Академија на науките  

Симбол на знаење и просветување заедно со Универзитетот. Академијата на науките е достапна само во престолнината и нејзиното прво ниво може да биде изградено после 20-то ниво Универзитет. Го намалува времето за истражување со 2 пати по ниво од основното време, од коешто следува дека 1 ниво на Академија на науките има ефект на 4 нивоа Универзитет на времето за истражување. Истите истражувања кои се порачуваат во градбата за Универзитетот можат да бидат порачани и во градбата на Академијата на науките, но со 50% поскапа цена, двојно пократко време за истражување и половина од нето економскте поени за возврат, во однос на потрошените ресурси. Нивото на Академија на науките на Офицерот-Научник не влијае врз сојузните истражувања.

Надворешен ѕид  

Воена градба.
Вид: Локална, Додаток, Одбранбена структура
Предуслови: Утврдување 1, Воена архитектура 3, Тврдина 4
Максимално ниво: 1

Кога тврдината се надоградува, Надворешниот ѕид се губи. 50% од ресурсите потрошени за Надворешен ѕид се одземаат од цената на следното ниво Тврдина.

За повеќе информација околу надворешниот ѕид, кликнете овде.

Надоградување единици  

Унапредување на ниските класи единици во повискоки класи единици од истот вид, ако ги имате потребните нивоа истражувања. Може да надоградите лесни и/или тешки единици во елитни единици од истот вид преку четвртото подмени на секоја касарна. За ова не Ви е потребно население. Цената на надоградбата е разликата помеѓу вкупната цена на повисоката класа единици и вкупната цена на пониските класи единици. Времето за обука е од повискоата класа единици. Опсадните машини и шпионите не можат да бидат надоградени. Ако поседувате доволно ресурси, може да ги надоградите сите Ваши преостанати слободни групи за обука одеднаш, но не заборавајте дека ќе се наредат во ред за чекање.

Намалување за 10 минути  

Копчето Намалување за 10 минути Ви дава возможност да го намалите времето за изградба/истражување на моменталната градба/истражување кое е во тек, за 10 минути на секој час.

Напаѓач  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува Моралот на војската во напад. Ниво 1: +2 морал; Ниво 2: +4 морал; Ниво 3: +6 морал; Ниво 4: +8 морал; Ниво 5: +12 морал

Напаѓачка линија  

Борбена линија.
Напаѓачката линија се формира само за време на Напад на тврдина. Се состои од Тарани и пешадиски единици за блиска борба кои се обидуваат да ги срушат ѕидовите на Тврдината, додека се стрелани од Стрелците во гарнизон и Кулите.

Пешадиските единици за блиска борба што можат истовремено да напаѓаат во Напаѓачката линија се под влијание на Лимитот на пешадиски напад: граница 3 пати поголема од основниот гарнизон на нападнатата Тврдина. Пешадиските единици за блиска борба што ја надминуваат оваа граница се распоредуваат во Предната линија, каде што чекаат да ги заменат загубите во Напаѓачката линија.

Мечувалците секогаш имаат предност пред Копјеносците во составот на Напаѓачката линија; единиците од истиот вид имаат предност во опаѓачки редослед по силата на нападот. Коњаницата никогаш не се вклучува во напаѓачката линија.

Тараните што можат истовремено да нападнат во Напаѓачката линија се под влијание на Лимитот на разурнувачки напад: граница 3 пати поголема од основниот гарнизон на нападнатата Тврдина поделена со Оперативната посада на напаѓачките Опсадни машини. Тараните над лимитот се распоредени во Предната линија, каде што чекаат да ги заменат загубите во Напаѓачката група.

Трупите во Напаѓачката линија трпат казна на Животните поени според нивото на непријателскиот Ров.

Единиците од Напаѓачката и од Предната линија имаат ист Морал; ако Напаѓачката линија избега, ќе избега и целата Предна линија. Ако непријателската Тврдина е уништена, почнува Запленувањето на тврдината: целата преостаната пешадија од Напаѓачката линија ѝ се приклучува на Предната линија, а преостанатите Тарани се враќаат во Артилериската линија.

Напад  

1. Воената интеракција помеѓу два играчи, помеѓу две сојузни војски или помеѓу играч и неговите сопствени независни градови. Нападот порачан од еден играч и насочен кон друг подразбира водење на три вида битки: Опсада на тврдина, Битка на поле и Грабеж и е видлив за бранителот веднаш откако ќе биде порачан, во случај кога трае помалку од 60 минути и 60 минути пред судирот, во случај времето на мисијата да е повеќе од час. Нападот порачан од лидерот на сојуз насочен кон друга сојузна војска подразбира спроведување или Опсада на тврдина или Битка на поле и е видлив за сојузот во одбрана веднаш штом ќе биде порачан, но само ако играчот се наоѓа во сојузниот посед којшто е под напад. Нападот порачан од играч и насочен кон негов независен град се дели на три вида во зависност од крајната цел на нападот: напад за припојување, за претворање во вазал и опсада на тврдина за запленување на ресурси.

Напомена! Напаѓачот не може да ја повлече војската ако останале помалку од 5 секунди до судирот.

2. Параметар на единиците којшто ја определува силата на штетата нанесена од единицата. Нападот на одреден вид единица се зголемува во согласност со класата - лесни, тешки и елитни и се појачува со Напад од далечина, Напад од блиску и Премиум. Единиците со највисоки вредности на напад, независно од класата, се сите опсадни машини.

Напад за претворање во вазал  

Испраќа трупи да се борат во Опсада на тврдина против ѕидовите на Тврдината и гарнизонот на независниот град со цел неговото население да стане редовен плаќач на данок на Империјата.

Напомена! За да направите победнички состав на војската, проверете ја војската во вазалите пред да ги испратите Вашите трупи.

Напад за припојување  

Опција достапна преку клик на соодветниот независен град преку Глобалната мапа, само ако има слободно ниво Централизација. Ги испраќа трупите да се борат во Опсада на тврдина, битка против ѕидовите на Тврдината и гарнизонот на независниот град, со цел освојување на провинцијата и стекнување на сите права над неа.

Напомена! За да направите победнички состав на војската, шпионирајте го независниот град, пренесете ги податоците во Симулаторот за битка во Тврдината и правете различни симулации додека на добиете победоносен резултат со возможно најмалку загуби.

Напад од блиску  

1. Истражување кое го надоградува параметарот на напад со + 5% на ниво кај сите единици за блиска борба. Максималното ниво кое се зема во предвид е 50 (вкупна сума на индивидуалните и сојузните нивоа).

2. Борба лице во лице.

Напад од далечина  

Истражување кое го надоградува параметарот на напад со + 5% кај Далекострелните единици (освен кај опсадните машини). Максималното ниво кое се зема во предвид е 50 (вкупно од индивидуалните и сојузните нивоа).

Напад што заклучува  

Напад што заклучува е оној во којшто бранителот не може да ги користи премиум опциите (моментален транспорт, моментално истражување, моментална изградба итн.) Ако златниот еквивалент на напаѓачката војска е најмалку 5% од златниот еквивалент на нето вредноста на бранителот, бранителот не може да транспортира ресурси и моментално да ја преместува војската. Ако златниот еквивалент на напаѓачката војска е најмалку 10% од златниот еквивалент на нето вредноста на бранителот, бранителот не може да користи премиум опции и да порачува повеќе од 1 истражување/градба одеднаш. Заклучувањето се извршува само во последните 30 минути пред ударот, во кои е видлив нападот. Кај сојузните напади, златниот еквивалент на напаѓачката војска треба да биде најмалку 1% од златниот еквивалент на вредноста на сојузот бранител (вредноста на сојузот, помножена по 1000), а бројот единици кој го испраќа напаѓачот треба да е минимум 50 000.
*Нападите што заклучуваат, испратени по главната империја (престолнина и припоени провинции) ги заклучуваат премиум опциите во сите поседи. Нападите што заклучуваат, испратени по оддалечени поседи (колонија, трговска или воена станица), не ги заклучуваат премиум опциите во главната империја, како и премиум опциите во другите оддалечени поседи од различен вид. На пример, напад што заклучува, испратен кон колонија, ќе ги заклучи премиум опциите во сите колонии, но нема да ги заклучи и премиум опциите во главната империја, трговските и воените станици.
За време на глобален настан, во случај на напад што заклучува по кој и да е посед, нема опции за скратување со диаманти, како и за намалување на времето со предмети, за мисиите испратени по глобалниот настан.

Напуштена империја  

Империја која му припаѓа на неактивен играч којшто не се пријавил во неговиот профил повеќе од 60 часа. Напуштените империи се делат на два вида: напуштени империи кои сѐ уште произведуваат ресурси - означени со ковчег полн со злато и неактивни - означени со празен ковчег. Сите напуштени империи кои сѐ уште произведуваат ќе се претворат во неактивни кога ќе поминат 60 часа од почетокот на нивната неактивност. Неактивните напуштени прекинуваат да произведуваат ресурси.
Времето за патување до напуштена империја не може да биде помалку од 0.66666666666667 минути.
Нема ограничувања во опсегот во нето економски поени за напади по напуштени империи. Сепак, не се добиваат воени поени и/или чест под никакви околности.
Ако Вашиот профил стане напуштена империја, не мислете дека е бесмислено да се вратите покасно. Секој играч којшто се вратил во својата Империја после отсуство од најмалку две седмици ги добива следните великодушни подароци за добредојде, па може лесно да продолжи од каде што запрел:
- сите уништени тврдини се автоматски поправени;
- сите моментални вредности на задоволство се поставени на максимум;
- Империјата е под заштита Добредојдовте назад, коешто значи дека не можете да бидете нападнати, ниту да испраќате напади кон други играчи за 48 часа;
- имате уникатно право, бесплатно да го земете 48-часовното производство на Вашата Империја.

Наредник  

Воен чин доделен на играч со 750-1 499 воени поени.

Нарушување на династички мир  

Шпионирање или напаѓање на играчи со кои сте склучиле династички мир водат до негов прекин и придобивање на особината Нечесен на Императорот. Се казнува и играчот што го нарушил династичкиот мир со -10 поени чест.

За повеќе информација околу нарушување на династички мир, кликнете овде.

Население  

Работната и вооружената сила на Империја Онлајн.

За повеќе информација околу населението, кликнете овде.

Наследник  

1. Секој Император има наследник, автоматски мазначен од системот. На почеток од играта, наследникот е првото родено дете од императорската двојка. Играчите можат да го променат наследникод во секое време.

За повеќе информација околу наследувањето, кликнете овде.

2. Талент поседуван единствено од наследникот на Императорот. Доделува бонус од +5 морал во секој битка и +5 поени дневно задоволство во провинцијата каде што е гувернер.

Невоени единици  

Заеднички израз за сите единици кои се регрутирани во касарните, имаат цена за регрутирање, време за обука, издржување на час и брзина и може да бидат уништени од непријателот, но технички не учествуваат во нанесувањето штети во битката како што нанесуват воените единици. Невоени единици се единиците за разузнавање и транспортните единици.

Невработено население  

Населението кое не е вработено во рудниците и последователно, ниту произведува ресурси, ниту плаќа данок.

Негативен баланс на злато  

Кога трошоците се повеќе од приходот и складираното злато се намалува наместо да се зголемува. Негативен биланс може да се појави во случај на издржување на огромна војска и/или плаќање кредит. Ако не сте се најавиле во профилот повеќе од 24 часа и златото Ви е негативно, тоа автоматски ќе стане нула. Меѓутоа, ако сте активирале мод Одмор, златото ќе остане негативно.

Независен град  

Независни поседи во ексклузивната зона на играчот на Глобалната мапа кои можат да бидат освоени на два начини: претворани во вазали или припоени. Додека се независни, можат да се запленуваат за ресурси неограничен број пати.
Постојат десет нивоа на независни градови според нивниот развој и војската во одбрана, првите четири се во рамките на ексклузивната зона.

За повеќе информација околу независните градови, кликнете [global_map#globalmap_2]овде],овде и овде.

Независен Замок  

Замок кој не е контролиран од ниту еден сојуз. Независниот замок има тврдина 8, стрелци во гарнизон и војска на поле, видлива во балонче, како и воени истражувања кои одговараат на единиците распоредени во замокот. Нивото на тврдина не паѓа за еден после секој успешен напад, тоа останува 8. Замокот е освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 воени единици. Тврдината во скоро освоениот замок мора да започне да се гради од ниво 1.

За повеќе информација околу независните замоци и нивното освојување, кликнете овде.

Немир  

Состојба во припоена провинција и колонија, предизвикана од незадоволство на населението поради ниска локална вредност на Задоволството. Кога Задоволството ќе падне под 50, постои шанса, којашто прогресивно се зголемува за 2% со секој поен Задоволство (пр. на 49 задоволство со 2%, на 48 задоволство со 4% итн.), за немири, што доведува до прекин на извлекувањето на данок се додека Задоволството повторно не биде зголемено.

Непријателство  

Овој однос дозволува објавување на војна без никакви последици по Честа. Непријателството се активира веднаш после објавувањето.

Нето економски поени  

Ја претставуваат моменталната сила на играчот. Се заработуваат преку изградба на градби, истражувања и регрутација на војници и се пресметуваат според количеството и видот на потрошени ресурси:
- 1 нето економски поен = 1000 злато / 1000 дрво / 1000 железо / 1000 камен.
- 1 нето економски поен = 500 злато / 500 дрво / 500 железо / 500 камен потрошени за регрутација на војска.

Неуништлива колонија  

Колонија што не може да биде уништена од непријателски напади. За да ја направите својата колонија неуништлива, потребно е тврдината во неа да ја надоградите до ниво 8 и да го заштитите поседот од уништување за период од 1.4 дена.
Кога еднаш ќе стане неуништлива, колонијата ќе ги има истите функции како припоените провинции. Нејзината тврдина нема да паѓа со едно ниво после успешна непријателска опсада и ќе може да биде поправена преку плаќање на неопходната сума ресурси наместо повторно да се гради нивото.

Напомена: Неуништливите колонии сѐ уште можат да бидат уништени од сопственикот.

Неутрална зона  

Зона каде што се преклопуваат два опсега на влијание на два сојузни замоци со еднакви нивоа Голем храм. Вкупниот радиус од неутралната зона е поделен на два еднакви делови и додаден на опсегот на секој од двата сојуза, а сите Империи распоредени во соодветната зона ги губат нивните дневни бонуси приложени на производството, моралот и задоволството.

Неутралност  

Стандардниот однос помеѓу секој сојуз или односот којшто го добива еден сојуз после укинување на спогодба или добивање на потврда на сопствен предлог за преминување од непријателски кон позитивни односи.

За повеќе информација околу неутралноста, кликнете овде.

Нечесен  

Специјална особина што ја добива Императорот после нарушување на династичкиот мир и со којашто следува казна од -5 морал во секоја битка. Императорот може да биде прогласен за Нечесен повеќе од еднаш и во вакви случаи ефектот се собира. Особината не се наследува кога на престолот ќе се качи нов император.

Ниво искуство  

Искуството што го добиваат гувернерите и генералите на своите позиции е поделено на нивоа. Има 20 нивоа за сите гувернери (за Императорот се достапни и 10 дополнителни). Нивоата искуство на генералите го следат истиот модел.

Потребните поени искуство за сите нивоа може да се разгледаат овде.

Нивоа на глобалните профили  

Овие нивоа се однесуваат на сите светови каде што игра играчот со истото корисничко име. Тие никогаш нема да исчезнат и никогаш нема да се намалат. Искуство за профилот се освојува по неколку начини:
- зголемување на нето економски поени;
- зголемување на воени поени;
- уништување на противнички шпиони.
За секое новородено благородничко бебе ќе се дава 20% бонус на искуството за профилот во тек на 6 часа во соодветниот свет.
После достигнување на одредено ниво на профилот, ќе се добиваат различни бонуси и награди во играта.

Ниска даночна стапка  

Третото даночно ниво. 300 злато од 100 работници на час. Одзема 15 Задоволство за 24 часа.

Новости  

Моменталните промени, иновации, известувања или извештаи со кои тимот на Империја Онлајн информира сите играчи. Кога има непрочитани новости, светнува иконата за новости на левата страна од менито Профили. Секоја новост може да се означи како прочитана и светлото што сигнализира ќе се изгасне.