Работилница за опсадни машини  

Воена градба.
Вид: Локална, Обука
Предуслови: Воена доктрина 1, Напад од далечина 1
Максимално ниво: 20

Овозможува обука и надоградување на Опсадни машини. Секое ниво го зголемува Капацитетот за обука на градбата.

Единици што можат да бидат обучени овде:
- Таран
- Катапулт
- Балист
- Требучет

Работни места  

Број селани кои можат да бидат вработени во еден рудник.

Работник од империјата  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. го зголемува лимитот на Задоволство. Ниво 1: +2 лимит на задоволство; Ниво 2: +4 лимит на задоволство; Ниво 3: +6 лимит на задоволство; Ниво 4: +8 лимит на задоволство; Ниво 5: +12 лимит на задоволство

Работници  

Населението вработено во рудниците за да произведува дрво, железо или камен и да му биде извлекуван данок во злато.

Радиус  

Единица за опсег на влијание. 1 радиус = 1 Империјална милја

Напомена! Во Империја Онлајн, под радиус не се подразбира истоимениот геометриски израз. Радиус е единица за должина којашто го мери растојанието помеѓу центарот и која и да е крајна точка на кругот на опсегот на влијание на еден сојузен замок.

Разрушители  

Варварско Племе.
Разрушителите се номадски народ што живее од запленување на цивилизирани поседи за храна и богатство. Тие безобѕирно палат и бесат сѐ што ќе им се најде на патот.
Составот на војската кај Разрушителите е балансиран, сите видови воени единици се претставени во слични количества.
Наградата за победа на Разрушителски камп е ресурси.

Разузнавателна единица  

Погледајте шпион.

Разурнувач (вид воена единица)  

Разурнувачки единици се Опсадните машини што за време на Опсада на тврдина ја напаѓаат непријателската Тврдина во [[35Блиска борба]. Тие ѝ се придружуваат на Пешадијата во Напаѓачката линија, меѓутоа имаат одделен Лимит на напад од Пешадијата.
Лимитот на разурнувачки напад е 3 пати поголем од Основниот гарнизон на нападнатата Тврдина, поделен на Оперативната посада на напаѓачките Опсадни машини.
За време на Битка на поле или Запленување на Тврдина, Разурнувачките единици се распоредуваат во Артилериската линија и не напаѓаат други непријателски единици. Многу е веројатно да бидат уништени ако непријателската Пешадија стигне до нив.

Моментално единици од Разурнувачки вид се:

- Таран

Рангирање  

Империја Онлајн е конкурентна игра и во неа има неколку видови на рангирање кои ја претставуваат силата на секој владетел според различни критериуми. Во мени рангирање се наоѓаат Комбинираното рангирање на играчите во светот, Рангирањето по нето економски поени и Сојузното рангирање.

Комбинирано рангирање

Ова е рангирањето на сите играчи во еден свет. Поделена е на 6 категории:

Економија, Воено дело, Истражувања, Градби, Империјален опсег и Големи луѓе. Рангирањето се обновува на секои 2 часа и покажува: корисничко име, ниво на профилот, медали (ако има такви), сојуз и дополнителна информација, специфична за секоја категорија. Има и копче во форма на запчесто тркало кое при клик ги покажува опциите за испраќање на приватна порака и покажување на играчот на Глобалната мапа.

Рангирањето не може да се употребува за воени дејства како напад и шпионава - тие се извршуваат преку Глобалната мапа и Командниот центар.

Како се освојуваат поени во рангирањето?

Економија - поени просперитет се добиваат преку зголемување на производството и населението на империјата, прирастот на населението и Задоволството.
Воено дело - воен рејтинг се освојува преку победа во битки против играчи, независни градови и варварски кампови. Воен рејтинг се губи при загуба на битка против истите. Системот е на основа на ЕЛО коефициентот, каде што колку посилни играчи победувате, толку повеќе поени освојувате и обратното - колку послаби играчи Ве победуваат, толку повеќе поени губите. Сите играчи почнуваат со боен рејтинг од 1000 поени.
Истражувања - технолошки поени се освојуваат преку завршување на економски и воени истражувања.
Градби - градежни поени се освојуваат преку завршување на економски и воени градби.
Империјален опсег - рангирањето го одразува опсегот на Вашата империја и бројот провинции, колонии, вазали, трговски и воени станици.
Големи луѓе - рангирање според возраста на најстариот голем човек.

Во секоја категорија играчите се натпреваруваат во 6 лиги. Во секоја лига има фиксен број позиции, со исклучок на дрвената, така што само најдобрите од најдобрите владетели можат да заземат место во неа. Лигите се:

Дрвена - без ограничување во бројот играчи
Железна - 500 играчи
Бронзена - 300 играчи
Сребрена - 200 играчи
Златна - 100 играчи
Платинска - 50 играчи

Позицијата на играчите во лигите се обновува еднаш на 24 часа.

Како да преминам во повисока лига?

За да преминете во повисока лига треба да одговарате на одреден услов - да имате доволно поени од даден вид. Видот и бројот поени, неопходни за преминување во дадена лига, се покажуваат во тултипот на иконата на лигата.

Сала на славата

Ова е најпрестижното рангирање во Империја Онлајн. Таа е индивидуални и ги рангира најдобрите 100 играчи глобално во Империја Онлајн за последните 365 дена, пресметано од моменталниот датум. Рангирањето содржи архива за рангирањата на сите завршени ери на светови во историјата на Империја Оналјн. Топ 100 играчите во Сала на славата добиваат поени за својата победа на крајот на ерата на светот и победи во првенствата на Империја Онлајн. Сала на слаата се наоѓа на почетната страница на играта.

Рангирање "Моите пријатели"  

[%390$dРангирање] што го покажува развојот на Вашите Facebook пријатели. Можете да каните пријатели да се вклучат во играта и да добивате награди.

Распоредување  

Утврдување на трупи во одредена зона на битка или одбранбена позиција како бојно поле, гарнизон, кули.

Расформирање  

Расформирање на војници. Враќа 50% од инвестираните ресурси.
Во период од 24 часа, сметан од моментот на последното извршено расформирање, може да расформирате војска чијашто нето вредност не надминува 25% од нето вредноста на моменталната војска. Во случај да сте расформирале помалку од овој процент, нето вредноста на секоја дополнителна војска со која сте се здобиле во овој период, ќе се додаде кон моменталната и ќе се зема во предвид до достигнување на лимитот за расформирање.

Рачно наследување  

Рачно избирање на наследник на Императорот од страна на играчот.

За повеќе информација околу рачното наследување, кликнете овде.

Регрутација  

Порачувањето обука на единици во соодветните касарни. Регрутацијата се плаќа во дрво и железо, цената се зголемува во согласност со класите - лесна, тешка, елитна, и невработено население – по еден селанец за еден војник, но за изградба на една опсадна машина е потребно повеќе од еден селанец.

Ред за чекање  

Опција која додава дополнителни места за вложување на ресурси. Има редови за чекање на градби, истражувања и војска.

Ред за чекање на војска  

Додавање групи за обука во ред за чекање во случај касарните да останат без слободни места, а сѐ уште има слободни групи, дозволени од нивото Воена доктрина. Групите за обука ќе се обучуваат една после друга. Ако поседувате доволно ресурси и население можете да ги регрутирате и/или надоградите сите преостанати групи за обука одеднаш, но не заборавјте дека сѐ уште ќе бидат во редот за чекање. Првата група за обука, од редот во истата провинција и во истата касарна може да биде моментално обучена за дијаманти. За секоја група на која ѝ преостануваат помалку од 6 часа се потребни 170 дијаманти. Моменталната обука на една група подразбира повторно пресметување на преостанатото време на другите групи во редот.

Напомена! Редот за чекање на војска не е достапен кога Империјата е под напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Ред за чекање на градби  

Играчите имаат можност истовремено да додадат до 4 градби (4 економските и 4 воените се во одделни редови) во ред за чекање и тие автоматски ќе се исполнуваат една после друга. Сите градби, освен првато, се во мод на чекање - нивните бројачи се замрзнати и времето ќе почне да им се намалува кога ќе достигнат прва позиција во редот. Градба која е во чекање, може да биде преместена на прво место во редот за чекање. Прогресот на поместената градба не се поништува, само се паузира. Сите градби кои се во тек, можат да бидат откажани и со тоа назад се враќаат 50% од инвестираните ресурси. Повеќе од едно ниво на истата градба може да биде порачано во редот, но само последното порачано може да биде откажано. Секоја градба со помалку од 12 преостанато време за изградба може да биде моментално завршена за дијаманти.

Напомена! И редот за чекање и откажувањето на градба не се достапни кога империјата е под напад*. Откажувањето и разместувањето на градби во редот за чекање се достапни за профили со повеќе од 200 нето економски поени.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Ред за чекање на истражувања  

Играчите имаат можност истовремено да додадат до 4 истражувања (4 економски и 4 воени) во ред за чекање и тие автоматски ќе се исполнуваат едно после друго. Сите истражувања, освен првото, се во мод на чекање - нивните бројачи се замрзнати и времето ќе почне да им се намалува кога ќе достигнат прва позиција во редот. Истражување кое е во чекање, може да биде преместено на прво место во редот за чекање. Прогресот на поместеното истражување не се поништува, само се паузира. Сите истражувања кои се во тек, можат да бидат откажани и со тоа назад се враќаат 50% од инвестираните ресурси. Повеќе од едно ниво на исто истражување може да биде порачано во редот, но само последното порачано може да биде откажано. Секое истражување со помалку од 3 преостанато време за истражување може да биде моментално завршено за дијаманти.

Напомена! И редот за чекање и откажувањето на истражување не се достапни кога империјата е под напад*. Откажувањето и разместувањето истражувања во редот за чекање се достапни за профили со ниво 7 или повисоко.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Резерва  

Служи за пополнување на предните зони во случај на иѕгубени единици на Крилата или Центарот. Ако две зони истовремено се пробиени од непријателската војска, тогаш една од нив се избира на случаен принцип и се пополнува од резервните единици.

Рестарт на свет  

Еден свет се рестартира кога неговата ера ќе заврши. Ерата завршува на датум, одреден од администрацијата на Империја Онлајн.

Што се случува кога светот ќе се рестартира?

- Профилите се пренесуваат во новата ера, но на различна локација на Глобалната мапа.
- Развојот на Империите започнува од 0.
- Дијамантите и Премиум членствата исто така се пренесуваат.
- Сојузите автоматски ја започнуваат новата ера со истиот состав на членови како што и ја завршиле претходната ера, без потреба повторно да се создаваат и рачно да се покануваат сите членови. Пренесениот сојуз подразбира: исто име, исти членови на исти позиции (освен сојузните командири), но со 0 статус на лојалност, нема поседи, нема војска, сојузната ризница е празна, истражувањата се на 0, дипломатските односи не се валидни; неактивните сојузници (оние кои сѐ уште не се најавиле во профилите) може да бидат исфрлени од лидерот кога тој има најмалку 1000 нето економски поени.

Ресурс  

Добрата кои работниците ги произведуваат во рудниците на империјата како и даноците извлечени од населението. Сите тие можат да се инвестираат во градби, истражувања и војска.

Робовладетели  

Варварско Племе.
Робовладетелите се номадски народ кој го лови и заробува незаштитеното население од територите низ кои поминува. Потоа го користат за робови или го продаваат на побезкурпулозни 'цивилизирани' трговци.
Составот на војската кај Робовладетелите е насочен кон изненадувачки напади и потери, со мало присуство на Пешадија и големо количество Коњаница.
Наградата за победа над Робовладетелски камп е ресурси и Ослободено население.

Ров  

Воена Градба.
Вид: Локална, Додаток, Одбранбена структура
Предуслови: Утврдување 1, Воена архитектура 3, Тврдина 4
Максимано ниво: 10

Додаток на Тврдина. За време на Напад на тврдина, секое ниво Ров ги намалува Животните поени на сите непријателски единици од Напаѓачката линија за 2%.

Рудар  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува производството на Железо. Ниво 1: +2% производство; Ниво 2: +4% производство; Ниво 3: +6% производство; Ниво 4: +8% производство; Ниво 5: +12% производство

Рудник  

Заеднички израз за сите градби каде што се произведуваат ресурси.

Рудник за железо  

Економска градба.
Вид: Локална, Производство
Предуслови: Архитектура 1
Максимално ниво: 35

Овозможува производство на ресурс Железо. Секое ниво ги зголемува местата за работници во градбата.

Рунда  

Дел, ниво, фрагмент од битката. Сите битки се поделени во рунди во кои единиците нанесуваат и трпат штети во согласност со сопствениот и противничкиот напад и животни поени. Колку повеќе рунди има битката, толку поголеми ќе бидат загубите на единици и Морал.