Порака за трансакција  

Порака која информира за резултатите на трговска трансакција, како што се: успешно продадена понуда или истечена понуда, резултати од пренос на злато, како што се: успешно пренесено злато на сојузник и успешно добиено злато од сојузник. Трансакциските пораки пристигнуваат во сив плик и се чуваат во подменито Системски во мени Пораки, означени како Трансакции.

Таверна  

Градба достапна во сите припоени провинции, колонии, трговски и воени станици каде што можете да играте лотарија за да освоите дополнително злато.

Таверната се појавува во селото веднаш кога ќе завршите со Советникот.

Таен агент  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. доделува дополнителни нивоа Контрашпионажа. Ниво 1: +1 ниво; Ниво 2: +2 нивоа; Ниво 3: +3 нивоа; Ниво 4: +4 нивоа; Ниво 5: +5 нивоа

Тактики  

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за употреба на формации. Секое ниво отвора пристап до 1 формација.

Тактичар на поле  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Ги зголемува Животните поени на Војската на поле. Ниво 1: +1% животни поени; Ниво 2: +2% животни поени; Ниво 3: +4% животни поени; Ниво 4: +6% животни поени; Ниво 5: +10% животни поени

Таленти  

Особини на Големите луѓе пренесени од нивните родители. Секој голем човек наследува по еден талент од неговиот татко и по еден талент од неговата мајка, по случаен избор. Големиот човек ги поседува овие два вродени талента од неговото раѓање до неговата смрт и тие не можат да се променат. Наследникот на престолот има 2 талента и специјалната особина Наследник. Императорот исто така има една дополнителна особина - Император и може да придобие уште една - Нечесен, при нарушување на династички мир со друг играч.

Таран  

Воена единица.
Градба: Опсадни машини
Предуслови: Воена подготовка 1

• Вид: Блиска борба, [[21Опсаднa машинa, Разурнувач
• Приоритетно распоредување: Напаѓачка група

Воени способности:

• Разрушител: Оваа единица може да напаѓа само Тврдини; надвор од Нападот на тврдината, единицата е распоредена во Артилериската линија
• Пешадиска поддршка: За време на Напад на тврдина, оваа единица се позиционира во Напаѓачката линија и напаѓа заедно со преостанатиот дел од пешадијата; бројот на единиците коишто можат истовремено да напаѓаат е еднаков на лимитот на пешадија во напад поделен со бројот на Оперативната посада
• Оперативна посада: Потребно е 35 невработено население за регрутација; зазема 35 места во гарнизон.

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Тврдина  

Главната одбранбена градба на поседот.
- Тврдината го одредува максималниот капацитет на ресурси кои можат да се складираат во провинцијата.
- Секое ниво го зголемува производството на ресурси.
- Ако е уништена, може да се поправи за цената на нејзиното претходно ниво, т.е. 25% од цената на моменталното ниво. Сѐ уште може да се порачуваат градби и истражувања додека е уништена, но бонусот на производство и животни поени е помал - тој одговара на бонусот од претходното ниво.
- Нејзините животни поени се зголемуваат преку нивоа Утврдување.

Тежок коњаник  

Воена единица.
Градба: Касарна за коњаница
Предуслови: Напад од блиску 10, Воени коњи 10, Оклоп 10, Воена подготовка 8, Централизација 6

• Вид: Блиска борба, Коњаница
• Приоритетно распоредување: Крило (Предна линија)

Воени способности:

+ Јуриш: Оваа единица има предност во првата рунда од битката - Напад x 1.5
+ Блиска борба: Напад x 4 против Стрелци
+ Коњанички бој: Напад x 2 против Мечувалци
+ Маневри: Оваа единица има предност кога се бори на Крило - Напад x 1.2, Животни поени x 1.2

- Ранливи од Копјеносци: Против оваа единица, Тешките копјеносци и Фаланги се борат со зголемен Напад
- Кратко оружје: Напад x 0.17 против Копјеносци
- Јавач: Оваа единица не може да напаѓа за време на Напад на тврдина
- Недостаток во тесни пространства: Оваа единица трпи казни за време на Запленување на тврдина - Напад x 0.5, Животни поени x 0.5

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Тежок копјеносец  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 1, [338]Воена доктрина] 2, Централизација 6, Воена подготовка 8

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Копјеносец
• Приоритетно распоредување: Крило (Предна линија)

Воени способности:

+ Долго оружје: Напад x 2 против Коњаница
+ Ѕид од копја: Оваа единица е отпорна на бонусот од Јуриш при Напад на Коњаница

- Ранливи од Стрелци: Против оваа единица, сите Стрелци се борат со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.5 против Мечувалци
- Лесна трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори во Центар - Напад x 0.9, Животни поени x 0.9

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Тежок мечувалец  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 10, Оклоп 10, Централизација 6

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Мечувалец
• Приоритетно распоредување: Центар (Предна линија)

Воени способности:

+ Напаѓачка трупа: Оваа единица е приоритетна во составот на Предната линија за време на Напад на тврдина
+ Блиска борба: Напад х 2 против Стрелци
+ Ѕид од штитови: Оваа единица се бори со предност во одбрана - Животни поени x 1.2

- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со Напад x 2
- Тешка трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори на Крило: Напад x 0.9, Животни поени x 0.9

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Тежок стрелец  

Воена единица.
Градба: Касарна за стрелци
Предуслови: Напад од далечина 10, Централизација 6


• Вид: Далекострелна, Пешадија, Стрелец
• Приоритетно распоредување: Линија на стрелци

Воени способности:

+ Голем дострел: Оваа единица има 2 дополнителни Напади во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба
+ Поволна позиција: Кога е во Гарнизон, оваа единица се бори со предност за време на Напад на тврдина - Напад x 4
+ Прикриен оган: За време на Напад на тврдина, оваа единица стрела по заштитниците во гарнизон со Напад x 0.2
+ Дожд од стрели: Напад x 3 против Копјеносци

- Ранливи од Мечувалци: Против оваа единица, сите Мечувалци се борат со зголемен Напад
- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.33 против Мечувалци
- Слаб дух: Оваа единица трпи казни кога е нападната од единица за Блиска борба - Напад х 0.33
- Тул: 18 стрели; кога муницијата ќе се потроши, оваа единица останува на својата позиција додека не биде нападната во блиска борба

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Терен  

Секое место на Глобалната мапа кое може да се искористи за основање на различни административни единици или на кое веќе има постоечки објекти што можат да бидат освоени. Теренот може да биде неутрален или да предлага различни модификатори, бонуси или негативни евекти соодветно со неговиот вид.

за повеќе информација околу видовите терени и нивните ефекти, кликнете овде

Терен на колонија  

Карактерот на одредено место на Глобалната мапа каде што може да биде основана колонија. Терените на колониите можат да бидат слободни места на мапата со модификатори во зависност од видот на терен или терени со специјални ресурси кои доделуваат глобални бонуси.

Терен на провинција  

Терените каде што се наоѓаат припоените провинции - поделени на 6 вида според географскиот релјеф. Секој вид доделува различни модификатори кои се применуваат на производството на ресурси, нападот, одбраната, параметарот на напад на единиците итн.

За да научите повеќе за карактеристиките на терените на провинциите, кликнете овде.

Терен со специјални ресурси  

Бонус терени за колониите, распоредени по случаен принцип по Глобалната мапа. Тие доделуваат различни видови бонуси со глобален ефект врз целата Империја. Нападите врз колониите или трговските станици, основани на терени со Специјални бонуси, немаат лимити за опсегот на нето економски поени и последователно нема казни на моралот, честа и нападот за напаѓачот.

За повеќе информација околу специјалните ресурси и бонуси, кликнете овде.

Теренски исцелител  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува Обновувањето на единици после битка. Ниво 1: +2%; Ниво 2: +4%; Ниво 3: +6%; Ниво 4: +8%; Ниво 5: +12%

Технолошки калкулатор  

Опција каде може да го внесето своето моментално ниво на одредена градба/истражување и нивото на Архитектура/Универзитет/Воен Универзитет/Академија на науките/Академија на воените науки за да би ја пресметале цената на повисоко ниво. Се наоѓа во Технолошкото стебло.

Технолошко стебло  

Помошна алатка која ги покажува сите барања за сите нивоа на градби и истражувања и сите воени единици. Се наоѓа во долното мени, под мапата на селото.

Тешка единица  

Средната класа воени единици. Најлесно ги бранат и напаѓаат тешките класи нивоа на Тврдини - 4, 5, 6.
Тешки единици се: тешки стрелци, тешки копјеносци, тешки мечувалци, тешка коњаница, катапулти и балисти.

Товарна количка  

Воена единица.
Градба: Опсадни машини

Товарните колички можат да бидат испратени на Мисија заедно со друго Воени единици. Нивниот Капацитет на носивост значајно го зголемува количеството ресурси што Вашата војска може да го донесе после успешна битка.

• Вид: Пратка
• Приоритетно распоредување: Нема

- Колатерална штета: Ако битката е изгубена, оваа единица е уништена

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Транпорт и изградба  

Опција која автоматски ги транспортира ресурсите од престолнината, потребни за изградба во припоена провинција и ја започнува изградбата веднаш, само со еден клик, ако се исполнети следните услови: потребните ресурси се достапни во престолнината и капацитетот на нејзината Транспортна станица е доволно голем за да ги транспортира нив одеднаш или го достигнал максималното ниво. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Транспорт  

Преместување ресурси од една до друга административна единица. Транспортот може да циркулира во границите на Ексклузивната зона или припоените провинции и други поседи на играчот на Глобалната мапа.

Транспортирај и регрутирај  

Опција која автоматски ги преместува потребните ресурси за регрутација на војска во припоена провинција од престолнината и започнува обука веднаш, само со еден клик, ако се исполнети следните услови: потребните ресурси се достапни во престолнината и капацитетот на нејзината Транспортна станица е доволен за да ги пренесе одеднаш или го достигнал максималното ниво. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Транспортна единица  

Погледајте товарна количка.

Транспортна мисија  

Преместување на ресурси помеѓу припоени провинции преку Транспортна станица или помеѓу главната Империјаколонија преку товарни колички.

Транспортна станица  

Градба која го извршува Империјалниот транспорт. Секое ниво го зголемува количеството дозволен [ресурс за транспортирање. При достигање на максимално ниво, можете да го преместите целиот достапен ресурс одеднаш. Во случај кога кон Вас е испратен напад што заклучува, се применува лимит на транспортирање. Во Транспортната станица се истоварува златото, пренесено од сојузник, преку неа се извршува пренос на злато на сојузник. Капацитетот на транспортните станици се зголемува двојно преку активирање на Премиум.

Трансфер на злато  

Испраќање злато на сојузник. Но, се разбира, ограничено. Играчите може да испраќаат и примаат не повеќе од 10% од нивната моментална нето вредност во златен еквивалент. Трансферот е оданочен. Колку што играчот е поблиску до својот лимит, толку повеќе злато за данок ќе се изгуби. Златото се испраќа со товарни колички и се прима во Транспортна станица.

Напомена! За успешно да пренесете злато, потребна Ви е Транспортна Станица и товарни колички. Златото се испраќа преку подмени Трансфер на злато во Транспортната Станица.

За повеќе информација околу преносот на злато, кликнете овде.

Трговец со ресурси  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува капацитетот на Пазарот. Ниво 1: +10% капацитет на пазарот; Ниво 2: +20% капацитет на пазарот; Ниво 3: +30% капацитет на пазарот; Ниво 4: +40% капацитет на пазарот; Ниво 5: +60% капацитет на пазарот

Трговија  

Истражување кое го зголемува трговскиот потенцијал на сите поседи. Секое ниво дава 2% зголемување. Трговијата исто така го намалува времето за истражување на пазарни односи, трговска логистика и трговска администрација.

Трговска логистика  

Истражување што го зголемува растојанието од Вашата империја до местото на коешто може да биде основана трговска станица. 1-во ниво дава поле со радиус од 20 имеријални милји од Престолнината. Секое наредно ниво е поефикасно од претходното со 8% и му додава уште 5 империјални милји на радиусот.

Трговска провизија  

Продажна провизија, се одзема само кога понудата е продадена. Основна трговска провизија - 40%, но може да се намали за 2% по ниво преку истражување Пазарни односи.

Трговска станица  

Посед на Глобалната мапа што зазема 1 точка (1х1 ИМ) и може да биде основан единствено на терен со специјален ресурс надвор од ексклузивната зона. Може да граничи со трговска станица, колонија, воена станица или вазал од друг играч. Не може да граничи со империја од друг играч. Бонусот од специјалниот ресурс влијае врз целата империја. Изградба на трговски пат доделува дополнително злато од трговскиот потенцијал.

За повеќе информација околу трговските станици, кликнете овде.

Трговски биланс  

Историја на нумеричкиот преглед на трансферот на злато - извршените преноси на злато и добиеното злато. Кога никакво злато не е испраќано ниту добивано,трговскиот биланс е 0, а секој испратен износ е одземен и секој добиен износ додаден на бројот на трговскиот биланс.

За повеќе информација околу трговскиот биланс, кликнете овде.

Трговски пат  

Градба која се гради во колонии и трговски станици. Ја игра истата улога како и империјалните патишта помеѓу припоените провинции. Секое ниво дозволува искористување на трговскиот потенцијал на поседот со 10%.

Трговски потенцијал  

Акстрактна мерна единици која ја одредува можноста еден посед да заработи дополнително злато, а тоа се додава директно во ризницата. За припоените провинции потенцијалот се пресметува на основа на бројот население во двете соседни провинции и се одредува според поседот со помалку население. Колку што има повеќе жители, толку поголем ќе биде и потенцијалот. Трговскиот потенцијал не може да се користи ако не се изградени империјални патишта помеѓу провинциите. Секое ниво империјален пат дозволува 10% искористување на потенцијалот (во помалку населениот посед). Колониите работат на истиот принцип, но во нив е потребно да се изгради трговски пат за да може да се употребува потенцијалот.

Трговскиот потенцијал за трговските станици се одредува според видот на специјалниот ресурс на којшто се наоѓаат.

За повеќе информација околу Трговскиот потенцијал, кликнете овде.

Требучет  

Воена единица.
Градба: Опсадни машини
Предуслови: Воена подготовка 15, Опсадни подобрувања 20, Централизација 11

• Вид: Далекострелна, Опсадна машина, Артилерија
• Приоритетно распоредување: Артилериска линија

Воени способности:

+ Разурнувач на ѕидови: Оваа единица има предност кога напаѓа Тврдина - Напад x 1.5
+ Голем дострел: Оваа единица има 3 дополнителни Напади во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба

• Неточна: Напад x 0.15 против Пешадија, Коњаница и Опсадни машини
• Зона на штети: Во Битка на поле и Напад на тврдина, нападот на оваа единица пропорционално се распределува помеѓу сите непријателски линии, Крила и Центри (Резервата не е засегната)
• Оперативна посада: Потребно е 75 невработено население за регрутација; зазема 75 места во гарнизон.

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Трибина  

Се наоѓа во менито Пораки >> подмени Трибина и е соба за разговор помеѓу сојузниците и сите членови, без разлика на позицијата, може да оставаат моментални пораки што хронолошки се покажуваат - најстарата порака се наоѓа на дното на прозорецот, а најновата - на врвот. Сите нови пораки од трибината во пораките се покажуваат со сив плик.

Трка за територија  

Ова е турнир ориентиран кон сојузната игра, чијашто цел е освојувањето на замоци, кои да бидат задржани возможно најдолго под влијанието на даден сојуз. На мапата на светот има 36 замоци, кои можат да бидат превземени преку модулот Преданост. Успешните опсади против сојузен замок не намалуваат нивоа од неговата тврдина, а ќе одземаат поени од показателот "преданост". Секој замок има максимално допуштена преданост во зависност од нивото на неговата тврдина. Единствениот начин за зголемување на преданоста е преку време. Кога еден сојуз ќе изврши успешна опсада на тврдина против даден замок, од замокот ќе се одземе одредено количество преданост. Точната вредност на одземеното се одредува од сојузното истражување - "Освојувач". Колку е повисоко неговото ниво, толку повеќе поени преданост можат да се одземат со 1 удар. Замокот се смета за преземен кога сојуз ќе успее да ја намали неговата преданост до 0. Независните замоци немаат преданост. Еден независен замок се смета за освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 единици. Освен тоа, кон секој замок, контролиран од сојуз, се пуштаат растечки по ниво номадски напади на определено време. Секој запрен напад дава заштитни поени. Замокот може истовремено да биде напаѓан и од други сојузи. Рангирањето е според вкупниот резултат од собрани заштитни поени. Наградите во турнирот се дијаманти и специјални медали.

Повеќе информација и целосните правила на Трка за територија може да ги пронајдете овде.

Тркало на среќата  

Генератор на награди во играта. На секои 12 часа гледате тркало со различни награди и 1 вртење. За секое вртење добивате по 1 поен од вртење, но не и повеќе од 12 поени во рамките на 1 ден. Со достигнување на одреден број поени, можете да ја земете наградата од ковчегот или да собирате уште поени за поголема награда. Неотворените ковчези се префрлаат во следната сезона. Ако при вртење добиете награда дијаманти, тие ќе бидат времени со времетраење 168ч.

Трошок  

Тоа што го троши Империјатаиздржување на војска, сојузен данок, отплаќање на кредит, градби, истражувања, регрутација, фестивали, основање на колониии, сојузни донации, поправка на тврдини.

Турнири  

Натпревари кои покриваат различни аспекти на играта:

Економски развој;
Воен развој, напади и покорување на противници;
Сите други важни аспекти од играта.

Основните категории на турнирите се две:
• Соло турнири во кои е потребно владетелите да постигнат високи лични достигнувања и резултати;
• Сојузни турнири во кои е важна само тимската игра за постигнување на резултати.

Турнирите имаат нивоа реткост - некои турнири се паѓаат поретко, но се подолги, поепски и со поголем број награди. Наградите се разделени на чекори во зависност од постигнатиот резултат и се добиваат на крајот на секој турнир.

Видовите награди можат да бидат:
Дијаманти;
Ресурси;
Различни предмети.

• Играчите од светови со брзина х4 учествуваат во глобални турнири и се распределени по групи според своите нето економски поени. Тие се натпреваруваат со сите играчи во овие светови, а не само со тие во својот свет.
• Играчите во световите со брзина х10 се натпреваруваат помеѓу себе без да бидат рапределувани во групи по нето економски поени.
• Разделувањето во групи се случува само на почетокот на секој турнир. Ако играч помине над или под нето економските поени, одредени за неговата група, тој нема да биде преместен во друга група додека трае турнирот.