Гардист  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 20, Оклоп 20, Централизација 11

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Мечувалец
• Приоритетно распоредување: Центар (Предна линија)

Воени способности:

+ Напаѓачка трупа: Оваа единица е приоритетна во составот на Предната линија за време на Напад на тврдина
+ Блиска борба: Напад х 2 против Стрелци
+ Ѕид од штитови: Оваа единица се бори со предност во одбрана - Животни поени x 1.2
+ Последна одбранбена линија: Во гарнизон, оваа единица се бори со предност за време на Запленување на тврдина - Животни поени x 2
+ Елитна трупа: Оваа единица се бори со предност во Центар - Напад x 1.2, Животни поени x 1.2

- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со Напад x 2
- Тешка трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори на Крило: Напад x 0.8, Животни поени x 0.8

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Гарнизон  

гарнизонот го одредува бројот војска, која може да биде распоредена во тврдината. Сите војски надвор од гарнизонот на поседот ќе го пресретнат непријателото во битка на поле, ако поседот е под напад.

Големината на гарнизонод одговара на основниот гарнизо, според нивото на тврдина, плус соодветните бонуси од истражувањето Воена армитектура или генералскта вештина Гарнизонски тактичар.

За војската распоредена во гарнизон не е потребно издржување и останува незасегната од загубите на морал за време на опсада на тврдина. Кога се во гарнизон, нападот на стрелците значително се зголемува. Опсадните машини во гарнизон се бројат за бројото војници еднаков на нивната Оперативна посада.

За време на битка, војските во гарнизонот се распоредени само во две бојни линии: предна линија и артилериска линија. Предната линија на гарнизонот нема дивизии и е составена од коњаница и пешадија.

За време на опсада на тврдина војските во гарнизон можат да бидат напаѓани само од непријателските стрелци и примаат само 20% од нивниот напад. Непријателските стрелци го поставуваат приоритетото врз предната линија на гарнизонот пред артилериската линија.

За време на опсада на тврдина непријателот е напаѓан само од стрелците во гарнизон и артилеријата.

Гарнизонски тактичар  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува Капацитетот на Гарнизонот на Тврдината. Ниво 1: +4% капацитет на гарнизон; Ниво 2: +6% капацитет на гарнизон; Ниво 3: +10% капацитет на гарнизон; Ниво 4: +14% капацитет на гарнизон; Ниво 5: +20% капацитет на гарнизон

Генерал  

Воен чин доделен на играч со 500 000-749 999 воени поени.

Генерал (позиција на Голем човек)  

Позиција достапна за секој Голем човек откако ќе стане полнолетен. Постојат два вида генерали - генерал-заштитник и генерал во напад. Може да има само еден Генерал-заштитник во било која Ваша провинција, колонија или воена станица. Еден Голем човек може да биде гувернер и Генерал-заштитник во само во една и иста провинција, затоа не може да биде назначен за гувернер и генерал-заштитник во различни поседи. Од друга страна, секој гувернер може да биде испратен да води битка во напад од секој друг посед.
Со добиени битки против играчи во опсег x2 или против независни градови, генералите собираат поени искуство и можат да стекнат специјални генералски вештини.

За повеќе информација околу генералите, кликнете овде и овде.

Генерал во напад  

Еден од двата вида на позицијата Генерал. Генерал во напад се назначува кога ја испраќате војската во напад. Секој Голем човек, откако ќе стане полнолетен, може да биде назначен на оваа позиција, вклучително и Императорот. Генералите во напад ја водат војската во мисии во напад против други играчи или независни градови и во исто време можат да се испратат само на една мисија. Како лидери на војската, генералите во напад ѝ доделуваат специјални бонуси од нивните вештини за време на битката.
Кога генерал во напад ќе изгуби опсада на тврдина, битка на поле или грабеж, постои 5% шанса да биде убиен од непријателот.

За повеќе информација околу генералите во напад, кликнете овде.

Генерал мајор  

Воен чин доделен на играч со 225 000-324 999 воени поени.

Генерал потполковник  

Воен чин доделен на играч со 325 000-499 999 воени поени.

Генерал-заштитник  

Еден од двата вида на позицијата Генерал. Ако во еден посед е назначен Генерал-заштитник, тој ја води војската во одбрана и таа користи бонуси од неговите вештини. Ако таму нема Генерал-заштитник, битката се одвива како секогаш, без генералските бонуси. Ако генералот изгуби Опсада на тврдина,битка на поле или грабеж, постои 1% шанса тој да биде убиен од непријателот. Сите Големи луѓе можат да бидат назначени на оваа позиција, вклучително и Императорот. Генералот-заштитник може да биде ослободен од должност во секое време.
Голем човек може да биде и Генерал-заштитник и генерал во напад. Меѓутоа, ако тој е испратен во мисија за напад, а истовремено дојде до непријателска инвазија во провинцијата/колонијата/воената станица каде што е назначен на позиција, тој нема да учествува во одбраната и војската нема да користи бонуси од неговите вештини.

За повеќе информација околу генералите-заштитници, кликнете овде.

Генералски вештини  

Вештини достапни за сите генерали.

Целосен список со генералските вештини може да се разгледа овде.

Генералштаб  

Економска градба.
Вид: Престолнина, Додаток
Предуслови: Дворец 1
Максимално ниво: 16

Додаток на Дворецот. Овозможува да се зголемат нивоата на Генералите преку плаќање со ресурси. Секое ниво после првото на Генералштабот го зголемува за 5% добиеното искуство од обука. На секои 2 нивоа се дозволува паралелна обука на уште еден голем човек со тоа што на 16-то ниво може паралелно да се обучуваат до 8 големи луѓе.

Опцијата за обука на Големите луѓе е достапна во нивниот Профил и подмени Обуки во подмени Генерали заштитници во Дворецот.

Глобален ефект  

Ефект применет на целата Империја.

Глобален настан  

Масовен настан во световите на Империја Онлајн за кое е потребна специфична композиција на војската од страна на играчите со цел победа во зададениот предизвик и награди за најактивните учесници во настанот. Повеќе информација за глобалните настани може да прочитате овде.

Глобален профил  

Употребата на истото корисничко име, имејл за регистрација и лозинка во сите светови во Империја Онлајн значи дека после првата регистрација, избраното корисничко име и имејл стануваат трајно резервирани. Ако играч има профил и сака да се регистрира во нов свет со истите податоци, треба да кликне на линкот 'Веќе имате регистриран профил?' во формуларот за регистрација. Промената на лозинка влијае на сите регистрирани профили поврзани со Глобалниот профил.

Глобална мапа  

Земјите каде што се наоѓа светот на Големите луѓе. Мапа, еднакво и целосно видлива за сите играчи во светот. Место каде што се наоѓаат сите Империи, колонии, сојузни замоци и собирни пунктови и каде што се извршуваат сите воени интеракции помеѓу играчите и сојузите, како што се (напад и шпионажа). Мерката за квадратна површина на Глобалната мапа е една точка = 1 империјална милја. Големината на целата мапа е 2000x2000 точки. Достапна е преку иконата со глобус во левото вертикално мени на основниот екран.

Глобални настани  

Има многу древни тајни за откривање во световите на Империја Онлајн. Тие можат да им донесат многу вредни богатства на оние владетели кои се доволнo храбри да ги бараат. Можност за ова даваат глобалните настани кои се појавуваат во секој свет определено време после почетокот на ерата. Глобалните настани се во форма на епски тврдини, темни места, кули, кои даваат знаење и многу други. Задача на играчите е да планираат и извршат поход против овие објекти со цел да освојат скапоцени награди.

Мрачната тврдина

Функционалност

• Играчите испраќаат војски кои се движат точно 15 минути во насока (вкупно 30 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина х4 и 6 минути во насока (вкупно 12 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина x10. Мрачната тврдина може да биде нападната со моментален напад на цена од 2550 дијаманти во свет со брзина x4 и 1020 дијаманти во свет со брзина x10.
• Мрачната тврдина има огромна количина животни поени, чиешто количество се пресметува на основа на развојот на светот, а како основен фактор во овој развој е количеството обучени војници на сите играчи во последната една седмица.
• Од секој напад се освојува злато, чиешто количество се одредува во зависност од нанесените штети. Ова количество прогресивно намалува. Ако штетите нанесени од играчт се над 10% од почетните животни поени на тврдината, играчот ќе освојува минимално количество злато.
• Опцијата за испраќање на моментален напад не е достапна ако играчот нанесол штети еднакви или поголеми од 20% од вкупното количество животни поени на Мрачната тврдина.
• Личните награди ќе бидат намалени 2 пати во случај Мрачната тврдина да не биде уништена. Најмалата награда може да биде ковчег со 1-часово производство.
• Рангирањето е на основа на вкупно нанесените штети.

Битка

• Во мрачната тврдина нема војска, само огромен ѕид од тврдина. Целта на битката е да ја уништи тврдината.
• Битката завршува кога напаѓачката војска ќе избега заради низок морал.
• Дури и да избегаат заради низок морал, единиците не умираат за време на битката и самата битка секогаш е победничка во полза на играчот.
• Активноста на Мрачната тврдина може да за врши предвремено, ако играчите успеат да ја уништат пред планираниот крај на настанот.


Черепот на богатството

Функционалност

• Играчите испраќаат војски кои се движат точно 15 минути во насока (вкупно 30 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина х4 и 6 минути во насока (вкупно 12 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина x10. Черепот може да биде нападнат со моментален напад на цена од 2550 дијаманти во свет со брзина x4 и 1020 дијаманти во свет со брзина x10.
• Издржливоста на Черепот зависи од развојот на светот со тоа што како основен фактор во овој развој е количеството обучени војници на сите играчи во последната една седмица.
• Максималното количество бисери кои може да ги донесе секој еден напад е 808. Освојувате бисери според процентот од Вашата вкупна војска што ќе го испратите да го нападне Черепот на богатството.
• Бисерите можете да ги трошите за 10 минутно намалување на сите градби и истражувања што се во тек. Цената е 100 бисери во светови со брзина x4 и 250 бисери во светови со брзина x10.
• Ако нанесете штети еднакви или поголеми од 20% од вкупното количество животни поени на Черепот, опцијата за испраќање на моментален напад кон него станува недостапна
• Ќе ги изгубите сите неискористени бисери на крајот од настанот.
• Рангирањето е на основа на вкупно нанесените штети.

Битка

• Во Черепот на богатството нема војска. Нанесените штети се одредуваат од капацитетот на носивост на војската на напаѓачот.
• Играчите не губат воени единици и секоја битка е победничка за нив.
• Активноста на Черепот на богатството може да за врши предвремено, ако играчите успеат да го уништат пред планираниот крај на настанот.


Кулата на знаењето

Функционалност

• Играчите испраќаат шпиони кои се движат точно 15 минути во насока (вкупно 30 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина х4 и 6 минути во насока (вкупно 12 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина x10. Кулата може да биде шпионирана со моментална шпионажа на цена од 2550 дијаманти во свет со брзина x4 и 1020 дијаманти во свет со брзина x10.
• Издржливоста на Кулата зависи од развојот на светот со тоа што како основен фактор во овој развој е количеството обучени шпиони на сите играчи во последната една седмица.
• Допринесувате со разузнавачки поени кај Кулата на знаењето според бројот на испратените шпиони и нивоата на Шпионажа, Контрашпионажа и Извидување.
• Од секоја мисија до Кулата на знаењето може да освоите максимум 808 свитоци. Бројот на освоените свитоци се одресува според процентот од Вашиот вкупен број шпиони кои сте ги испратиле кон Кулата.
• Кон Кулата на знаењето може да испраќате само шпиони.
• Свитоците може да ги користите за 10-минутно скратување на сите истражувања во тек. Цената е 100 свитоци во светови со брзина x4 и 250 свитоци во светови со брзина x10.
• Ако допринесете за 20% или повеќе од почетното количество разузнавачки поени на Кулата, опцијата за моментално испраќање на мисија кон неа станува недостапна
• Ќе ги изгубите сите неискористени свитоци на крајот од настанот.
• Рангирањето е на основа на вкупно нанесените штети.

Мисија

• Во Кулата на знаењето нема војска. Од гледна точка на играчот, тој испраќа шпиони за да помгне во собирањето на свитоци за библиотеката на кулата. Така наместо да намалува животниот показател на кулата (скала на животните поени), тој се зголемува.
• Играчите не губат шпиони и секоја мисија се смета за успешна.
• Активноста на Кулата на знаењето може да за врши предвремено, ако играчите успеат да ја пополнат скалата на животните поени на Кулата пред планираниот крај на настанот.


Камениот затвор

Функционалност

• Играчите испраќаат војски кои се движат точно 15 минути во насока (вкупно 30 минуи за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина х4 и 6 минути во насока (вкупно 12 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина x10. Затворот може да биде нападнат со моментален напад на цена од 2550 дијаманти во свет со брзина x4 и 1020 дијаманти во свет со брзина x10.
• Издржливоста на Затворот зависи од развојот на светот со тоа што како основен фактор во овој развој е количеството обучени војници на сите играчи во последната една седмица.
• Максималното количество тотеми го може да ги добиете од напад по Затворот е 404. Освојувате тотеми според процентот од Вашата вкупна војска што ќе го испратите да го нападне Камениот затвор. Нападите по Камениот затвор не носат злато од снабдувачка пратка.
• Сите единици кои имаат сила на грабеж се соодветни да го напаѓаат Камениот затвор.
• Тотемите може да ги потрошите за да го зголемите прирастот на населението со 20% за 30 минути. Цената е 300 тотеми во светови со брзина x4 и 750 тотеми во светови со брзина x10.
• Бонусот за прираст на населението е за не повеќе од 24 часа.
• Ако нанесете штети еднакви или поголеми од 20% од почетното количество животни поени на затворот, опцијата за испраќање на моментален напад кон него станува недостапна.
• Може да се информирате за времетраењето на бонусот во екраните на Фарми и Куќи во играта.
• Ќе ги загубите сите неискористени тотеми на крајот од настанот.
• Рангирањето е на основа на вкупно нанесените штети.

* Добиените тотеми може да бидат користени не повеќе од 48 пати за моменталниот настан.

Битка

• Во Камениот затвор нема војска. Од гледна точка на играчот тој испраќа војска која да се бори против поробувачи и да ги ослободува запленетите.
• Поени за време на битката се освојуваат на основа на силата на грабеж на восјката.
• Играчите не губат воени единици и секоја мисија се смета за успешна.
• Активноста на Камениот затвор може да за врши предвремено, ако играчите успеат да го уништат пред планираниот крај на настанот.


Вечниот замок

Функционалност

• Играчите испраќаат Големи луѓе кои се движат точно 15 минути во насока (вкупно 30 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина х4 и 6 минути во насока (вкупно 12 минути за одење и враќање, освен при снежно време) во светови со брзина x10. Кон Вечниот замок може да биде испратена делегација моментално на цена од 2550 дијаманти во свет со брзина x4 и 1020 дијаманти во свет со брзина x10.
• Издржливоста на Вечниот замок зависи од силата и просечното количество големи луѓе на сите активни играчи во последните 24 часа.
• Ги намалувате поените на Замокот на основа на силата на испратените Голеим луѓе.
• Од секоја делегација до Замокот може да освоите максимум 606 ордени. Бројот на освоените ордени се одредува според процентот од вкупната сила на делегацијата од Големи луѓе, кои ќе ги испратите кон Вечниот замок.
• Кон Вечниот замок може да испраќате само Големи луѓе.
• Може да ги користите ордените за да го намалите издржувањето на Војската со 10% за 10 минути. Цената е 300 ордени во светови со брзина x4 и 750 ордени во светови со брзина x10.
• Опцијата за моментално испраќање на делегација кон Замокот станува недостапна, ако сте одзеле 20% или повеќе од вкупната количина животни поени на Вечниот замок.
• Ќе ги изгубите сите неискористени ордени на крајот на настанот.
• Рангирањето е на основа на вкупно нанесени штети.

* Добиените ордени може да бидат користени не повеќе од 144 пати за моменталниот настан.

Мисија

• Во Вечниот замок нема војска. Од гледна точка на играчот, тој испраќа делегација која да преговара.
• Играчите не губат големи луѓе.
• Активноста на Вечниот замок може да заврши предвремено, ако играчите успеат да ги одземат неговите животни поени пред планираниот крај на настанот.


Рангирање на Глобалните настани

• Играчите можат да го следат своето рангирање преку табела која се наоѓа во менито за Глобални настани, достапно за време на активен настан.

Голем фестивал  

Еднократен или постепен модификатор на задоволството, со позитивен ефект на моменталната локална вредност на Задоволство. Се организира на Градскиот плоштад. Секој Голем фестивал е во фиксна цена од 340 дијаманти. Може да биде организиран масовен фестивал во сите провинции со коешто цената ќе биде пониска. Основниот ефект е +2 Задоволство и се зголемува за 2 со секое ниво Градски плоштад. Може да биде организиран само еден голем фестивал на секои 24 часа.

Голем човек  

Претставник на владејачката класа во Вашата империја. Секоја империја има свои сопствени Големи луѓе - Император, Императорска фамилија и Благородници. Сите Големи луѓе се наоѓаат во Дворецот. Можете да ги назначувате како гувернери и генерали на Вашите поседи и така ќе добивате бонуси на економскиот и воениот развој на империјата. Можете да ги испраќате во други империи за да склучат брак со членови од Императорските фамилии на други играчи за потпишете договор за династички мир. Ако не сте задоволни од некој аристократ, можете да го прогоните. Опцијата не е валидна за Императорот и Императорката.

Големиот храм  

Посебна градба во Сојузниот замок којашто го зголемува опсегот на културно и воено влијание со определен радиус по ниво. Зголемувањето има тенденција да намалува т.е. со секое следно ниво, разликата помеѓу две нивоа е помала во споредба со претходното.

За повеќе информација околу Големиот храм, кликнете [овде и овде.

Грабеж  

Трупите му нанесуваат штети на противничкото цивилно население. Ако во одбрана има војска на поле, таа мора да се уништи за да се изврши грабежот т.е. пред грабежот се извршува Битка на поле. Злато се заработува за секој убиен селанец. Се казнува со намалување Чест.

За повеќе информација околу Грабеж, кликнете овде, овде и овде.

Градба  

Заеднички израз за сите структури во "Големите Луѓе" чијашто целосна изградба е разделена на нивоа. Секое ниво го зголемува капацитетот на градбата или нејзиниот ефект. Повеќето од нив се локални, со исклучок на двата универзитети и двете академии на науките, како и Чудата - градби кои влијаат на целата Империја. Колку повеќе нивоа има градбата, толку е поразвиена. Сите градби во еден посед се гледаат на мапата на селото. Со клик на некоја градба се отвора прозорец со информација за развојот на соодветната градба или дава директен пристап во неа. Градбите се порачуваат во Градскиот центар.

Градски плоштад  

Економска градба.
Вид: Локална
Максимално ниво: 10

Дозволѕва организирање на Мал или Голем фестивал кој што влијае врз Задоволството на населението во Поседот.
Секое ниво му доделува 1 Задоволство на ефектот од Малиот фестивал.
Секое ниво му доделува 2 Задоволство на ефектот од Големиот фестивал.

Градски центар  

Местото од каде што се градат сите градби.

Група на обука  

Група од војници од ист вид и класа, регрутирани истовремено. Бројот од групите на обука се зголемува преку ниво Воена доктрина.

Гувернер  

Позиција достапна за секој Голем човек откако ќе стане полнолетен. Гувернер може да се назначи во провинција, колонија или трговска станица. Секој голем човек може да биде гувернер на само еден посед во едно и исто време. Императорот секогаш е гувернер на Престолнината и не може да управува со друг посед.
Додека се на својата позиција, гувернерите добиваат нивоа искуство и така можат да се стекнат со различни вештини кои носат специјални бонуси.

За повеќе информација околу гувернерите, кликнете овде.

Гувернерски вештини  

Вештини достапни за сите гувернери.

Целосен список со гувернерските вештини може да се разгледа овде.

Гувернерски штаб  

Економска градба.
Вид: Престолнина, Додаток
Предуслови: Дворец 1
Максимално ниво: 16

Додаток на Дворецот. Овозможува да се зголемат нивоата на Гувернерите преку плаќање со ресурси. Секое ниво после првото на Гувернерски штаб го зголемува за 5% добиеното искуство од обука. На секои 2 нивоа се дозволува паралелна обука на уште еден голем човек со тоа што на 16-то ниво може паралелно да се обучуваат до 8 големи луѓе.


Опцијата за обука на Големите луѓе е достапна во нивниот Профил и подмени Обуки во подмени Гувернери во Дворецот.