Вазал  

Eдна од административните единици на Глобалната мапа. Единствено независните градови можат да бидат освојувани и претворени во вазали. Потребно Ви е најмалку едно ниво Централизација за да можете да претворате во вазал. Населението од вазалот не расте, останува исто до припојувањето на вазалот. Вазалите плаќаат данок во злато извлечен од целото население таму. Во одреден момент можете или да го ослободите вазалот или да го припоите ако граничи со некоја од Вашите припоени провинции. За ова исто така е потребно слободно ниво Централизација. За да можете да претворите во вазал независен град кој се наоѓа подалеку од Вашата ексклузивна зона, потребно е да истражите Вазална логистика. Останете внимателни бидејќи други играчи можат да ги освојат Вашите вазали.

За повеќе информација околу вазалите, кликнете овде.

Вазална логистика  

Истражување што го зголемува растојанието од Вашата империја до местото на вазалот. 1-во ниво Вазална логистика дава поле со радиус од 10 имеријални милји од Престолнината во рамките на коешто можете да ги претворате во вазали независните градови. Секое наредно ниво е поефикасно од претходното со 8% и му додава уште 5 Империјални милји на радиусот.

Варварски камп  

Неутрални населби на Глобалната мапа.
Варварските кампови можат да му припаѓаат на едно или на неколку Племиња, секое со свои сопствени карактеристики.
Секој Варварски камп има Ниво кое варира од 1 до 15, нивото ја претставува негоата целокупна сила. Колку покасно во Ерата ќе се појави Кампот, толку повисоко ќе биде неговото ниво. Нивото влијае на неколку карактеристики на Кампот, вклучувајќи ја и силата на војската.
Секој Варварски камп може да биде шпиониран или нападнат, како и секој друг посед. За разлика од другите поседи, Кампот нема Тврдина и нападите против него секогаш се извршуваат како Битка на поле. Кога еден варварски камп е победен, тој исчезнува од Глобалната мапа.
Секој свет е населен со точно одреден број Варварски кампови, а бројноста на одделните племиња се одредува на случаен принцип. Како што играчите ги уништуваат камповите, Светот повторно се населува до почетниот број, еднаш на секои 24 часа. Новите Кампови се појавуваат во близина на уништените.
Варварските кампови често се населуваат до Специјални ресурси и пречат да се основаат Трговски станици и Колонии, сѐ додека не бидат уништени.

За повеќе информација во врска со Варварските кампови, кликнете овде.

Ветеран  

Заеднички израз за сите обични членови во вториот и третиот стадиум на лојалност.

Вештини  

Специјални особини кои ги добиваат Големите луѓе кога ќе достигнат ново ниво искуство на позициите гувернер и генерал. Кога гувернер/генерал ќе го достигне следното ниво искуство, се отклучува избор за нова вештина и играчот може да избира помеѓу две вештини. Сите вештини имаат 5 степени (или нивоа), затоа откако е добиена првата вештина за позицијата, сите наредни предлози секогаш вклучуваат надоградување на веќе поседувана вештина и нова вештина.
Гувернерите и генералите можат побрзо да го зголемат своето искуство преку платена обука ако ги изградите потребните нивоа Гувернерски штаб и Генералштаб во Дворецот.
Постојат три категории вештини: генералски, гувернерски и вештини достапни само за Императорот.
Сите вештини од еден Голем човек можат да се ресетираат од играчот за цена од 3400 дијаманти.

За повеќе информација околу вештините кликнете овде. Можете да ги видите сите видови вештини овде.

Висока даночна стапка  

Петто даночно ниво. 250 злато од 100 работници на час. Одзема 50 Задоволство за 24 часа.

Владејачки дела  

Владејачките дела се модул кој е достапен за сите играчи во веб-верзијата на играта. Негови основни карактеристики: Добивате нови дела на секои 6 часа. Колку повеќе време е потребно за да се аврши едно дело, толку поголема награда во ресурси ќе добиете. Освен ресурси, со секое дело имате шанса да добиете и предмет. Членството во сојуз и активираниот премиум отклучуваат дополнителни категории. Премиумот ги зголемува делата што ги добивате во категории Индивидуални и Сојузни. Истовремено можете да исполнувате по 1 дело од категорија.

Владетел  

Сопственикот на одредена Империја, главните територии и колонии.

Војна  

17-часовен воен судар помеѓу два сојуза којшто дава воени поени и воени приходи.

За подетална информација околу правилата, условите и целите на војната, кликнете овде.

Војник  

Заеднички израз за сите човечки видови воени единици, независно од класата.
Војници се: стрелци, копјеносци, мечувалци и коњаница.

Војска на поле  

Единици распоредени на поле пред Тврдината.

Водење/објавување војна  

Преминување од Неутралност или Непријателство во воен однос.

Водич  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Ја зголемува Брзината на војската што патува. Ниво 1: +4% брзина; Ниво 2: +6% брзина; Ниво 3: +10% брзина; Ниво 4: +14% брзина; Ниво 3: +20% брзина

Водник  

Воен чин доделен на играч со 150-249 воени поени.

Воен градител  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го намалува времето за Изградба на Воени градби. Ниво 1: - 1% време за изградба; Ниво 2: - 2% време за изградба; Ниво 3: - 4% време за изградба; Ниво 4: - 6% време за изградба; Ниво 5: - 10% време за изградба

Воен економист  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го намалува Издржувањето на целата војска. Ниво 1: -1% издржување; Ниво 2: -2% издржување; Ниво 3: -4% издржување; Ниво 4: -6% издржување; Ниво 5: -10% издржување

Воен камп  

Специјална градба во воените станици која овозможува распоредување на војници во поседот. Секое ниво Воен камп дозволува распоредување на 120 000 војска на поле.

Воен научник  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го намалува времето за Истражувања во Воениот универзитет. Ниво 1: -1% време за истражување; Ниво 2: -2% време за истражување; Ниво 3: -4% време за истражување; Ниво 4: -6% време за истражување; Ниво 5: -10% време за истражување

Воен приход  

Се дава во дрво и железо, до 24 часа од крајот на војната, на оние играчи кои се дел од победничкиот сојуз и коишто учествувале во битките. Воениот приход е еднаков на 50% од уништените непријателски војски во златен еквивалент*, во текот на војната. Нема краен рок за земање на приходот од војната, се додека играчот е сѐ уште дел од истиот сојуз.

*Златниот еквивалент на нето економските поени добиени за регрутацијата на тие единици, а не златниот еквивалент на ресурсите, потрошени за нивното регрутирање.

Напомена! Не се пресметува воен приход за уништени тврдини и ограбено население.

Воен универзитет  

Симбол на знаење и просветлување, заедно со Универзитетот и Академијата на науките. Воениот универзитет е достапен само во престолнината и е градбата каде што се истражуваат сите Воени истражувања. Неговите нивоа го намалуваат времето потребно за истражување за 0.5 пати по ниво од основното време, а цената за 0.02 по ниво. Ниво 20 дозволува изградба на Академија на воените науки.

Воена администрација  

Истражување кое го зголемува бројот на воените станици кои што можете да ги основате на Глобалната мапа. Секое ниво дозволува основање на уште една воена станица.

Воена Архитектура  

Истражување кое влијаее на Тврдините. Го намалува потребното време за изградба на тврдини со 15% на ниво и го зголемува бројот на гарнизон со 10% од основниот.

Воена градба  

Заеднички израз за сите градби што влијаат на воениот развој на Империјата.

Воена доктрина  

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност да извршува неколку истовремени напади и да регрутира неколку групи за обука во истото време. Го зголемува бројот на напади испратени истовремено за 1 и бројот на групи за обука регрутирани истовремено за 3.

Воена единица  

Заеднички израз за сите единици, војници и машини коишто учествуваат во битка и можат да нанесуваат штети.

Воена логистика  

Истражување што го зголемува растојанието од Вашата империја до местото на коешто може да биде основана воена станица. 1-во ниво дава поле со радиус од 20 имеријални милји од Престолнината. Секое наредно ниво е поефикасно од претходното со 8% и му додава уште 5 империјални милји на радиусот.

Воена медицина  

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за опоравување на повеќе убиени единици после битката. Го зголемува процентот на опоравени единици после битка за 2% на ниво. Максимален процент на опоравување - 75%.

Воена подготовка  

Истражување кое ја зголемува почетната вредност на Моралот во одбрана и напад, со 1 поен морал на ниво.

Воена порака  

Порака која содржи извештај од битка. Сите извештаи од битка, во одбрана и напад, пристигнуваат во црвен плик и се чуваат во подменито Системски во мени Пораки, означени како Воени.

Воена станица  

Посед на Глобалната мапа што зазема 1 точка (1х1 ИМ) и може да биде основан секаде надвор од ексклузивните зони со исклучок на независните градови и терените со специјални ресурси. Негова основна функција е да ги заштитува трговските станици бидејќи тие немаат одбранбена војска. За да може да ја изполни оваа функција, воената станица треба да граничи со трговската станица. Така непријателот ќе мора прво да ја уништи воената станица и дури потоа ќе има можност да ја нападне трговската станица. Воените станици можат да се градат и до други поседи, но имаат одбранбен ефект само на трговските станици.

За повеќе информација околу воените станици, кликнете ]овде.

Воени коњи  

Истражување кое ја зголемува брзината кај сите коњанички единици со +3% за ниво и Јуришот со +2% за ниво.

Воени поени  

Ги претставуваат воените достигнувања и способноста за командување на играчот. Воените поени се добиваат само во битки против други активни играчи, како и во одбрана од варварски кампови. Убиена непријателска војска вредна 5000 златен еквивалент е еднаква на 1 воен поен. Уништувањето на различни нивоа на тврдина исто така дава одредено количество воени поени. И ограбеното население дава воени поени, но само во војна и се пресметуваат само во резултатот од војната. При напад на уништена тврдина и независен град, не се освојуваат воени поени.

За повеќе информација околу Воените поени, кликнете овде.

Воено истражување  

Заеднички израз за сите истражувања што влијаат на воениот развој на Империјата.

Воин на денот  

Секојдневна награда која се доделува за исклучителни воени успеси. Се разгледуваат битките на играч против други активни играчи со тоа што во предвид се земаат освоените воени поени, ограбено население, разлика во поените помеѓу страните учесници и големината на загубите. За да биде доделена оваа награда, потребно е во светот да биде спроведен одреден минимум од уникатни битки за денот - во спротивен случај таа нема да биде доделена. Играчот со најмногу награди Воин на денот за време на ерата ќе добие медал на крајот од ерата.

Вредност на сојузот  

Моменталната вредност на нето економските поени на сојузот, т.е. златниот еквивалент инвестиран во целата сојузна сопственост: истражувања, градби и војска /1000.

Врховен генерал  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го зголемува искуството на сите Генерали. Ниво 1: +2% искуство; Ниво 2: +4% искуство; Ниво 3: +6% искуство; Ниво 4: +10% искуство; Ниво 5: +15% искуство

Врховен гувернер  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го зголемува искуството на сите Гувернери. Ниво 1: +2% искуство; Ниво 2: +4% искуство; Ниво 3: +6% искуство; Ниво 4: +10% искуство; Ниво 5: +15% искуство

Данок од вазал  

Данокот во злато извлечен од вкупното население на вазалот. Златото од вазалите не се складира автоматски во ризницата, тоа треба да се подигне рачно.