Аватар  

Слика со која играчот се претставува во играта. Се наоѓа во профилот. Навредливите аватари можат да се пријават од други играчи (најмалку од тројца) и да се казнат од администрацијата. Играч, казнет заради навредлив аватар за прв пат, не може да постави нов аватар за 24 часа, казнет по втор пат - 168 часа и трет пат - цела година. За навредливи аватари се сметаат следните случаи - порнографија, голотија, фашизам, расизам, свастика и сите други слики кои може да повредат нечие достоинство.

Автоматско наследување  

Автоматски избор од страна на системот на тоа кој ќе биде наследник на Императорот после неговата смрт.

За повеќе информација околу автоматското наследување, кликнете овде.

Агресор  

1. Играчите кои во последните 12 часа за брзина x4/5 часа за брзина x10 Ве нападнале Вас или некој друг со кој сте склучиле династички мир, а кои не биле нападнати од Вас во последните 12 часа за брзина x4/5 часа за брзина x10. Првиот Ваш напад против нив нема да доведе до одземање на чест кај Вас. Имајте во предвид дека казната од 4 поени чест за напад Грабеж секогаш важи.

2. Сојузот одговорен за објавување војна.

Администратор  

Симболично присуство на администрацијата на Империја Онлајн која испраќa системска порака. Пораките од администратор содржат официјални известувања од името на тимот на Империја Онлајн кои се однесуваат на претстојни настани, новости или успешно купување дијаманти. Се добиваат во портокалови пликови и се се чуваат во подменито Системски во мени Пораки, означени како Администратор.


Напомена! Не ги мешајте вистинските администраторски пораки со случајни злонамерни пораки, испратени од обичен играч со име слично на администратор, админ, ИмперијаОнлајн итн., кои пристигнуваат во зелен плик во поштенското сандаче за Приватни пораки, со цел да извлечат лична информација како лозинка или да ги доведат до заблуда играчите, охрабрувајќи ги да испратат сомнителен смс за непостоечки дијаманти. Секогаш имајте на ум дека Империја Онлајн нема ниту да Ве прашува за лична информација ниту да води пропаганда за продажба на дијаманти преку приватна порака.

Академија на воените науки  

Симбол на знаење и просветување заедно со Воениот универзитет. Академијата на воените науки е достапна само во престолнината и нејзиното прво ниво може да биде изградено после 20-то ниво Воен универзитет. Го намалува времето за истражување со 2 пати по ниво од основното време, од коешто следува дека 1 ниво на Академија на воените науки има ефект на 4 нивоа Воен универзитет на времето за истражување. Истите Воени истражувања кои се порачуваат во градбата на Воениот универзитет можат да бидат порачани и во градбата на Академијата на воените науки, но со 50% поскапа цена, двојно пократко време за истражување и половина од нето економскте поени за возврат, во однос на потрошените ресурси. Нивото на Академија на воените науки на Офицерот-Научник не влијае врз сојузните истражувања.

Активни војни  

Сите војни кои моментално се водат во светот заедно со нивните привремени резултати. Иконата за активни војни се наоѓа во долното мени под мапата на селото.

Анимации на глобалната мапа  

Визуелизација на трупите кои патуваат на Глобалната мапа, независно дали се Ваши мисии или непријателски напади кои доаѓаат, ако претходно сте ги активирале анимациите на Глобалната мапа во мени Подесувања.

Анимации на селото  

Мали човечиња кои го прeтставуваат секојдневниот живот на населението во провинцијата - прошетки, работа и забава по мапата на селото. Анимациите можат се вклучат и исклучат од мени Подесувања.

Анкети  

Служат за собирање на општествено мислење од мулти-националните и мулти-културните заедници во Империја Онлајн во врска со механиката на игра, правилата и условите и други прашања, неповрзани со играта. Секој играч секогаш има право да не одговори на прашање. Иконата на анкетите се наоѓа во мени Општи подесувања.

Артилерија (вид воена единица)  

Артилериските единици се Далекострелни Опсадни машини. Според нивниот профил, тие можат приоритетно да ја напаѓаат или непријателската Тврдина или непријателските Воени единици. Артилериските единици секогаш се распоредени во артилериската линија.
За време на Напад на тврдина, Артилериските единици што можат истовремено да ја напаѓаат Тврдината се ограничени од Артилерискиот напаѓачки лимит. Овој лимит зависи од нивото на нападнатата Тврдина: колку повисоко е ова ниво, толку повеќе Опсадни машини можат да напаѓаат истовремено. Артилерискиот напаѓачки лимит се пополнува со единици во опаѓачки редослед во зависност од силата на нивниот напад.
Артилерискиот напаѓачки лимит за Тврдина ниво 1 е 4 артилериски единици и генерално се удвојува за секое наредно ниво.

Заеднички способности на единиците:

+ Голем дострел
+ Зона на штети

Единици од вид Артилерија се:

- Катапулт
- Балиста
- Требучет

Артилериска линија  

Бојна линија.
Артилериската линија е приоритетното распоредување на сите опсадни машини од артилеријата. Секогаш е најзадната бојна линија и единиците од неа имаат од 2 до 3 претјодни напади пред почетокот на блиската борба.

Артилериската линија секогаш ги обединува артилериските единици како на напаѓачот, така на заштитникот и нема дивизии.

За време на опсада на тврдина, тараните на заштитникот се распоредуваат во артилериската линија и остануваат пасивни. За време на битка на поле и Битка со гарнизон, тараните и на двете страни се распоредуваат во артилериската линија и исто оставаат пасивни.

Артилериски напаѓачки лимит  

Артилерискиот напаѓачки лимит го одредува максималниот број артилериски опсадни машини на артилериската линија, кои можат да ја напаѓаат тврдината истовремено за време на опсада на тврдина.

Артилерискиот напаѓачки лимит дава приоритет на опсадните машини во артилериската линија на напаѓачот по опаѓачки ред по сила на нападот.

За лични тврдини, Артилерискиот напаѓачки лимит е фиксиран и зависи од нивото на нападнатата тврдина, како што следува:

Тврдина ниво 1: 4 лимит
Тврдина ниво 2: 8 лимит
Тврдина ниво 3: 15 лимит
Тврдина ниво 4: 30 лимит
Тврдина ниво 5: 60 лимит
Тврдина ниво 6: 125 лимит
Тврдина ниво 7: 250 лимит
Тврдина ниво 8: 500 лимит
Тврдина ниво 9: 1 000 лимит
Тврдина ниво 10: 2 000 лимит

За сојузни тврдини, Артилерискиот напаѓачки лимит е фиксиран и зависи од нивото на нападнатата тврдина, како што следува:

Тврдина ниво 1: 80 лимит
Тврдина ниво 2: 160 лимит
Тврдина ниво 3: 300 лимит
Тврдина ниво 4: 600 лимит
Тврдина ниво 5: 1 200 лимит
Тврдина ниво 6: 2 500 лимит
Тврдина ниво 7: 5 000 лимит
Тврдина ниво 8: 10 000 лимит
Тврдина ниво 9: 20 000 лимит
Тврдина ниво 10: 40 000 лимит
Тврдина ниво 11: 80 000 лимит

Архива за новости  

Второто подмени во менито Новости. Таму се собираат и систематизираат сите објавени новости, објавени од почетокот на соодветниот свет.

Архитект  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува капацитетот на Куќите. Ниво 1: 4% капацитет; Ниво 2: 6% капацитет; Ниво 3: 10% капацитет; Ниво 4: 14% капацитет; Ниво 5: 20% капацитет

Архитектура  

Истражување кое влијае на времето и цената на изградба на градбите. Го намалува времето за 0.30 пати од основното време, а цената за 0.02 пати. Ниво 25 дозволува изградба на 16-те светски чуда.