Обиколка  

Опција за испраќање на војската далеку за избран временски период без одредена цел, ова се прави со цел да се избегне нејзино уништување од непријателски напади. Максималното времетраење на обиколката е 12 часа.

Обичен терен  

Колонија на терен без бонус. Не му доделува никакви специјални привилегии на неговиот основоположник, но бидејќи нападите врз неа кои се надвор од дозволениот опсег х5 се забранети, а оние кои се надвор од опсег х2 го намалуваат моралот, честа и параметарот на напад на напаѓачот (следејќи ги правилата на секој нормален напад), му дава релативна сигурност на владетелот.

Обичен член  

Сојузник без посебни права во сојузот и без специјални бонуси.

Обука  

Процесот помеѓу регрутација и мобилизација, кога обичните селани стануваат смели војници. Колку е поелитна единицата, толку повеќе време е потребно за обука. Времето за обука се скратува за 20% со активирање на Премиум. Групите на обука се покажуваат во икона на десната страна на мапата на селото.

Ограбувач  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Ја зголемува Силата на грабеж на војската. Ниво 1: +4% сила на грабеж; Ниво 2: +6% сила на грабеж; Ниво 3: +10% сила на грабеж; Ниво 4: +14% сила на грабеж; Ниво 5: +20% сила на грабеж

Одбранбен тактичар  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го зголемува Нападот на сите единици во одбранбената војска. Ниво 1: +1% напад, Ниво 2: +2% напад, Ниво 3: +4% напад, Ниво 4: +6% напад, Ниво 5: +10% напад

Одбранбени градби на тврдина  

Специјални градби на Тврдина што ја засилуваат одбраната и им помагаат на играчите да зачуваат дел од достапните ресурси и население додека се под напад.

Ознака  

Кратенка за пристап до одреден објект на Глобалната мапа. Објект може да биде означен преку лев клик на него и избирање на последната опција. Сите означени објекти се достапни во мени Ознаки кое се наоѓа во долниот лев агол на екранот.. Играчите може да означат до 20 објекти. Сојузниците можат меѓусебно да споделат ознаки, па практично имаат пристап до повеќе од 20 означени објекти.

Оклоп  

Истражување кое ги надоградува животните поени кај сите единици (освен кај опсадните машини), за +5% на ниво. Максималното ниво кое се зема во предвид е 50 (вкупната сума од индивидуалните и сојузните нивоа).

Окрупнување на предмети  

Опција која дозволува обединување на многу предмети со помал ефект од еден и ист вид во еден (или неколку) предмет/и со поголем ефект. Преметите кои можат да се окрупнуваат се од 3 групи:
- предмети за скратување на време - важи за предмети со 1, 5 и 10 минути скратување;
- предмети за искуство - важи за предмети со 100, 200 и 500 поени искуство;
- предмети за премиум – важи за предмети со 15 мин, 30 мин, 1 ч, 6 ч, 12 ч.
За да се појави опцијата за окрупнување (во мени Инвентар) е неопходно играчот да располага со минимален број предмети од секоја група:
- вкупното времетраење на предметите за скратување на време треба да не е помалку од 1 час
- вкупниот број поени на предметите за искуство треба да не е помалку од 2000
- вкупното времетраење на предметите за премиум треба да не е помалку од 24 часа

Опоравување  

Процент од уништените единици кои играчот ги обновува после битката. Процентот на опоравување се зголемува со истражување Воена медицина.

За повеќе информација околу опоравувањето, кликнете овде.

Опсада на тврдина  

Се спроведува после успешна, за напаѓачот, Битка на поле. Ако нема никаква одбранбенавојска на поле, распоредена пред ѕидовите на Тврдината, директно се спроведува битка за Опсада на тврдина каде што војниците во напад се обидуваат да ги срушат непријателските ѕидови на Тврдината и да продолжат со битка со гарнизонот (ако има некакви единици во гарнизот). Со успешна Опсада на тврдина се запленува точно толкаво количество ресурси колку што дозволува капацитетот на носивост на испратените воени единици и товарни колички.

За повеќе информација околу битката за Опсада на тврдина, кликнете овде и ]овде.

Опсадна машина (вид Воена единица)  

Опсадните единици се специјализирани Воени единици чијашто основна функција е рушење на непријателски Тврдини или уништување на противнички Опсадни машини. Според местото на бојното поле, Опсадните машини можат да бидат од вид Разурнувач или Артилерија.

На Опсадните машини најдобро им се спротиставуваат Балисти.

Сите Опсадни машини се градат во градбата Опсадни машини.

Заеднички способности на единиците:
+ Оперативна посада

Список на единиците Опсадни машини:
- Таран
- Катапулт
- Балиста
- Требучет

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Опсадни подобрувања  

Воено истражиување кое дава +3% на нападот и животните поени на опсадните машини. Неопходно за обука на поелитни единици.
Максимално ниво кое се зема во предвид при пресметување - 50 (вкупно индивидуални и сојузнички нивоа).

Опсег на влијание  

Територијалниот израз на сојузното влијание.

Опсег на единици  

Далечина на истрел на далекострелните единици.

Опсег на нето економски поени (опсег)  

Разликата помеѓу нето економските поени на двајца играчи. Нападите врз Империите надвор од опсег x5 (5 пати помали или поголеми на основа на нето економските поени) се забранети. Нападите на Империи надвор од опсег x2 предизвикуваат загуби на морал, чест и сила на напад, за секој 0,1 коефициент разлика надвор од дозволениот опсег. Силата на напад нема да биде намалена за битка надвор од дозволениот опсег x2 ако напаѓачот име помалку нето економски поени од бранителот.

За повеќе информација околу нападите надвор од опсег, кликнете овде.

Оптимален приход  

Копче кое се наоѓа во мени "Вработување работници во сите поседи". Тоа го вработува сето население најпрво да произведува ресурси со највисок бонус; доколку бонусите се еднакви, населението се вработува прво да произведува железо, потоа камен и на крај дрво.

Освојување  

Стекнување целосна контрола, со сите вклучени права, над одредена територија, после спроведување победнички битки во напад за Опсада на тврдина. Во Империја Онлајн можете да освоите: независни градови, празни терени од Вашата ексклузивна зона или во нејзина близина и сојузни замоци.

Ослободено население  

Ослободеното население се дава како награда за победа над Варварски камп од Робовладетели. Се појавува во Инвентарот и може да се добие веднаш или покасно.
Кога ќе изберете да го добиете Ослободеното население, тоа ќе се додаде кон Локалното население во поседот којшто моментално е избран.

Основање  

Стекнување целосна контрола, со сите вклучени права, над определено место на Глобалната мапа и утврдување на административна единица или воен објект на него, готови за користење за различни цели. Во световите на Империја Онлајн може да се основаат следните објекти: колонии, трговски станици, воени станици и собирни пунктови.

Основен гарнизон  

Основниот Гарнизон е големината на Гарнизонот пред да бидат применети ефектите од Истражувања и Вештини.

Гарниознот ги одредува лимитите нападот на Пешадијата на Разурнувачкиот напад за војската што напаѓа Тврдина.

Вредностите на Основниот гарнизон за различните нивиа тврдини се:

Твдина ниво 1: 50 основен гарнизон
Твдина ниво 2: 100 основен гарнизон
Твдина ниво 3: 200 основен гарнизон
Твдина ниво 4: 400 основен гарнизон
Твдина ниво 5: 800 основен гарнизон
Твдина ниво 6: 1 600 основен гарнизон
Твдина ниво 7: 3 200 основен гарнизон
Твдина ниво 8: 6 400 основен гарнизон
Твдина ниво 9: 12 800 основен гарнизон

Офанзивен тактичар  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува Нападот на сите единици во војската што напаѓа. Ниво 1: +1% напад; Ниво 2: +2% напад; Ниво 3: +4% напад, Ниво 4: +6% напад, Ниво 5: +10% напад

Офицер  

Заеднички израз за сите офицери во вториот стадиум на лојалност.

Офицер-Архитект  

Позиција во сојузот што се грижи за изградбата на сојузните градби во замоците. Специјален бонус - 20% побрза изградба, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на Офицер-Архитект, кликнете овде.

Офицер-Дипломат  

Позиција во сојузот што се грижи за меѓусојузните односи и дипломатските позиции со пријателски или непријателски сојузи. Специјален бонус - +1 поен дневно Чест, но само во вториот и третиот стадиум на статус на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на Офицерот-Дипломат, кликнете овде.

Офицер-Научник  

Позиција во сојузот што се грижи за сојузните истражувања. Специјален бонус – 20% побрзо истражување, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на Офицерот-Научник, кликнете овде.

Офицер-Финансист  

Позиција во сојузот што се грижи за средствата и инвестициите во него. Специјален бонус - 50% пониска фиксна провизија, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на Офицерот-Финансист, кликнете овде.

Офицерски кандидат  

Воен чин доделен на играч со 3 000-7 499 воени поени.

Офицерско крило  

Сојузна структурна единица која се состои од сите офицери. Членовите на Офицерското крило имаат индивидуални специјални бонуси.