Баланс на злато  

Разликата помеѓу трошоците и приходите. Билансот на злато може да биде позитивен или негативен.

Балансирана формација  

Стандардната формација, сите играчи без ниво Тактики ја користат единствено неа.
Предна линија - 15% од војската во Предната линија е на секое Крило, 60% е во Центар и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци – 20% од Стрелците се на секое Крило и 60% во Центарот.

Балист  

Воена единица.
Градба: Опсадни машини
Предуслови: Воена подготовка 8, Опсадни подобрувања 10, Централизација 6

• Вид: Далекострелна, Опсадна машина, Артилерија
• Приоритетно распоредување: Артилериска линија

Воени способности:

+ Голем дострел: Оваа единица има 2 дополнителни Напади во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба

• Противопсадна: Оваа единица приоритетно ги напаѓа Опсадните машини; Напад х 0.5 против Тврдини, Пешадија и Коњаница
• Зона на штети: Во Битка на поле и Напад на тврдина, ако нема преостанати Опсадни машини, нападот на оваа единица пропорционално се распределува помеѓу сите непријателски линии, Крила и Центри (Резервата не е засегната)
• Оперативна посада: Потребно е 25 невработено население за регрутација; зазема 25 места во гарнизон.

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Банка  

Економска градба.
Вид: Престолнина
Предуслови: Кредитирање 1, Депозирање 1
Максимално ниво: 30

Го одредува количеството злато кои играчот може да го земе назаем и/или да го депозира.

• 30 нивоа;
• Секое ниво го зголемува количеството злато кое играчот може да го депозира или да го земе како кредит.

Банкар  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Ја зголемува каматата од банкарски Депозити. Ниво 1: +1% камата; Ниво 2: +2% камата; Ниво 3: +4% камата; Ниво 4: +6% камата; Ниво 5: +10% камата

Банкарски депозит  

Опција која Ви дозволува да чувате дел од Вашето злато во банката на одредено време со цел да добиете камата за него. Сумата на каматата на депозитот се исплаќа кога ќе заврши неговиот рок. Ако го повлечете вложеното злато порано, ќе ја загубите каматата.

Напомена: Ако го вложите златото како депозит не значи и дека ќе го заштитите од непријателски напади. Тоа сѐ уште може да биде запленето.

За повеќе информација околу депозитите, кликнете овде.

Бегалец  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Ја намалува шансата Генералот да биде убиен ако ја изгубите битката. Ниво 1: -5% шанса; Ниво 2: -10% шанса; Ниво 3: -20% шанса; Ниво 4: -30% шанса; Ниво 5: -50% шанса

Бегство  

Бегство од бојното поле поради ниска вредност на Моралот. Шансата за бегство прогресивно се зголемува за 2% со секој поен Морал под 50. Гарнизонот не може да побегне бидејќи тој нема Морал. Бегството подразбира неповратна загуба на битката и предизвикува загуби на воените единици - дополнителни 20% од преостанатите трупи. Преостанатиот дел од војската се враќа во провинцијата од каде што била испратена мисијата.

Бедем  

Одбранбена градба, достапна само во воените станици. Секое ниво ги зголемува животните поени на војската на поле распоредена во поседот.

Без данок  

Првото даночно ниво. Не се заработува злато. + 5 Задоволство за 24 часа.

Бездомно население  

Бездомно е населението кое се собира кога е достигнат лимитот на население дозволен од моменталното ниво на Куќи. Прирастот на население кај бездомното население е два пати понизок. Тоа може да биде регрутирано за војска, но не може да биде вработено во рудниците, што значи дека и не произведува ресурси. За да се искористи, потребно е да се изградат доволно нивоа Куќи.

Биланс на задоволство  

Вкупната сума на сите локални или глобални дневни модификатори на задоволство за моменталните 24 часа помеѓу две миграции. Билансот на задоволство статистички одредува дали Задоволството ќе се зголемува или намалува секоја минута. Се пресметува за период од 24 часа, т.е. ако билансот на Задоволство е +24/24ч, ќе се додава по 1 поен Задоволство во неговата моменталната вредност секој час. Билансот на задоволство е прикажан во зелено на левата страна од прозорецот Задоволство.

Бирократ  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Ја зголемува Ефикасноста на провинцијата (до 100%). Ниво 1: +4% ефикасност; Ниво 2: +6% ефикасност; Ниво 3: +10% ефикасност; Ниво 4: +14% ефикасност; Ниво 5: +20% ефикасност

Бирократија  

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за зголемување на ефикасноста на припоените провинции. Секое ниво доделува +5. Ефикасноста не може да надмине 100%. Без ефектот од Бирократија, секоја наредно припоена провинција е 10% помалку ефикасна во споредба со претходната (без да се зема во предвид Модификаторот за Бирократија на кругот на провинцијата), 11-тата припоена провинција има ефикасност 0% и секоја друга преминува во соодветниот минус.

Битка  

Судир на трупи на две вооружени сили, спроведен после извршена команда за напад. Видовите на битка во Големите луѓе се три, според механиката на битката, трупите кои учествуваат и профитот за напаѓачот: Опсада на тврдина, Битка на поле и Грабеж.

Битка на поле  

Овој напад ги испраќа трупите да се борат само со противничката војска на поле, без Опсада на тврдината или Ограбување на цивилното население. Битката на поле ниту запленува ресурси, ниту убива селани. Единствената добивка за напаѓачот се воените поени добиени од уништените непријателски единици и чест, во случај да изгубил најмалку 10% од вкупниот златен еквивалент на своите трупи.

За повеќе информација околу Битка на поле, кликнете овде и овде.

Битка со гарнизон  

Дел од битка во Опсада на тврдина под којашто се подразбира дека ѕидовите се веќе уништени и напаѓачките трупи се исправаат против заштитниците во гарнизон (ако постојат или се останати), следејќи ги правилата и механиката на обична Битка на поле. Трупите започнуваат со вредност на Моралот со којашто излегле од фазата на рушење на ѕидовите, моралот никогаш не се ресетира за битката со гарнизонот. Опсадата на тврдина се смета за завршена само кога ќе заврши и битката со гарнизонот.

Благородници  

Сите луѓе кои се членови на Императорскиот двор. Тие се граѓани кои покажале исклучителна храброст во битка или се прославиле во општеството со нивните извонредни лични квалитети. Играчите можат да ги омажат/оженат своите Благородници со членови на Императорската фамилија, но не можат да ги испратат во туѓа империја за да потпишат династички мир.

За повеќе информација околу благородниците, кликнете овде.

Блиска борба (вид воена единица)  

Воените единици од вид Блиска борба треба да се во непосредна близина на противникот за да извршат Напад. Кога ќе се сретнат на бојното поле, единиците за Блиска борба истовремено започнуваат да разменуваат удари. Во битка, единиците за Блиска борба се борат во Предна линја, Крила или Центар, во зависност од своето Приоритетно распоредување

Единици за Блиска борба се:

- Лесен копјеносец
- Тежок копјеносец
- Фаланга
- Лесен мечувалец
- Тежок мечувалец
- Гардист
- Лесен коњаник
- Тежок коњаник
- Паладин
- Таран

Блокиран играч  

Играч под привремена истрага од администрацијата или корисник кој ги изгубил сите права над соодветниот профил за неограничено време, заради користење баг или нарушување на правилата. Блокираниот играч има икона со катанец и не може да биде напаѓан од други играчи.

Бојна линија  

За време на битка сите војски се распоредени во една од неколку возможни бојни линии, според нивното приоритетно распоредување. бојните линии онично се одредуваат од способностите на единиците и влијаат на нивниот приоритет како цел на непријателските единици.

За време на битка на поле, предната линија и линијата на стрелците се разделени на дивизии: центар и две крила.

Во сите останати случаи, бојната линија е со автономен состав од војски; независно од нивниот вид, сите бојни единици во дивизијата се борат заедно и се сметаат за една цел во однос на непријателските напади.

Различните бојни линии се:
- Предна линија
- Напаѓачка линија
- Линија на стрелците
- Артилериска линија

Брак  

Поврзување на двајца Големи луѓе така што тие можат да остават потомство и да ги пренесат своите особини за да се продолжи крвната линија. Член на Императорската фамилија може да склучи брак со некој од Благородниците од Императорскиот двор или Голем човек од друг играч испратен со предлог за брак. Благородниците можат да стапат во брак единствено со членови од Императорската фамилија и не можат да се испраќаат во други империи со предлог за династички брак. Неженетите членови од делот "Други роднини" можат да се испраќаат единствено во туѓи империи освен ако повторно не се појават во семејното стебло откако бил назначен нов Император на престолот.
Големите луѓе можат да стапат во брак само еднаш и да останат во брак до крајот на животот. Не е возможно да се прекине бракот. Кога некој од сопрузите почине, тие стануваат вдовци/вдовици и не можат одново да стапат во брак.

Бранител  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува [Моралот на војската во одбрана. Ниво 1: +2 морал; Ниво 2: +4 морал; Ниво 3: +6 морал; Ниво 4: +8 морал; Ниво 5: +12 морал

Брзина  

Параметар на единиците што ја одредува брзината со којашто се движат единиците по Глобалната мапа. Сите единици имаат одредена брзина која се мери во Империјални милји (ИМ) на час. Кога е на мисија, брзината на целата војска е колку брзината на најбавните испратени единици. Времето за патување се скратува со Картографија.

Бригаден генерал  

Воен чин доделен на играч со 150 000-224 999 воени поени.

Бунт  

Состојба во [247]припоена провинција] и колонија, предизвикана од незадоволство на населението поради ниска локална вредност на Задоволството. Кога Задоволството ќе падне под 20, постои шанса, којашто прогресивно се зголемува за 2% со секој поен Задоволство (пр. на 19 задоволство со 2%, на 18 задоволство со 4% итн.), за бунт, што доведува до прекин на производство, изградба и регрутација на војска се додека Задоволството повторно не биде зголемено.