Далекострелни (вид воена единица)  

Воените единици од вид Далекострелни можат да извршат Напад од далечина. Освен тоа што за време на битката можат да стрелаат без страв од повратен удар, Далекострелните единици исто така можат и да истрелаат дополнителни залпови пред почетокот на борбата на единиците за Блиска борба.
Во битка, Далекострелните единици се борат во Линијата на стрелци или во Артилериската линија, во зависност од своето Приоритетно распоредување.
Кога се нападнати од единици за Блиска борба, Далекострелните единици обично трпат казни.

Далекострелни единици се:

- Лесен стрелец
- Тежок стрелец
- Елитен стрелец
- Катапулт
- Балист
- Требучет

Данок  

Начинот по којшто се заработува злато. Се извлекува само од вработеното население и има големо влијание на дневниот Биланс на задоволство. Колку е повисока даночната стапка, толку се повисоки загубите на Задоволство.

Данок на провинција  

Данокот во злато извлечен од вработеното население во припоените провинции и престолнината.

Даночен инспектор  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува Златото добиено од даноци. Ниво 1: +2% злато; Ниво 2: +4% злато; Ниво 3: +6% злато; Ниво 4: +8% злато; Ниво 5: +12% злато

Даночна стапка  

Нивото на данок, количеството злато добиено на час. Има шест даночни стапки во "Големите Луѓе".

Дворец  

Местото каде што живеат сите Големи луѓе. Ако го надоградите, ќе можете да примите повеќе Благородници во Императорскиот двор. Дворецот има две крила - Генералштаб и Гувернерски штаб кои се потребни за платена обука на гувернерите и [468]генералите] за нови нивоа искуство.

За повеќе информација околу Дворецот, кликнете овде.

Десетар  

Воен чин доделен на играч со 250-499 воени поени.

Дијаманти  

Специјални ресурси во "Големите луѓе", купени со вистински пари или добиени бесплатно. Дијамантите можат да се употребуваат во играта за различни додатоци и објекти. Тие може да бидат купени, заработени и привремени.

За повеќе информација околу дијамантите кликнете овде.

Дивизија  

Војници организирани во една група според нивниот вид или распоред на бојното поле.

Династички брак  

Брак помеѓу двајца Големи луѓе од различни империи. Играчите можат да им ги испраќаат своите Големи луѓе (членови на Императорската фамилија или од делот "Други роднини") на други играчи како Кандидати за брак, со цел да склучат династички мир. Династичкиот мир продолжува додека не починат сите наследници на двојката или додека не го наруши еден од двајцата играчи.

За повеќе информација околу династичките бракови, кликнете овде.

Дневен модификатор на Задоволство  

Фактор со позитивен или негативен ефект на Задоволството, секојдневно применет на целиот 24-часовен период помеѓу две миграции.

За да го прочитате целиот список со дневни модификатори на задоволство, кликнете овде.

Дневни мисии  

Модулот им дава на играчите различни мисии со различна тежина, кои се во согласност со индивидуалниот развој на секој профил. Играчите треба да ги исполнат овие мисии во рамките на еден ден и за секоја успешно завршена мисија ќе добијат одреден број поени. Во согласнот со акумулираните поени, играчите добиваат различни награди како ресурси и право на вртење на Тркалото на среќата. Нови мисии се генерираат секој ден на полноќ (време по сервер) додека напредокот за претходниот ден се губи. Исто така се губат сите награди кои не се земени до тој момент. Секој понеделник се пресметуваат сите поени што играчот успеал да ги акумулира за тој период и според достигнатата вредност добива награда во вид на ковчег кој содржи ресурси. Модулот е достапен во Таверната за сите играчи над 6-то ниво на глобалниот профил.

Домородни варвари  

Варварско Племе.
Домородните Варвари се локално население од дивјаци, кои живеат во Ексклузивната зона на Империјата. Има само по едно Домородно Племе во секоја Ексклузивна Зона. Ако биде уништено, Племето ќе се појавува повторно секој ден сѐ додека има место во Ексклузивната зона или додека играчот да достигне 1 милион поени.
Домородните Варвари имаат состав на војската предназначен за преземање на градови и тврдини, со мало присуство на Коњаница и големи количества Пешадија.

Донација на војска  

Воените единици подарени во сојузот од неговите членови и преку Глобалната Мапа испратени до Собирен пункт или Сојузен замок. Трупите стануваат сопственост на сојузот во моментот кога се растоварени, тогаш и нето економските поени добиени од регрутацијата, се одземаат од моменталните нето економски поени на донаторот и се додаваат во вредноста на сојузните поени. Еднаш донирани, трупите не може да бидат повлечени.

За повеќе информација околу донирањето сојузна војска, кликнете овде.

Дрво  

Произведено од вработеното население во пиланите. Дрвото е потребно за регрутирање војска и поголемиот дел од градбите и истражувањата.
Златен еквивалент: 1 дрво = 1 злато

Дрвосечач  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува производството на Дрво. Ниво 1: +2% производство; Ниво 2: +4% производство; Ниво 3: +6% производство; Ниво 4: +8% производство; Ниво 5: +12% производство

Други пораки  

Порака која дава оперативна информација за резултатите од неодамнешните акции, дневни рутински настани или го предупредува играчот за претстојните датуми на истекување, почеток или крај на ограничените периоди или екој системски детаљ за којшто играчот би требало да биде информиран. Оперативните пораки секогаш се добиваат во жолт плик, но бидејќи има неколку вида, секоја од нив е означена различно во подмени Системски во мени Пораки:
- Мобилизирање војска - порака која информира за автоматски мобилизирани групи од војници на обука.
- Претплата за фестивал со постепен ефект - порака која информира за активирање фестивал со постепен ефект, платен со дијаманти, како и количеството дијаманти автоматски земени за услугата.
- Проширување - порака која информира за успешно припојување на провинција; неодамна основање на колонија, воена или трговска станица; претворање во вазал или уништување на колонија, воена или трговска станица.
- Премиум - порака која информира за активирање или истекување на Премиум.
- Пристигнување на војска - порака со информација за војската што пристигнала после мисија.
- Големи луѓе - порака за неуспешна шпионажа од династичен роднина; раѓање на нов голем човек; смрт на голем човек; кандидати за благородници, итн.
- Подароци - порака што информира за добиен подарок за време на сесија со подароци или за автоматски отворени подароци.

Други роднини  

Категорија која се појавува после смена на Императорот. Браќата и сестрите на наследникот што се качил на престолот, заедно со нивните семејства, се преместуваат во делот Други роднини. Ако некој од нив е назначен за престолонаследник на новиот Император и потоа стане Император, неговото семејство повторно ќе се премести во Семејното стебло.
Неоженетите Големи луѓе од оваа категорија, не можат да стапат во брак со никого од Дворецот, но може да се испраќаат како Кандидати за брак во други империи.

За повеќе информација околу категоријата Други роднини, кликнете овде.

Духовен водач  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Доделува бонус дневно Здоволство. Ниво 1: +2 задоволство; Ниво 2: +4 задоволство; Ниво 3: +6 задоволство; Ниво 4: +8 задоволство; Ниво 5: +12 задоволство