Лазарет  

Градбата во која играч може да обнови изгубени единици во битка. Повеќе информација во врска со Лазаретот може да прочитате овде.

Лесен коњаник  

Воена единица.
Градба: Касарна за коњаница
Предуслови: Напад од блиску 1, Воени коњи 1, Воена доктрина 2

• Вид: Блиска борба, Коњаница
• Приоритетно распоредување: Крило (Предна линија)

Воени способности:

+ Јуриш: Оваа единица има предност во првата рунда од битката - Напад x 1.2
+ Блиска борба: Напад x 4 против Стрелци
+ Коњанички бој: Напад x 2 против Мечувалци
+ Маневри: Оваа единица има предност кога се бори на Крило - Напад x 1.3, Животни поени x 1.3

- Ранливи од Копјеносци: Против оваа единица, сите Копјеносци се борат со зголемен Напад
- Кратко оружје: Напад x 0.17 против Копјеносци
- Лесна трупа: Оваа единица трпки казни кога се бори во Центар - Напад x 0.8, Животни поени x 0.8
- Јавач: Оваа единица не може да напаѓа за време на Напад на тврдина
- Недостаток во тесни пространства: Оваа единица трпи казни за време на Запленување на тврдина - Напад x 0.5, Животни поени x 0.5

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Лесен копјеносец  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 1, [338]Военна доктрина] 2

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Копјеносец
• Приоритетно распоредување: Крило (Предна линија)

Воени способности:

+ Долго оружје: Напад x 2 против Лесна коњаница

- Ранливи од Стрелци: Против оваа единица, сите Стрелци се борат со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.5 против Мечувалци
- Лесна трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори во Центар - Напад x 0.8, Животни поени x 0.8

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Лесен мечувалец  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 1

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Мечувалец
• Приоритетно распоредување: Центар (Предна линија)

Воени способности:

+ Човечки бран: Напад х 2 против Тврдини
+ Напаѓачка трупа: Оваа единица е приоритетна во составот на Предната линија за време на Напад на тврдина
+ Блиска борба: Напад х 2 против Стрелци

- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со Напад x 2

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Лесен стрелец  

Воена единица.
Градба: Касарна за стрелци
Предуслови: Напад од далечина 1

• Вид: Далекострелна, Пешадија, Стрелец
• Приоритетно распоредување: Линија на стрелци

Воени способности:

+ Голем дострел: Оваа единица има 1 дополнителен Напад во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба
+ Поволна позиција: Кога е во Гарнизон, оваа единица се бори со предност за време на Напад на тврдина - Напад x 4
+ Прикриен оган: За време на Напад на тврдина, оваа единица стрела по заштитниците во гарнизон со Напад x 0.2
+ Дожд од стрели: Напад x 3 против Копјеносци

- Ранливи од Мечувалци: Против оваа единица, сите Мечувалци се борат со зголемен Напад
- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.33 против Мечувалци
- Противпешадиски: Напад x 0.25 против Опсадни машини
- Слаб дух: Оваа единица трпи казни кога е нападната од единица за Блиска борба - Напад х 0.33
- Тул: 18 стрели; кога муницијата ќе се потроши, оваа единица останува на својата позиција додека не биде нападната во блиска борба

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Лесна единица  

Најниската класа воени единици. Најлесно ги бранат и напаѓаат лесните класи нивоа на Тврдини - 1, 2, 3.
Лесни единици се: лесни стрелци, лесни копјеносци, лесни мечувалци, лесна коњаница и тарани.

Лиги  

Систем за рангирање, разделен на различни категории кои ги одразуваат различните аспекти на развојот на играчот. Повеќе информација може да прочитате овде.

Лидер  

1. Главен командант во Сојузот. Ги има сите права што постојат во еден Сојуз. Има специјален бонус +10 Морал, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу лидерските права и придобивки кликнете овде.

2. Заеднички израз за сите лидери во втор стадиум на лојалност.

Лидерско крило  

Сојузна структурна единица која се состои од Лидерот и Првиот Офицер. Членовите на лидерското крило имаат индивидуални специјални бонуси.

Лимит на напад  

Лимитите на напад го одредуваат максималниот број единици од одреден вид што можат истивремено да ја напаѓаат Тврдината за време на Напад на тврдина. Лимитите на напад зависат од нивото на нападнатата Тврдина и како такви можат да варираат.

Моменталните Лимити на напад се:

- Лимит на пешадиски напад
- Лимит на разурнувачки напад
- Лимит на артилерија

Лимит на население  

Максималниот број население што една провинција може да го има, зависи од нивоата на Куќи.

За повеќе информација околу лимитот на население кликнете овде.

Лимит на население што може да се достигне  

Лимитот на население се покажува во екранот на Фармите и го покажува максималниот број на население за којшто прирастот на население на час не е негативен.

Лимит на пешадиски напад  

Линија  

Војската распоредена во битка на поле е поделена во линии. Во Битка на поле трупите се распоредуваат во четири линии. Во Опсада на тврдина трупите заземаат три линии.

Линк за покана на пријател  

Линкот за покана на пријатели кои сакаат да играат заедно со Вас во истиот свет, се наоѓа во подмени Профил во мени Лични подесувања. За секои 10 нивоа достигнати од Вашиот пријател, ќе бидете наградувани со дијаманти или предмети чие количество ќе се зголемува. Ова важи само за новорегистрирани профили, т.е. ако Вашиот пријател веќе има профил во играта, Вие нема да добиете награда. Дозволено е да добиете до 50 награди од покани на пријател за еден месец.

Логистичар  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Ја намалува загубата на Задоволство во Колонија предизвикана од далечината до Престолнината. Ниво 1: - 4% загуба на Задоволство; Ниво 2: - 6% загуба на Задоволство; Ниво 3: - 10% загуба на Задоволство; Ниво 4: - 14% загуба на Задоволство; Ниво 5: - 20% загуба на Задоволство

Лозинка  

Клучот кон една Империја. Лозинката е приватна и не смее да се сподели со никој друг, без разлика колку му е доверлив и близок на сопственикот. Колку е посложена лозинката (најмалку 10 симболи, комбинација од мали и големи букви, броеви и специјални симболи), толку посигурен ќе биде Вашиот профил.

Локален ефект  

Ефект применет само на еден посед или една провинција.

Лотарија  

Играта на среќа во којашто на секој час најсреќниот играч добива исклучителна награда еднаква на неговото 100-часовно производство на ресурси во злато. Талоните се извлекуваат помеѓу играчите од сите светови. Имињата и световите од сите среќни добитници јавно се објавуваат во подмени Победници во мени Таверна.