот од 2550 дијаманти. Ако веќе најмалку 3 пати зел подарок од 2550 дијаманти, ќе може да отвори четврт подарок за денот од 4250 дијаманти. Ако веќе најмалку 3 пати зел подарок од 4250 дијаманти, ќе може да отвори петти подарок за денот од 8330 дијаманти. Ако веќе најмалку 3 пати зел подарок од 8330 дијаманти, ќе може да отвори шести подарок за денот од 16830 дијаманти.