Пазар  

Економска градба.
Вид: Локална
Предуслови: Трговија 1, Пазарни односи 1
Максимално ниво: 10

Овозможува да се објави Понуда на пазарот за да се продадат непотребните ресурси или да се купат ресурси што други играчи ги пуштиле на Пазарот. Количеството ресурси што можат да се продаде е ограничено од Капацитетот на пазарот.

Дозволува тргување преку Империјалниот трговец.

Секое ниво Пазар дозволува да се објави една дополнителна понуда на пазарот.

Нивоата 1-5 го зголемуваат Капацитетот на пазарот со 50 000 за ниво. Нивоата од 6 и нагоре го зголемуваат Капацитетот на пазарот со 150 000 за ниво.

По подразбирање, Капацитетот на пазарот на Империјата е збир од Капацитетите на сите Пазари во неа. Кога некоја Провинција е под напад, секој Пазар во Империјата е ограничен само до сопствениот Капацитет на пазарот.

Пазарна толеранција  

Пазарна особина. Му дозволува на корисникот рачно да ја постави (преку мени Пазар >> подмени Подесувања) разликата помеѓу цените на потенцијално купената понуда и моменталната, таа којашто е на продажба, без прозорец за предупредување за промена на цена. Оваа разлика може да се движи од 1% до 50% или дури може да биде поставена да се купува секоја понуда, независно од цената. Колку е повисок процентот на пазарната толеранција, поголема е шансата за купување на поскапа понуда.

Пример: Ако моменталната најниска цена за железо е 2, а пазарната толеранција е поставена како стандардната 10%, тогаш непрекинато ќе купувате железо по цена од 2.2 злато, без предупредување од системот за некаква промена во цената. Ако толеранцијата е поставена на 1%, кога цената на железо стигнува над 2.2 злато додека сѐ уште купувате, системот веднаш ќе Ве информира.

Пазарни односи  

Истражување кое има позитивен ефект на Вашите трошоци при продажби на Пазарот. Секое ниво ја намалува со 2% основната трговска провизија од 40%.

Паладин  

Воена единица.
Градба: Касарна за коњаница
Предуслови: Напад од блиску 22, Воени коњи 16, Оклоп 22, Воена подготовка 15, Централизација 11

• Вид: Блиска борба, Коњаница
• Приоритетно распоредување: Крило (Предна линија)

Воени способности:

+ Дрскост: Оваа единица има предност кога напаѓа - Напад x 1.2
+ Јуриш: Оваа единица има предност во првата рунда од битката - Напад x 2
+ Блиска борба: Напад x 4 против Стрелци
+ Коњанички бој: Напад x 2 против Мечувалци
+ Маневри: Оваа единица има предност кога се бори на Крило - Напад x 1.1, Животни поени x 1.12

- Ранливи од Копјеносци: Против оваа единица, Тешките копјеносци и Фаланги се борат со зголемен Напад
- Кратко оружје: Напад x 0.17 против Копјеносци
- Јавач: Оваа единица не може да напаѓа за време на Напад на тврдина
- Недостаток во тесни пространства: Оваа единица трпи казни за време на Запленување на тврдина - Напад x 0.5, Животни поени x 0.5

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Пешадија  

Заеднички израз за сите човечки воени единици специјално обучени за борба на нозе.
Пешадиски единици се: мечувалци, копјеносци и стрелци.

Пилана  

Економска градба.
Вид: Локална, Производство
Предуслови: Архитектура 1
Максимално ниво: 35

Овозможува производство на ресурс Дрво. Секое ниво ги зголемува местата за работници во градбата.

Платено надоградување на искуство  

Побрз начин да го зголемите нивото искуство на Вашите генерали и гувернери. За да можете да направите обука, треба да ги изградите неопходните нивоа на Гувернерски штаб и Генералштаб бидејќи дозволеното ниво на обука е директно поврзано со нивото на овие градби. Обуката се плаќа во четирите ресурси.

За повеќе информација околу платената обука, кликнете овде.

Племе  

Специфичен Варварски народ, чиишто обичаи и култура се разликуваат од сите други Племиња. Секое Племе има сопствен состав на војската и награди за победа над него.

Постојат следните Племиња:
- Разрушители
- Завоеватели
- Робовладетели
- Домородни

ПН (Пакт за ненапаѓање)  

Ги исклучува нападите и војните помеѓу двата сојуза.

За повеќе информација околу пактот за ненапаѓање, кликнете овде.

Победа  

Добиена битка.

Победа во напад  

Добиена биткa во напад.

Победа во одбрана  

Добиена битка во одбрана.

Повлекување  

Заповед која може да биде дадена на војска распоредена во воена станица. Во случај на непријателски напад кон воената станица, војските во повлекување нема да учествуваат во битката.

Поени  

Го мери развојот на играч во некои аспекти на играта. Има два вида поени во Империја Онлајн: нето економски поени, го мерат економскиот напредок и воени поени, го одредуваат степенот на воени досигнувања.

Поени искуство  

Поените кои ги добиваат гувернерите за присуство на нивната позиција или генералите - за водење на успешни битки. Со собирање на поени искуство се зголемува нивото на искуство и на овој начин се отвора пристап до нови вештини.

За повеќе информација околу добивањето на поени искуство, кликнете овде и овде.

Позитивен биланс на злато  

Кога вредноста на приходот е повисока од трошоците и златото продолжува да се создава и зголемува.

Полковник  

Воен чин доделен на играч со 100 000-149 999 воени поени.

Полнолетство  

Возраста на која сите Големи луѓе достигнуваат зрелост. Откако ќе наполнат 16 сите Големи луѓе стануваат полноправни членови во општеството и Вие можете да ги оженувате, да ги испраќате во друга империја како Кандидати за брак, да ги назначувате за Гувернери и Генерали во различни поседи, да ги испраќате да водат напад, да ги избирате нивните вештини итн.

Помлад Лидер  

Заеднички израз за сите лидери во првиот стадиум на лојалност.

Помлад наредник  

Воен чин доделен на играч со 500-749 воени поени.

Помлад Офицер  

Заеднички израз за сите офицери во првиот стадиум на лојалност.

Понуда на пазар  

Количеството ресурси коешто играч го објавува за продажба на пазарот за одредена цена. Објавата е возможно да се повлече до 1 минута после објавувањето, но провизијата за објавување не се добива назад. Понудата трае 3 часа и ќе се појави на пазарот помеѓу 5 и 10 минути после објавувањето ако е една од 5-те најевтини понуди. Ако понудата истече, таа му се враќа на сопственикот во провинцијата од каде што била објавена.

Пораз  

Изгубена биткa.

Пораз во напад  

Изгубена битка во напад.

Пораз во одбрана  

Изгубена биткa во одбрана.

Порака  

Еден од начините на комуникација помеѓу играчите од ист свет. Тоа е кратка напишана информација испратена од изворот до примачот. Во играта има 10 вида пораки: Трансакции, Сојузни, Администраторски, Сојузни воени, Трибина, Приватни, Воени, Шпионажа, Известувања и Други. Секоја од нив после добивањето се покажува во различно обоен плик до сликата на профилот над Мапата на селото. Потоа сит епораки можете да ги пронајдете рво различните делови во мени Пораки. Сите пораки постари од 2 седмици автоматски се бришат.

Поручник  

Воен чин доделен на играч со 15 000-22 499 воени поени.

Последен шпионски извештај  

Се наоѓа во екранот за Шпионажа и ја покажува состојбата на провинција/колонија/независен град/воена станица од моментот кога била претходно шпионирана, затоа последниот шпионски извештај не обезбедува актуелна информација.

Постар Лидер  

Заеднички израз за сите лидери во третиот стадиум на лојалност.

Постар наредник  

Воен чин доделен на играч со 1 500-2 999 воени поени.

Постар Офицер  

Заеднички израз за сите офицери во трет стадиум на лојалност.

Постар поручник  

Воен чин доделен на играч со 22 500-34 999 воени поени.

Потполковник  

Воен чин доделен на играч со 75 000-99 999 воени поени.

Почетник  

1. Воен чин доделен на играч со 0-149 воени поени.

2. Заеднички израз за сите обични членови во првата фаза на лојалност.

Почетничка заштита  

Опција којашто може да биде активирана од секој играч со помалку од 1000 нето економски поени којшто бил нападнат, кога ќе се покаже копче за активирање во извештајот од битката, а и како една од задачите во Советникот. Профилите под почетничка заштита не можат да напаѓаат, ниту да бидат нападнати. Ако испратите напад кон играч, Вашата почетничка заштита ќе биде прекината, тоа значи дека ќе можат да Ве напаѓаат други играчи. Играчите под почетничка заштита се појавуваат со икона со бебешка количка во рангирањето. Опцијата автоматски истекува кога профилот ќе достигне 1000 нето економски поени или кога ќе поминат 168 часа од активирањето.

Празнична заштита  

Опција која може да се активира од секој играч, но само за време на празници, претходно најавени од тимот на Империја Онлајн и за ограничени периоди, определени од Империја Онлајн. Додека е активна, профилот не може да биде нападнат, ниту пак може да напаѓа. Војската не може да биде испраќана на Обиколка. Во меѓувреме, може да се пристапи во профилот, може да се градат градби, може да се прават истражувања, да се регрутира војска и итн. Сите напади испратени до соодветната Империја пред активирањето, ќе бидат извршени. Сојузните битки се исклучени од секаков вид заштита. Нападите по независни градови за запленување на ресурси и нападите по варварски кампови исто така не се возможни. Возможни се нападите по Мрачната тврдина, Черепот на богатстовто, Кулата на знаењето и Камениот затвор. Нема да се зема издржување на војската иако може да се покажува во статистиката.

* И модот Одмор и Празничната заштита може да се активираат само ако моментално нема војска на мисија.

Прашај играч  

Овде играчите може да пријавуваат проблеми или неправилности, да поставуваат и да си разјаснуваат прашања и сомнежи.

Прашања  

Империја Онлајн официјални Често поставувани прашања. Листата содржи детални и прецизни одговори на сите прашања што играч може да ги постави во определен дел од играта, организирани во неколку големи категории.

Прв Офицер  

Заменик лидер, ги има сите права и бонуси како и лидерот, освен да го исфрли од сојузот самиот лидер.

За повеќе информација околу правата и придобивките на првиот офицер кликнете овде.

Преврат  

Императорите кои се стекнале со особината Нечесен можат да бидат убиени од играчот, што значи дека наследникот ведаш ќе се искачи на престолот. За да биде достапнаа оваа опција има и друг услов: Императорот мора да има најмалку еден внук.

Предмети  

Бустери со позитивен ефект на различни модули во играта. Некои предмети истекуваат за одредено време.
Можете да добиете предмети по следниот начин:

- при победа во напад или одбрана против друг играч или варварски камп и при успешен напад по независен град
- од турнири
- од Сојузна претплата
- од специјални понуди за дијаманти во играта
- како подарок за специјални поводи
- од исполнети Владејачки дела
- за учество во претходната ера на истиот свет
- за рангирање во топ 100 за време на Глобални настани
- како награда за развојот на пријател, кој Вие сте го поканиле во играта

Предметите исто така можат да се купат во Империјалната продавница, чијашто икона се наоѓа во десниот дел на мапата на селото. Сите предмети се чуваат во мени Инвентар, подмени Предмети. Овде се наоѓа и опцијата, наречена Окрупнување на предмети. Окрупнувањето на многу на број ситни предмети од еден и ист вид дава можност да располагате со помалку на број предмети од истиот вид, но со поголем ефект. За да се појави менито за окрупнување, потребно е да имате минимален број предмети. Неискористените предмети, кои не се привремени, се префрлаат во следната ера.

Преместување на војска  

Испраќање единици од една провинција/колонија/воена станица] во друга. Има два начина на движење војска: преку копчињата 'Преместување во гарнизон' и 'Преместување на поле'. Првото копче ги испраќа избраните единици по опаѓачки редослед на издржување, автоматски пополнувајќи ги гарнизоните на избраните провинции/колонии/воени станици. Второто копче пропорционално ги распоредува избраните единици на полињата на избраните провинции/колонии/воени станици.

Напомена! Бранителот не може да премести трупи во и од провинција под напад ако остануваат помалку од 5 секунди до ударот.

Преместување на империјата  

Опцијата е достапна во таб Империја во мени Подесувања. За да ја искористите, Вашата империја треба да одговара на следните услови:

• Не треба да има други поседи освен престолнината:
• Не треба да има активни мисии од било каков вид;
• Империјата не треба да е под напад;
• Новата локација се одредува на случаен принцип, не може да се избира од играчот;
• Ново преместување на империјата е возможно после една седмица од последното;

Премиум членство  

Премиум пакетот овозможува многу бонуси со кои не располагат играчите без премиум, имено:

- 10% бонус на прираст на население;
- 10% бонус на производство;
- 10% бонус на напад на војска;
- 10 поени Задоволство дневно во сите провинции и колонии;
- 10% бонус на животни поени на војска;
- двоен капацитет на Транспортните станици;
- 20% пократко време за обука на единици и 20% поголеми капацитети на касарните

За повеќе информација околу премиум пакетот, кликнете овде или видете во играта во Премиум мени.

Пренесување дијаманти  

Пренесување на купени дијаманти од еден во друг свет, дел од Вашиот глобален профил, во којшто се пријавувате со истото корисничко име и лозинка. Опцијата се наоѓа во подмени "Пренесување Дијаманти/Предмети" во мени Премиум. Заработени и привремени дијаманти не можат да бидат префрлани во рамките на Вашиот глобален профил.

Престолнина  

Првата и главната провинција што ја поседува играчот. Престолнината има бонус на фарми, па затоа во неа е многу полесно да се одржи позитивен Прираст на население. Исто така има и 10% бонус на производството на сите ресурси, 20 поени бонус на лимитот на задоволство, 20 бонус поени дневно Задоволство, 20% животни поени во одбрана на сите воени единици, 30% бонус на животните поени на тврдината и 10 поени бонус Морал во одбрана. Тоа е местото каде пти се складира златото и единственото место од каде што можат да се порачуваат Истражувања.

Пријавување на порака  

Пријава на навредлива порака примена од друг играч. Тоа значи дека администрацијата на играта ќе ја разгледа нејзината содржина и ако е потребно, ќе го замолчи оној кој ја испратил. Единствен начин да пријавите порака е да кликнете "Пријави" во горниот десен агол во соодветната порака.

Приватна порака  

Порака испратена кон еден играч. Приватните пораки пристигнуваат во зелени пликови и се чуваат во подменито Приватни во мени Пораки. Целата коресподенција, помеѓу испраќачот и примачот се покажува хронолошки преку клик на името на примачот во подменито Приватни. Најстарата порака е на дното на прозорецот, а најновата - на врвот. Сите пораки постари од 2 седмици автоматски се бришат.

Привремени дијаманти  

Дијаманти кои ги добивате како награда на почеток на нова ера во свет (под услов да сте имале најмалку 200 нето економски поени во претходна ера на светот) и како награда од Тркалото на среќата, Достигнувањата и Турнирите во играта. Можат да бидат купени и во рамките на огранилчена промоција во играта. Привремените дијаманти можат да бидат искористени во одреден период од време од моментот кога биле добиени. Има ограничувања за тоа за коешто можат да бидат употребени:
- Со привремени дијаманти не може да купите премиум и Големи луѓе од собата за Благородници. Може да купите само привремени предмети, под услов да имате на располагање привремени дијаманти. Не може да платите откуп за запленет генерал. не може да ги градите чудата Аквадукт и Олтарот на Господарот на војната.
- Привремените дијаманти не може да се донираат или префрлаат во друг свет.
- Специјален ресурс Дијаманти не обезбедува бонус на бројот привремени дијаманти, купени со специјална понуда.
- Привремените дијаманти не се префрлаат во нова ера.

Приоритетно распоредување  

За време на битка, секоја Воена единица има свое Приоритетно распоредување, што ја одредува нејзината позиција на бојното поле. Возможниот распоред ја вклучува Предната линија, Линијата на стрелците и Артилериската линија. Распоредувањето на Предната линија дополнително се дели според Дивизијата: Крило или Центар.
На почеток на битката, Формацијата што сте ја поставиле, ќе распореди возможно најмногу единици според нивото Приоритетно распоредување. Бојните линии немаат огранучување за бројот на единиците што ги составуваат, но Крилата и Центрите имаат, што значи дека одредена единица ќе го заземе место според нејзиното Приоритетно распоредување само ако во соодветната Дивизија има доволно слободни места. Ако приоритетните Центар или Крила веќе се пополнети од други единици, преостанатите единици што не можат да бидат распоредени на нивното Приоритетно распоредување, ќе бидат рапоредени во преостанатата Дивизија на Предната линија.

Пример: Влегувате во битка со војска од 60% Копјеносци и 40% Мечувалци во Балансирана формација. Копјеносците имат Приоритетно распоредување на Крилата; Меѓутоа, Балансираната информација по Крилата распоредува само 30% од единиците од Предната линија (по 15% на секое Крило). Затоа, и двете Крила ќе бидат наполно составени од Копјеносци, а преостанатите 30% Копјенсоци ќе се распоредат во Центарот, каде што се борат со казни.

Секогаш треба да се стремите да се борите во Формација, во којашто сите Воени единици ќе можат да се распоредат според своето Приоритетно распоредување.
Приоритетното распоредување на сите единици заБлиска борба е Предната линија.
Приоритетното распоредување на сите Мечувалци е Предната линија - Центар.
Приоритетното распоредување на Коњаницата е Предна линија - Крило.
Приоритетното распоредување на Лесните и Тешките Копјеносци е Предна линија - Крило; Приоритетното Приоритетното распоредување на Фалангите е Предна линија - Центар.
Приоритетното распоредување на сите Стрелци е Линијата на стрелците.
Приоритетното распоредување на сите Опсадни машини, со исклучок на Тараните е Артилериската линија.

Припојување по мирен пат  

Освојување територија без употреба на сила. Во Империја Онлајн по мирен пат можете да припоите слободни терени, независни градови и вазали. Слободните терени во Вашата ексклузивна зона можат да бидат припоени само по мирен пат и за ова е потребно да испратите 25 000 жители кои ќе се населат на новата и територија и да ги платите неопходните ресурси за почетните градби.
При мирно припојување на вазали и независни градови, треба да платите само ресурси еднакви на цената на сите градби во поседот помножени со x1,5.

За повеќе информација околу припојување, кликнете овде.

Припоена провинција  

Територија освоена од играчот во којашто тој има секакви права - изградба, производство, данок, регрутирање, испраќање на напади итн. Потребно е слободно ниво Централизација за да може да биде припоена. Постојат два вида припоени провинции - од независни градови и од празни терени. Припоените независни градови ги задржуваат нивните претходни градби и население. Сите трупи кои присуствувале во опсадата на тврдина исчезнуваат заедно со достапните ресурси. И слободните терени, и независните градови можат да се припојат по мирен пат. Независниот град исто така може да се нападне и припои, но тогаш градбите ќе паднат со едно ниво. Возможно е и припојување на вазали.

За повеќе информација околу припоените провинции, кликнете овде и овде.

Прираст на население  

Зголемување на бројот на население. Зависи од нивото Медицина и присуството на [218]Премиум].

Основен прираст на население: 1 x моментално население /1000+50 помножено со брзината на светот.

Фармите технички не го зголемуваат прирастот; тие ја намалуваат вредноста на загубите на население на час и практично го намалуваат прирастот во подоцните фази од развојот на провинцијата, кога бројот на население е далеку над капацитетот на фармите и загубите се навистина големи.

За повеќе информација околу прирастот, кликнете овде.

Прираст на население  

Вкупната сума од загуби на население и прираст на население. Ако нетниот прираст на население е позитивен, населението продолжува да расте, а ако е негативен, бројот на население започнува прогресивно да опаѓа со секој нареден час, додека нивоата на фармите не ја намалат разликата помеѓу капацитетот на фармите и бројот на население.

Приход  

Тоа што заработува Империјата преку производство, даноци, камата, запленувања, грабежи, итн.

Провинција  

Главна административна единица во "Големите Луѓе". Тоа е заеднички израз за сите територии во зоната околу престолнината кои играчот ги има освоено.

Прогноза за времето  

Систем за климатско време која има позитивни и негативни ефекти на сите империи со промена на секои 24 часа. Повеќе информација може да прочитате овде.

Прогонување  

Опција што дозволува да отстраните благородник ако не сте задоволни од него. Ако благородникот биде прогонет, нема да можете да ги користите бонусите од неговите вештини. Опцијата не е активнна за Императорот и Императорката. Не можете да прогонувате благородници кои очекуваат склучување на династички брак, благородници што чекаат да бидат примени во императорскиот двор како и благородници на возраст помала од 16 години.

Производство  

1. Генерирање на дрво, железо и камен како резултат од вработувањето селани во рудниците. Колку повеќе население има провинцијата, толку повисоко производстсво и корист ќе има од неа. Основно производство за 100 цивили: 100 дрво / 100 железо / 100 камен, тоа може да се зголеми со Премиум, бонуси од терен, нивоа на Тврдина, Бирократија и сојузното истражување Производство.

2. Сојузно истражување чиишто нивоа му додаваат уште 2% на производството на сите членови на сојузот.

Профил  

Профилот на играчот содржи информација за воен развој, медали, ниво на профилот, како и позиција во рангирањето. Профилот е достапен преку мени Информација за играчот.

Профил  

Заедничко има за профил, регистрација и Империја. Профилите се исклучително интелектуална и техничка сопственост на Империја Онлајн и се даваат само за привремена употреба на играчите кои се регистрирале во играта. Сите лични податоци строго се чуваат во тајна и нема никаква опасност за нивно распространување или злоупотреба.

Профил на Голем човек  

Секој портрет на Голем човек во Дворецот води до неговиот профил. Пркеу екранот на профилот можете да го проверите брачниот статус, нивото искуство, вродените таленти и веќе придобиените вештини на Големите луѓе. Можете да ги назначите за наследници на престолот или да ги испратите како Кандидати за брак кај други играчи. Изборот на вештини и платена обука за искуство исто така се извршуваат од профилот на Големиот човек.

Профил поврзан со Facebook  

Ако го поврзите Вашиот профил со Вашиот Facebook профил, ќе можете да играте директно преку Facebook, да ги каните своите пријатели да играат заедно со вас и да добивате специјални награди.

Транспортирај и надогради  

Опција која автоматски ги преместува потребните ресурси за надоградба на единици во припоена провинција од престолнината и започнува обука веднаш, само со еден клик, ако се исполнети следните услови: потребните ресурси се достапни во престолнината и капацитетот на нејзината Транспортна станица е доволен за да ги пренесе одеднаш или го достигнал максималното ниво. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.